ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја става својата политичка кариера пред здравјето на граѓаните

Зоран Заев продолжува да ја става својата тажна политичка кариера пред здравјето на граѓаните,се наведува во рекацијата на ВМРО - ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ ,Зоран Заев. 

Заев и натаму се залага за брзи корона избори на кои наместо да броиме гласови ќе ги броиме новозаразените и починати од корона вирус.

Починатите не се само бројка, тие се наши сограѓани со име и презиме. Не може да бидат решение избори на кои здравјето и животот на граѓаните ќе биде доведено во опасност.

Фактите говорат дека Македонија е рекордер во регионот по смртност на еден милион жители и за жал на врвот по заболени на еден милион жители. Фактите говорат дека во нашата држава се направени најмал број на тестови во регионот.

Додека Заев говори за избори во последното деноноќие во Македонија се регистрирани вкупно 23 нови случаи на заболени и еден починат од корона вирусот.

Граѓаните се свесни кои го загрозува нивното здравје, граѓаните се свесни дека власта уште првиот момент на пандемијата со корона вирусот води политика наместо конкретни мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Следува казната за ваквото несовесно однесување на Заев и СДСМ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер