ВМРО-ДПМНЕ: Власта не дозволува јавните претпријатија да постават фотоволтаици

Клептоманската СДС е најодговорна за катастрофалната состојба во државата.

Ја покачија струјата за 50 % за домаќинствата, а од 500 до 700% за компаниите. Во исто време стапката на инфлација достигна рекордни 16%, што е двојно повисока стапка од европскиот просек и далеку највисока во споредба со земјите од регионот. Тоа се главните причини поради кои граѓаните осиромашуваат. Околу 500.000 лица во Македонија живеат во сиромаштија.

СДС наместо лицемерно да пишува соопштенија за новите цени на комуналните услуги во општина Прилеп, треба да даде одговори зошто нивната влада со месеци одбива да им излезе во пресрет на јавните комунални претпријатија. Јавните претпријатија во прилеп, се соочуваат со огромни трошоци за работа, што е резултат на неодговорноста и неслухот на владата на предводена од дезертерот Ковачевски.

Имено компаниите во Прилеп плаќаат и до 700% поскапа електрична енергија и двојно поскапи цени за горива во споредба со минатата година. Овие енергенси се основни во работата на јавните претпријатија со цел непречено да им се обезбедат услуги на граѓаните. Покачувањето на цените на услугите се минимални во споредба со трошоците, со цел да не се загрози стандардот на жителите на Прилеп. Конкретно, цената на водата е определена врз основа на рамката дадена во одлуката на регулаторна Комисија на чие чело се наоѓа кадарот на СДС Марко Бислимовски. Дополнително, за да не се предизвика ценовен шок за граѓаните, јавните претпријатија со максимално штедење па дури и рационализацијата на бројот на вработени, успеаја да заштедат средства за да не биде покачувањето на цената на услугите значително поголема.

Дека власта тенденциозно се обидува да ги турне јавните претпријатија во банкрот говори и фактот што Владата на дезертерот Ковачевски три месеци не одговара на барањата на АДКОМ (здружение на даватели на комунални услуги), а во конкретниот случај со Прилеп власта 10 месеци не дозволува јавните претпријатија да постават фотоволтаици со цел да ги намалат трошоците за електрична енергија.

Доколку владата на СДС излезе во пресрет на барањата на јавните комунални претпријатија цените на услугите ќе останат исти.

Очигледно намерата на дезертерот Ковачевски е да удри по комуналните претпријатија, а со тоа и по џебот на граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Индонезија го усвои контроверзниот нов кривичен законик со кој се забранува вонбрачен секс

Парламентот на Индонезија го усвои контроверзниот нов кривичен законик со кој се забранува вонбрачен секс.

Парламентот на Индонезија денеска ги усвои законските измени со кои се забранува вонбрачен секс и се воведуваат други важни измени во кривичниот законик на земјата. Забраната за вонбрачен секс се однесува како на локалното население, така и на странците.

Според новиот закон, родителите или децата ќе можат да пријават невенчани парови во полиција доколку се сомневаат дека имаат секс – нешто што критичарите велат дека е дело на полицијата за морал и може да се искористи и за таргетирање на членовите на ЛГБТК заедницата.

Сексот пред брак не беше незаконски во Индонезија пред да се донесе законот, иако прељубата беше. И вонбрачниот секс и прељубата ќе се казнуваат со затворска казна до една година или парична казна.

Според новите текстови, казни се изрекуваат и за навреда на претседателот на државата. Навредата на шефот на државата може да резултира со тригодишна затворска казна.

Заменикот-претседател на парламентот Суфми Даско Ахмад ги прогласи за усвоени новите текстови, кои беа изгласани од пратениците на пленарната седница на парламентот, но критичарите велат дека тие ги поткопуваат граѓанските слободи во оваа претежно муслиманска земја.

Поддржувачите на законските измени во парламентот го поздравија нивното донесување откако беа потребни децении да се договорат.

Новиот кривичен законик, кој денеска беше едногласно одобрен од парламентот, ја заменува законската рамка што беше во употреба од независноста во 1946 година и беше мешавина од холандскиот закон, обичајното право познато како хукум адат и модерното индонезиско право.

– Се потрудивме да ги прифатиме важните прашања и различните мислења за кои се дебатираше. Сепак, време е да донесеме историска одлука за измена на Кривичниот законик и да го оставиме колонијалниот кривичен законик што го наследивме зад себе, изјави од говорницата пред гласањето Јасона Лаоли, министер за право и човекови права, пред парламентот пред гласањето.

Планираниот законик предизвика протести на национално ниво предводени од студенти кога беше објавен целосниот нацрт во септември 2019 година, поради стравувањата дека ќе ги намали личните слободи. Најмалку 300 луѓе беа повредени во немирите, кои исто така беа поттикнати од загриженоста дека новите закони ќе ја поткопаат борбата против корупцијата.

Новиот кодекс сепак мора да биде потпишан од претседателот, според заменикот-министер за право и човекови права Едвард Хиариеј. Исто така, нема да се применува веднаш, а се очекува преминот од стариот во новиот да трае најмногу три години.

Стевчо Јакимовски и Павле Трајанов во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Стевчо Јакимовски и Павле Трајанов

Дебата „Енергетска криза и решенија за иднината“

Дебатата на тема „Енергетска криза и решенија за иднината“ денеска ќе се одржи на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје во организација на Францускиот институт во Скопје.

На дебатата, според најавите од организаторот, експертите ќе дебатираат на темата кои се решенијата за поефикасна енергетска иднина со кои би се намалил ударот врз климата и животната средина и дали и во која мера обновливите енергии можат трајно да ги заменат фосилните горива.

-Светот и Европа се соочуваат со голема енергетска криза наспроти која се принудени да започнат со транзиција за да ги сопрат погубните последици од глобалното затоплување, велат организаторите на настанот.

Дебатата ќе ја отвори Иго Бештел, советник за култура и соработка и директор на Францускиот институт во Скопје, а учество ќе земат Михаела Жиртан, професорка на Универзитетот во Анже и експерт за обновливи енергии, Антон Чаушевски, професор на ФЕИТ, Ристо Филкоски, професор на Машинскиот факултет во Скопје и стручен советник на НВО „Центар за климатски промени“ и Виктор Андонов, советник за енергетски прашања во Владата. Модераторка на дебатата ќе биде Мила Јовановска, претседателка на НВО „Биди зелен“.

притисни ентер