ВМРО-ДПМНЕ:Заев полека но сигурно останува сам, го напуштаат и коалициски партнери и членството

СДСМ со Заев стана приватна компанија во која султанот Заев што ќе одлучи партиските органи само верификуваат. 

Тоа го говори членството на СДСМ и нивните партнери. Затоа сме сведоци на самостоен настап на коалиционите партнери БЕСА, на ЛДП, ДОМ, Бошњачки Демократски Сојуз, но и самостојните кандидатури на Максим Димитриевски во Куманово и Зоран Ногачевски во Дебарца.

СДСМ со Заев стана извор на проблеми и расколи заради неговиот недемократски капацитет и катастрофалните политики. Коалицијата на СДСМ пропаѓа, затоа што во Заев и СДСМ веќе никој не гледа иднина. Заев полека но сигурно останува сам и затоа кандидира лица кои се дебело поврзани со криминогените структури на чие чело е лично тој. Затоа во Куманово го кандидира роднината на Оливер Спасовски, а во Битола го кандидира бизнис партнерот на Вице Заев.

Заев како што ќе наближува изборниот пораз ќе станува се поочаен и понервозен, но тоа ќе бидат неговите последни чекори. Само пораз на Заев ќе значи подобро за Македонија, вклучително и за членовите на СДСМ.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Едно лице убиено, 10 ранети во напад со огнено оружје и нож во Израел

 Израелската служба за итна помош денеска соопшти дека едно лице е убиено, а десет се ранети во напад со огнено оружје и нож во градот Бершева на југот на Израел.

Нападот на централната автобуска станица во овој град се случи пред годишнината од нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година врз Израел, што предизвика војна во Газа, во која досега загинаа над 40 илјади луѓе.

Земјата е во зголемена готовност додека се подготвуваат комеморациите.

Израелската полиција не го идентификуваше напаѓачот, но изјави дека нападот се смета за терористички.

Од почетокот на војната, Палестинците во Израел извршија повеќе напади со огнено оружје, нож и возила.

Пред неколку дена, седум лица беа убиени во вооружен напад во Тел Авив, кога еден Палестинец отвори оган врз група луѓе, исто така на автобуска станица. Напаѓачот беше убиен од припадници на безбедносните сили. /МИА

Харис: САД ќе продолжат со дипломатски притисок за прекин на огнот во Појасот Газа

Харис го повтори ставот дека Вашингтон го поддржува правото на Израел за самоодбрана од Иран и милитантните групи како Хамас и Хезболах, кои се поддржани од Техеран.

Потпретседателката на САД и демократски претседателски кандидат Камала Харис изјави дека Вашингтон ќе продолжи да врши притисок врз Израел и другите засегнати страни во конфликтот на Блискиот Исток за да постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Во интервју за Си-Би-Ес, Харис не одговори директно на прашањето дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е „вистински сојузник“ на САД, туку рече дека „поважно е прашањето дали постои силен сојуз меѓу американскиот и израелскиот народ“, потврдувајќи дека постои таков сојуз.

Харис го повтори ставот дека Вашингтон го поддржува правото на Израел за самоодбрана од Иран и милитантните групи како Хамас и Хезболах, кои се поддржани од Техеран.

Критичарите тврдат дека САД не извршиле доволен притисок врз Тел Авив и дека не вовеле ембарго за извоз на оружје на Израел. /МИА

Две дебарски каратистки дел од македонската репрезентација на Светското првенство во Венеција

Две дебарски каратистки, како дел од македонската репрезентација, денеска отпатуваа за Венеција каде ќе се одржи Светското првенство.

- Тоа се каратистките Ера Коџа и Блина Горенца кои учество на Светското првенство обезбедија по освоените први места на плејоф натпреварите, што се одржаа во Кичево, на почетокот на минатиот месец. Посакувам успех за сите членови на државната репрезентација, рече за МИА, Дурим Пачуку, тренер на КК „Дибра" воедно и на македонската карате репрезентација.

Додаде дека Светското првенство во карате ќе се одржи од 9 до 13 овој месец во Венеција, Италија.

Исто така, тренерот Пачуку ќе се обиде да добие лиценца од светски рамки за акредитиран тренер.

- Ден пред заминувањето не посети градоначалникот Хекуран Дука. Ни посака среќен пат и успех на првенството. Рече дека гордост за Дебар е и самото учество на ова значајно натпреварување. Му благодариме за сестраната подршка, посочи Пачуку. /МИА

притисни ентер