ВМРО-ДПМНЕ: Власта и натаму ги задолжува македонските граѓаните за милионски суми

Власта и натаму безмилосно ги задолжува македонските граѓаните за милионски суми, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Власта ги задолжи граѓаните за нови 8 милиони евра, со што нето долгот за последниве две години надмина половина милијарда евра. Каде се завршија овие пари, пари на македонските граѓани?

Македонија полека, но сигурно се движи кон должничко ропство и непосакуваното грчко сценарио, поради расипничкото работење на власта. Јавниот долг ја надмина и опасната граница од над 50 проценти од бруто домашниот производ, а за жал македонските граѓани не видоа ниту еден проект на владата на СДСМ и Зоран Заев.

Аболицираниот Заев и неговата криминална банда секојдневно ги задолжуваат граѓаните, а притоа реализацијата на капиталните инвестиции за првите 4 месеци е катастрофална и е под 10 проценти. Во превод Заев и неговите министри не работат ништо, нема нови капитални проекти, нема школи и градинки, болници, патишта и автопати.

Граѓаните со секој нов корупциски скандал на власта го добиваат одговорот каде завршуваат нивните пари, нивните пари завршуваат во џебовите на партиските пајташи од СДСМ и луѓето блиски до власта. Парите на граѓаните се трошат за партиски вработувања, за непотистички вработувања и за криминални тендери и грантови.

Македонската економија е пред колапс, Заев мора веднаш да ги симне розовите очила и да се соочи со фактот дека повеќе од половина милион граѓани живеат со еден оброк на ден, под прагот на сиромаштијата. Доколку Заев тоа не го стори набрзо ќе соочи со гневот на граѓаните на следните парламентарни избори, каде граѓаните ќе стават крај на неговата трагична политичка кариера.

Љубе Бошкоски е примен на Инфективната клиника, му се влошила состојбата со коронавирусот

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево е примен на Инфективната клиника откако неговата состојба поради коронавирусот се влошила.

Неговата состојба во овој момент е комплицирана, јавуваат медиумите ,но подетални информации до овој момент нема.

Бошкоски беше дијагностициран со ковид-19 минатата недела.Тој самиот пред неколку дена изјави дека му бил дијагностивиран Ковид-19 , но дека се чувствува добро и е во самоизолација во родниот Челопек.

Пукотници во Призрен, убиен напаѓачот кој пукал кон полицајците

Косовската полиција вечерва објави дека во Призрен напаѓачот пукал кон полицајците кои одговориле со огнено оружје во самоодбрана.

Во соопштението, косовската полиција наведува дека нивните припадници вечерва во Призрен го пронашле осомничениот Б.Ш., со прекар „Слепи“, за кого е распишана потерница за делото „убиство во обид“.

Во моментот кога ја забележал полициската патрола, осомничениот започнал да пука кон полицајците, кои биле принудени да одговорат со огнено оружје во самоодбрана, се вели во полициското соопштение.

На осомничениот, кој бил повреден при размената на оган, му била укажана лекарска помош и бил испратен на лекување во болница.Сепак, надлежните лекари потврдиле дека лицето починало, се додава во соопштението.

На местото на настанот е пронајдено оружје, со кое осомничениот пукал кон полицајците, како и две рачни бомби.

Форд од 80-тите е најскапиот караван на светот(ФОТО)

Тргувањето со стари автомобили е денес многу профитабилна работа, особено кога станува збор за егзотични примероци на класиците од минатиот век.

Овој Форд не припаѓа скоро никаде. Тоа е издолжено возило, типично за американскиот пазар,што ја дели основата со тогашниот Мустанг. Готовиот производ е апсолутно неинтересен во однос на технологијата. Се напојува со 3.8 V6 мотор , а овој модел има 150.000 километри поминато зад себе.

Сето ова вели дека автомобилот ќе биде тешко да го смени сопственикот, дури ни за неколку илјади евра, а камоли за 1.999.999 евра, колку што бара сегашниот сопственик. Неговата самодоверба произлегува од фактот дека тој е единствен, барем кога станува збор за изгледот. Автомобилот е насликан во 1996 година од танзанискиот уметник Џорџ Лиланг.

Според огласот објавен на mobile.de, Лиланг го насликал автомобилот за време на изложбата во Фирт, Германија, кога сопственик на хотел му понудил бесплатно сместување доколку го наслика автомобилот и го претворил во уметничко дело.

Друг уметник, Пони Јенги, помогнал во креирањето на новата надворешност, украсувајќи ги предните и задните делови на возилото, додека остатокот го направил Лиланг.

Без сомнение, безличниот караван станал уметничко дело и единственото прашање е дали вреди толку многу.

притисни ентер