ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Шилегов не превземат апсолутно ништо да ги спречат последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Шилегов не превземат апсолутно ништо да ги спречат последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух

Зоран Заев и Петре Шилегов не превземат апсолутно ништо да ги спречат последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух, се анведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Шилегов не превземат апсолутно ништо да ги спречат последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух

Скопје и Македонија се апсолутни рекордери по загаденост во светски рамки и се наоѓаме во друштво на земји како Пакистан и Бангладеш.

Граѓаните секојдневно се соочуваат со сериозни здравствени проблеми, особено хронично болните, децата и постарите.

Зоран Заев и Петре Шилегов не реализираа ниту еден проект за подобрување на воздухот. Додека беа во опозиција ветуваа дека само што ќе се смени власта воздухот ќе се подобри магично. Еве и речиси после 2 години не знаат кај тераат.

Неодговорноста оваа црна власт нема граници. До нив не допира ништо. Не допираат ниту анализите на реномираните универзитети низ светот каде кажуваат дека со загадувањето на воздухот се намалува просечниот живот на човекот за скоро две години.

Десетици граѓани дневно завршуваат на лекар и ги полнат скопските клиники токму поради проблемите со здравјето настанати од загадениот воздух.

Во Македонија, според Светската здравствена организација на годишно ниво умираат околу 3000 луѓе поради лошиот квалитет на воздухот. Но и ваквите податоци не ги загрижуваат СДСМ и Зоран Заев.

Тие наместо да најдат начин како да се справат со загадувањето трошат милиони за луксузирање. 7 милиони евра ќе дадат за луксузни автомобили и мебел, 1,6 милион евра за лубриканти, а само 1,5 милион евра за борба против загадувањето. Ова е апсурд од невидени граници.

Наместо да излезат со конкретни решенија поради проблемот со енормното загадување црната власт игра игри, спие и ги игнорира предлозите на опозицијата.

ВМРО-ДПМНЕ предлага заедно со примарната гасификациона мрежа паралелно веднаш да се започне и со градба на секундарна, за да може што побрзо да се приклучат и домаќинствата, а со тоа драстично ќе се намали загадувањето од огревно дрво.

Исто така мора под итно инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат во зимски услови 24 часа и јавно, секој ден со име и презиме, да ги обзнанат најголемите загадувачи и, согласно тоа, мерките кои ги презеле, а доколку не се превземени мерки веднаш да следат соодветни мерки и казни.Министерот Садула Дураку кои тие самите го избраа вели дека не му е гајле за тужбите што ги подготвуваат граѓаните против државата, Петре Шилегов продолжува со неговите непромислени политики додека Зоран Заев ниту едно ветување за почист воздух не исполни.

Црната власт на СДСМ неодговорно се постави кон граѓаните и ги изманипулира.Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини.СДСМ мора да си замине.

Бред Пит возеше формула 1 болид

Холивудскиот актер Бред Пит, чиј нов филм за Формула 1 ќе има премиера следната недела, го оствари својот сон да вози болид од Формула 1 откако тестираше возило на Мекларен на патеката во Остин.

Бред Пит возеше формула 1 болид

Актуелниот светски шампион во конкуренција на конструктори Мекларен потврди денеска дека познатиот актер го возел моделот „Мекларен МЦЛ60“ произведен во 2023 година на патеката во Тексас во четвртокот.

Медиумите известуваат дека британскиот тим спроведувал приватен тест со редовниот возач на Формула 1, Ландо Норис, и возачот на Формула 2, Алекс Дан.

Тоа беше прв пат 61-годишниот Пит, кој го игра измислениот возач Сони Хејс во филмот „Формула 1„ на „Епл““, да вози вистински болид од Формула 1 на патека.

Автомобилите што се користеа во снимањето на филмот беа автомобили од Формула 2, модифицирани од Мерцедес за да изгледаат како вистински автомобили од Формула 1 што се натпреваруваат на гран- при трките.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој е копродуцент на филмот, рече дека Пит покажал вистинска брзина додека го тестирал автомобилот Ф2.

„Да се гледа како Бред вози со брзина поголема од 290 километри на час беше навистина импресивно бидејќи тоа не е нешто што може да се научи преку ноќ“, рече Хамилтон.

Синер во музички проект со Бочели

Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер учествуваше во најновиот музички проект на прославениот оперски пејач и негов сонародник Андреа Бочели.

Синер во музички проект со Бочели

Во песната насловена „Polvere e Gloria“ (Прашина и слава), Синер не пее, туку рецитира на англиски јазик делови од своите говори одржани по најголемите победи во неговата кариера.

„Ќе има многу први места во нашите животи, само треба да бидете свои“, рецитира актуелниот шампион на Австралија Опен и неодамнешен финалист на Ролан Гарос, додека во позадина свири емотивна лирска музика.

„Ми претставува чест и задоволство што сум дел од овој проект со Андреа. Никогаш не можев да замислам дека ќе го слушнам својот глас во една од неговите песни, тоа е силна емоција“, рече Синер, кој зад себе има 19 АТП трофеи, вклучувајќи и три грен слем титули.

Бочели, кој има продадено повеќе од 70 милиони албуми, го опиша овој проект како „ода на упорноста и благородноста на секојдневниот труд, кој секој неизвесен чекор го претвора во дел од нешто поголемо“.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Тренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, потпиша нов тригодишен договор, објави англискиот прволигаш.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Португалскиот стратег седна на клупата на Форест во 2023 година.

Во својата прва сезона, му обезбеди опстанок на клубот во Премиер лигата, а изминатата сезона го водеше тимот до седмото место и нивно прво учество во европските купови од сезоната 1995/96.

„Воодушевен сум што можам да го продолжиме нашето патување во овој фантастичен фудбалски клуб. Откако пристигнавме во Форест, работевме исклучително напорно за да создадеме посебна врска меѓу играчите, навивачите и сите во клубот, што ни помогна да постигнеме големи работи минатата сезона“, рече Санто. /МИА

притисни ентер