ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ нема со Заев, кој преку Панама пере пари со анти ЕУ бизнисменот Дака

Во ЕУ нема со Заев, кој преку Панама пере пари со анти ЕУ бизнисменот Дака, а обвинителството спие. Згора на тоа Маричиќ кој треба да се бори против тој криминал вели дека не слушнал за скандалот.

Инвестицијата на Дака е панамска шема за перење на пари во Македонија одобрена од Заев, со кого Дака имал средба како што слушнавме од снимката која ја објавија медиумите, по што дал и 300.000 евра и 2000метри квадратни поткуп за да му се заврши работа. Но и ветување дека откако ќе се заврши работата ќе даде уште 4 милиони евра.

Фирмата на која гласи земјиштето на ШИК Јелак на кое е предвидена изградба на над 2000 станови, и илјадници метри квадратни трговски и деловни објекти е формирана во Панама - Адастра груп корп, а Давидовиќ Дака е нејзин сопственик, а истата во Македонија го купила ШИК Јелак со обврска да ја рестартира фабриката. Што не се случи затоа што Заев ижа друга бизнис шема.

Еден ден по формирањето на владата работата му е завршена. Донесена е измена на ДУП со која на Дака му се овозможува да изгради бетонска џунгла во сред Тетово. На простор на објект, кој истиот го зема со намена да го рестартира како производствен капацитет.

Заев и владата прават измама и на Дака му дозволуваат да гради згради на место кое требало да биде фабрика. Место кое доколку првично се продавало како парцела за станбени згради ќе посигнело многу повисока цена, од цената која ја платил Дака. А со тоа е оштетен буџетот на Македонија.

Целиот процес е крајно сомнителен. ЈО мора веднаш да отвори постапка и да утврди:

1. Каде завршиле 300.000 евра и 2000 метри квадратни кои Дака вели дека ги дал во снимката?

2. Дали и на кого платил уште 4 милиони евра мито?

3. Колку е оштетен буџетот на Македонија со тоа што Дака купил фабрика со огромно земјиште на кое сега ќе гради згради?

ЈО мора да реагира. Криминалот не смее да остане неказнет.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Банка за храна Кавадарци однесе храна за стари и изнемоштени лица во поткожувските села

Банка за храна Кавадарци однесе храна за стари и изнемоштени лица во поткожувските села, информираше денеска Роберто Паризов, активист во Банката.

-Посетивме неколку села, вклучувајќи ги и оние најоддалечените. Решивме да им помогнеме на старите и изнемоштени лица кои живаат во овие рурални средини, од кои најблиската продавница и болница се на четириесетина километри, особено во услови на коронавирус, нагласи Паризов.

Тој се заблагодари на компанијата Алијанс уан за донацијата и апелираше и други субјекти да ја покажат својата општествена одговорност, хуманост и солидарност.

Паризов потсети дека имаат поддршка од градоначалникот Митко Јанчев и локалната самоуправа, која им обезбеди и специјално возило за дистрибуција на хуманитарната помош./МИА

Васев: ВМРО-ДПМНЕ дејствува опасно по јавното здравје

Очајниот губитник Христијан Мицкоски продолжува со неодговорно, незрело однесување, опасно по јавното здравје и спротивно на интересите на граѓаните.

Денеска безидејниот Мицкоски повторно ќе организира таканаречени протести кои се со единствена цел - спас на неговата фотелја во белиот дворец.

Дефилето со луксузни автомобили за одбрана на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе заврши во Штип.

Поучени од претходните вакви таканаречени протести со автомобили, ги советуваме приврзаниците на Мицкоски, луксузните автомобили, тие на „М" да ги остават овде, а потоа кон Штип да продолжат со стари автомобили.

Токму така правеше нивниот ментор, криминалецот во бегство, Никола Груевски со мерцедесот од 600.000 евра кој го менуваше пред да влезе во некое населено место.

Почитувани,

Во време кога се соочуваме со есенскиот бран на коронавирусот, Мицкоски продолжува да се однесува незрело и да биде закана по јавното здравје.

Во Собранието пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги опструираат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, а надвор одржуваат јавни собири на кои редовно се прекршуваат мерките за заштита од КОВИД 19. Класично деструктивно дејствување на губитник Мицкоски.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски. Оваа партија знае само да брани криминал и да се обидува да го поткопува здравствениот систем.

За нив, личниот и партискиот интерес е далеку пред интересот и здравјето на граѓаните. Затоа губат три пати на избори, затоа се опозиција и затоа уште долго ќе останат таму.

Стефан Васев од СДСМ

Фолксваген го претстави Голф „TGI“ со 130 коњски сили

Најекономичниот нов Фолксваген кој Европејците можат да го купат е „TGI“. Тој користи компресиран природен гас, односно „CNG“.

Фолксваген групацијата има голем број модели на гас кои ги произведуваат Шкода, Ауди и Сеат, а сега претстави и сопствен автомобил со погон на природен гас, а технологијата е позајмена од новата Шкофа Октавија „G-Tec“.

Тоа значи дека под хаубата се наоѓа 1.5 литарски турбо-бензин мотор кој развива 131 коњски сили, што значи дека во себе има четирицилендерски мотор како кај неодамна претставениот Ауди „A3 G-Tron“ модел.

Ова не е класичен мотор со директно вбризгување на горивото, туку ова е мотор кој Милер систем на согорување, заради што често се применува кај автомобили кои користат природен гас.

Процесот создава ниска емисија на CO2 и има висока ефикасност, а резервоарот има 115 литри „CNG“, природен гас и со таа количина може да помине околу 400 километри.

Фолксваген веќе прима нарачки, а најавена е и караван изведба.

притисни ентер