ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев со ќотек и полиција ги растера учесниците во Вевчанскиот карневал

Власта на Заев ги надмина сите окупаторски власти, со ќотек и полиција ги растера учесниците во Вевчанскиот карневал кои ја исмејуваа владата и нејзините политики.

Власта на Заев ги надмина сите окупаторски и поробувачки власти кои Македонија ги имала.

Со ќотек брутално го спречи Вевчанскиот карневал, традиција долга илјада години, само затоа што преку хумор и маски ја критикуваат власта и појавите во општеството.

Истата таа власт и полиција која се правеше слепа на прославите на функционерите на СДСМ среде Штип, на роденденските прослави во влада, на забавите по кафулињата, насилно апсеше и растеруваше учесници во карневалот, меѓу кои имаше деца и стари лица и го заплашуваше својот народ.

Ете до каде отиде оваа забегана власт на Заев, за едни да биде мајка, за други маќеа. Двојните аршини на Заев народот ќе ги запомни и прво ќе ја порази оваа ненародна власт, а потоа ќе следи одговорност за бруталноста и криминалите на власта на Заев.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Карлеуша ги зачуди фановите со фотошопирани фотографии

Фотографите ја снимале Јелена Карлеуша пред студиото на шоуто Ѕвезде Гранда неколку дена по ред, а пејачката, позната по уредувањето фотографии на социјалните мрежи, потоа се пофали со фотографиите во истите комбинации на Инстаграм.

Фолк sвездата се појави пред студиото во црн тесен фустан што го истакна нејзиното деколте. Неколку часа подоцна, таа објави фотографија во истиот фустан.

Ден претходно, таа го привлече вниманието пред студиото во минијатурен комплет од тексас кој го открива нејзиниот стомак и добар дел од градите. И во таа комбинација се појави фотошопирана на Инстаграм.

Карлеуша ја следат 2,3 милиони луѓе на Инстаграм, а за нејзиното уредување фотографии и селфи често се дискутира. "Мотивациска порака за хејтерите: Изгледам 100 пати подобро во живо и сум убава без шминка. На сите им посакувам прекрасен ден", напишала еднаш на социјалните мрежи.

Огромен пад на приходите на хотелите на Трамп

Приходите на најпознатите хотели на поранешниот претседател Доналд Трамп паднале минатата година, кога пандемијата на ковид-19 силно ја погоди економијата, покажува финансискиот извештај објавен вчера, на последниот ден од неговиот мандат. 

Хотелот „Трамп Интернешнл“ во Вашингтон заработил 15,1 милиони долари во 2020 година и првите три недели од 2021 година, покажува извештајот на Трамп. Тоа е за 62,7 проценти помалку отколку во 2019 година.

Слично е и со недвижниот имот на Трамп во Лас Вегас, чии приходи паднале за 60,5 проценти, на 9,2 милиони долари и со неговиот терен за голф во Флорида, Трамп Национал Дорал, чии приходи се пониски за 42,7 проценти, на 44,2 милиони долари.

Ретка светла точка е клубот на Трамп, Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, каде што тој ќе живее откако го напушти Вашингтон. Приходите на одморалиштето, во кое Трамп повремено примал политички сојузници и странски гости, скокнале за 13% минатата година на 24,2 милиони долари.

Редовниот финансиски извештај што Трамп требало да го пополни, нуди еден од најкомплетните увиди во финансиите на милијардерот за недвижнини, кој упорно одбивал да ги објавува своите даночни пријави, и покрај вообичаената практика на претходните претседатели.

Во извештајот на 79 страници се наведени детали за неговиот удел во компаниите за тоа колку пари добил како член на Screen Actors Guild, асоцијација на филмски и телевизиски работници и изведувачи. Вклучува и подароци што Трамп ги добил како претседател, вклучително и шампионски појас од 650 долари Ultimate Fight што го добил од Колби Ковингтон, борец и приврзаник на Трамп.

Во извештајот се вклучени и обврски од компаниите на Трамп, вклучително и пет заеми, во вредност од најмалку 50 милиони долари. Повеќето од нив треба да се наплатат во следните четири години.

Мајка на три деца се шокирала кога видела дека има илегален потстанар на таванот (ВИДЕО)

Млада Австралијка се плаши да спие во сопствениот дом откако открила дека на нејзиниот таван живее натрапник.

Моника Грин, мајка на три деца од Рокамптон, Квинсленд, забележала некое време чудни работи околу нејзината куќа, но никогаш навистина не се загрижила, отфрлајќи ги како случајности или плодови на нејзината имагинација.

Но, во понеделникот, откако се вратила дома со децата од лекарски преглед, Моника веќе не можела да го игнорира очигледното. Задната врата била ширум отворена, клима уредот и телевизорот биле вклучени, а во кујната имало полуизедена чинија со храна. Веднаш повикала полиција, а подоцна дознала дека оној што и влегол во куќата веројатно живеел таму некое време.

Додека ја проверувале куќата за какви било траги, полицајците забележале дека капакот што води кон таванот е делумно отворен, а откако го провериле таванот, пронашле докази дека таму живее некој. Колку долго и како успеале да останат неоткриени, засега никој не може да каже, но истрагата е во тек, пренесува Одити Централ.

"Се чувствувам како да е нападнат мојот личен простор. Се чувствував шокирано, преплашено и исплашено", изјавила Моника за Курир Меил. Таа додава дека забележала дека почнала да се тресе при најмал шум. "Три пати проверувам дали се е заклучено пред спиење. Вечерта ја поминав дома со семејството, но тоа што сум сама дома ме плаши", рече таа.

Размислувајќи за сè што забележала низ куќата во последно време, Грин вели дека имало многу знаци дека нешто не е во ред. Откако храната исчезнала, и по втор пат нејзиниот систем за безбедносни камери бил расипан, таа не обрнувала многу внимание кога се случиле тие работи.

Грин и нејзиното семејство веруваат дека натрапникот безбедно се приближил до куќата крадејќи и ги клучевите, а сега ги смениле сите брави. Сепак, младата жена стравува дека лицето може да се врати, а не знаејќи ги неговите намери, таа не знае што да очекува.

"Зошто беше на таванот? Кои беа неговите намери? Дали тој беше овде да ни наштети? Дали беше тој тука за да украде едно од моите деца? Јасцтреба да бидам таа што ги штити и се чувствувам како да не сум успеала", рече мајката на три деца.

притисни ентер