ВМРО-ДПМНЕ:Заев не може да обезбеди иднина во СДСМ, а не пак на сите граѓани

Заев не може да обезбеди иднина во СДСМ, а не пак на сите граѓани, неговото во политиката завршува како што и почна со предавство и понижувања донесени на целиот народ.

Потребата да пишува дека е Македонец кај Заев се јавува зошто продава се друго. Попусто се пишува Македонец ако тоа не е признаено од соседите и ако продава јазик, историја, идентитет.

Четири години Заев е власт и четири години немаме мрднато на полето на евроинтеграциите. Четири години е власт и Заев нема идентитетско обележје кое не го има донесе под прашање.

Сега оваа битка на Заев е да ја сочува фотелјата во СДСМ. Внатрешните проблеми сака да ги прикаже како проблеми на државата. Изворот на сите проблеми е Зоран Заев. Премиерот во заминување Заев и неговата квислиншка влада мора да паднат за да Македонија почне да победува.

Нема друг премиер во светот кој молчи на навредите од официјални лица од други земји како што тоа го прави Зоран Заев. А, молчи зошто квинслингот Заев има путер на главата. Затоа што игра нечесно и се коцка со светите работи на народот. Доста е, Заев мора да си оди за да дојде слобода за народот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Седница на Уставниот суд

Три иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права се на дневен ред на 10. седница на Уставниот суд

Три иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права се на дневен ред на 10. седница на Уставниот суд, закажана за денеска со почеток од 9:30 часот.

Во продолжение дневниот ред:

1. Реферат У.бр.100/2022

Оспорени одредби: Член 35 став 1 во деловите „во рок од десет години” и „шест години” и став 2 од Законот за експропријација.

Подносител на иницијативата: Славко Лазоски

Содржина на оспорени одредби:

Член 35

(1) По барање на поранешниот сопственик ќе се поништи правосилното решение за експропријација во целост или делумно, ако во рок од десет години не е реализирана целта заради која е извршена експропријација за градење објекти, односно изведување на работи од значење за Република Северна Македонија, односно шест години за градење на објекти или изведување на работи од локално значење.

(2) Барањето за поништување на решението за експропријација може да се поднесе по истекот на роковите од ставот 1 на овој член, но најдоцна до 15 години од денот на правосилноста на решението за експропријација.

Од наводите во иницијативата:

Противуставноста на оспорените законски содржини подносителот ја објаснува со наводи дека во ситуација кога актот за планирање на просторот со кој е воспоставен јавниот интерес престанал да важи, а престанала и оправданоста за одземањето и ограничувањето на сопственоста и на правата коишто произлегуваат од неа. Согласно овие наводи тој смета дека и решението за експропријација е ставено вон сила, па во тој случај не треба да постојат рокови во кои може да се бара поништување на правосилното решение за експропријација, ниту решението треба да се поништува по барање на оштетениот и обесправениот поранешен сопственик на недвижноста, туку по службена должност.

2. Реферат У.бр.129/2022

Оспорен: Оспорен: Точка 37 од став 1 на член 132 од Законот за безбедност на храна.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

Од наводите во иницијативата:

Оспорената одредба предвидува глоба во износ од 3000 евра во денарска противвредност која ќе му се изрече за прекршок на правното лице ако не ги отстрани констатираните неправилности утврдени со решението, наведува подносителот. Се наведува дека не е пропишана состојбата на утврдени неправилности и поради тоа оваа одредба може да доведе до неконзистентно толкување при нејзина примена.

3.Реферат У.бр.21/2023

Оспорен: Член 22-б и член 27-б од Закон за превоз во патниот сообраќај

Подносител на иницијативата: Сашко Стојиловски

Од наводите во иницијативата:

Подносителот наведува дека оспорените одредби се во спротивност со владеењето на правото, слободата на пазарот и претприемништвото опфатени во членовите 8 и 55 од Уставот, како и дека се во спротивност со членот 5 од Законот за јавни набавки кој го опфаќа начелото на конкуренција помеѓу економските оператори.

Подносителот на иницијативата наведува дека исходот од направените законски измени на Законот за превоз во патниот сообраќај е секогаш само еден оператор да ги исплнува условите и да учествува во постапките за јавни набавки, односно сите други кои учествуваат во постапките за јавни набавки понудите им се одбиени бидејќи не го исполнуваат условот да ја поседуваат дозволата која ја наметнува законот иако нудат и подобри услови за учениците, а пред се цени далеку по конкурентни.

1.Реферат У.бр.18/2023

Оспорено: Известување од Националниот совет за медијација од 25.11.2022

Подносителка на барањето: Сандра Рилкова

Од наводите во барањето:

Подносителката наведува дека повредата е сторена од Националниот совет за медијација со дејствие на непостапување по нејзино барање за издавање на лиценца за медијатор. Во барањето се наведува дека на подносителката како примател на социјална помош и фактот што не била член на владејачката политичка партија и е сторена повреда на правото на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на социјална и политичка припадност, утврдени во член 110 алинеја 3 од Уставот.

Сообраќај по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), од 20.03.2023 до 25.03.2023, регионалниот пат Велес - Градско односно делот од с. Ногаевци до с. Виничани ќе биде затворена за сообраќај од 08:00 до 16:00 часот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај од 01.11.2022 за сите видови возила.

РАБОТИ НА ПАТ:

Почнувајќи од 06.03.2023, на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Според информација од ДГТ Жикол, поради изведување на градежни работи на државен пат А2, делница Миладиновци – Хиподром, сообраќајот на автопатот ќе се одвива според времен режим.

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново, на државен пат А1, делница Велес - Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

Од 03.11.2022 започнуваат градежни работи на Државниот пат А4, делница Блаце - Скопје. Градежните работи почнуваат со комплетно затворање од 11 + 056 км до 12 + 369 км и пренасочување на сообраќајот по околната сообраќајна мрежа.

Г.П. Илинден – Струга известува дека на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата од с.Требеништа – Охрид од 13.10.2022, се воведува изменет режим на сообраќај. На учесниците во сообраќајот им се препорачува да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.

На регионалниот пат Р1102, односно делница Велес – Градскo поради изведување на градежни работи наведената делница ќе биде затворена за сообраќај од 28.09.2022 год. во наредните 9 месеци, и сообраќајот ќе се одвива согласно одобрениот времен режим на сообраќај.

СТРАБАГ АГ известува: Врз основа на Одобрение за времена измена на режим на сообраќај на државен пат А1 – делница Велес – Неготино, издадено од Министерство за транспорт и врски со број 11-уп-46/4, од 21.07.2022 година, кое се однесува за изградба на новата клучка Градско (како дел од автопат А1), на гореспоменатата делница ќе се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци, а ќе се применува времената измена на режим на сообраќај.

Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, во зоната на изградба на новата клучка Градско и тоа во правец кон граничен премин Богородица и во правец кон граничен премин Табановце. Сообраќајот ќе се одвива по возната сообраќајна лената, додека нема да може да вози по сообраќајната лента за претекнување.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време изведба на Aвтопат А4, делница ГП “Блаце” - Скопје (клучка “Стенковец”) Подделница 1 - проширување на постоен пат А4 од ГП “Блаце” до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин “Блаце” од 17.06.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива дополнителен времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Според информација од Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар, од 05.04.2022 се изведуваат градежни активности за санација на свлечишта на км 19+500 (кај село Глобочица) и 24+000 (кај село Луково) на регионалниот пат Р1201 делница Струга - Дебар. Сообраќајот се одвива наизменично и е регулиран со семафори.

”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради градежни активности од 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

На патниот правец А2 Кичево - Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

АМСМ - Информативен центар

Германската министерка за надворешни работи Бербок во Скопје

Министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Бербок денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана на нејзиниот колега шефот на дипломатијата Бујар Османи. 

Во тек на првата посета на државава Бербок ќе биде примена и од претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, прва посета на земјава, министерката Бербок ќе има средби и со собраниската Комисија за надворешна политика, како и со претставници на опозициските партии.

Според агендата, по пристигнувањето, Бербок и Османи ќе одржат тет-а-тет средба, потоа ќе следува средба на двете делегации, а двајцата министри ќе одржат и заедничка прес - конференција.

Разговорите меѓу двајцата министри, како што се најавува, ќе се сосредоточат на пристапниот процес на државата во ЕУ, меѓу другото и на претстојните уставни измени, како наша преземена обврска за продолжување на процесот на преговори со Унијата.

Теми на разговор ќе бидат и билатералните односи меѓу двете земји со акцент на богатата економска соработка, нашето претседавање со ОБСЕ и соработката во рамките на НАТО Алијансата во светло на разнишаната европска безбедносна архитектура.

-Посетата на германската министерка Бербок се толкува како јасен сигнал на Сојузна Република Германија за интересот на германската надворешна политика во насока на целокупна поддршка на нашата земја и нашиот евроинтегративен процес, особено во годината во која прославуваме значаен јубилеј - 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи со пријателска Германија, наведе МНР во најавата за посетата.

Германското МНР, пак, за посетата на Бербок на Скопје соопшти дека главниот фокус во разговорите ќе биде пристапувањето на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата.

По посетата на Скопје, Аналена Бербок во петок ќе отпатува во Грузија.

притисни ентер