ВМРО ДПМНЕ: Власта го лаже народот и два месеца тврди дека обезбедила вакцини

Владата, Заев, Филипче и СДСМ го лажат народот и два месеци тврдат дека обезбедиле вакцини

Ако Филипче и Заев два месеци тврдат дека обезбедиле вакцини зошто во Македонија не виде јавноста ниедна вакцина и зошто не е почната имунизацијата на граѓаните?

Зошто Македонија е последна во регионот и Европа која ќе набави вакцини?

Како успеаја Албанија и Србија да набават вакцини, а Заев и Филипче не успеаја да набават?

Каде се вакцините од Бугарија кои Филипче ги најавуваше? Каде се вакцините кои Грција требаше да ги набави за нас, за кои говореше Заев?

СДСМ, Филипче и Заев лажат, но тоа не е најстрашно. Најстрашно е што поради тоа што лажат и се неодговорни луѓе се разболуваат и умираат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мексико среде пандемија е преполно со туристи, најмногу од САД и Европа

2020 година беше катастрофална за туризмот . Но, една земја успеа да се искачи на скалата на популарност кога станува збор за туристички посети: Мексико го достигна глобалното трето место според бројот на туристи среде пандемија, пишува Дојче Велe.

Авиони од целиот свет слетуваат и полетаат на меѓународниот аеродром во Канкун на секои пет минути. И така е од средината на декември. Ова мексиканско одморалиште на карипскиот брег е на врвот на сезоната.

Луфтханза, исто така, ја обновила својата маршрута од Франкфурт до одморалиштето во октомври, и покрај строгите правила за патување за време на корона кризата. На плажата, преполна со капачи од Европа и Северна Америка, пред Пирамидите на Маите, повторно се формираат огромни редици. Хотелиерите и угостителите се задоволни.

За многу туристи, песочните плажи и тиркизното море се јасно примамливи за да ја сокријат реалноста дека единиците за интензивна нега во мексиканските болници се пренатрупани, бројот на новоинфицирани расте секојдневно, а досега повеќе од 174.000 луѓе починале од инфекција со коронавирус. Причините за ваквиот брз развој на туризмот во Мексико се повеќекратни. Од една страна, Мексико никогаш не ги затворило своите граници ниту бара негативен тест за корона при влез во земјата. Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор е еден од оние политичари кои ги одбиваат мерките за затворање за да не и наштетат на економијата. Друга причина се мексиканските емигранти кои масовно ја посетуваат својата татковина за време на Божиќ и со тоа се грижат за зголемувањето на бројот на туристички посети.

Во државата Квинтана Ру, каде се наоѓа Канкун, гувернерот наредил задолжително носење маски. Покрај тоа, ова одморалиште на Карибите се наоѓа на само три до четири часа лет од дестинација во Северна Америка, од каде доаѓаат најголемиот број странски гости во Мексико. Колку е летот пократок, толку се помали шансите за инфекција во авионот.

Но, многу лекари во Мексико ја гледаат оваа отворена политика во туристичкиот сектор како еден од главните виновници за зголемувањето на бројот на нови инфекции во туристичките региони. Епидемиолошката состојба во овие региони се влошила од февруари, но ситуацијата е многу поповолна отколку во жариштата во и околу Мексико Сити.

Со авион на „Eр Србија“ пристигна првата пратка од руските вакцини „Спутник V“

Со авион на „Ер Србија“ пред малку на скопскиот аеродром пристигна првата пратка од руските вакцини „Спутник“...

Вакцините, вкупно 3.000, се во соодветно пакување, а ќе се чуваат на – 18 до -20 степени, за што потребната инфраструктура е подготвена. Вакцините ќе бидат ставени во посебни фрижидери, по што ќе се организира и процесот на вакцинација во пунктовите во Здравствениот дом – Скопје. Како што изјави министерот Филипче, вакцинацијата веројатно ќе почне во среда.

Според Филипче, од кинеската вакцина се очекуваат 200.000 дози од кои одредена количина може да дојде за кратко време, но се уште не е точно потврдено кога.

Рускиот амбасадор рече дека вакцината ќе придонесе за спасување човечки животи и за враќање на македонската економија на траекторијата на раст.

На аеродромот во Скопје е Тамара Стојкова .

Дали предлогот на Заев е со чесни намери или политички трик?

Дали предлогот на Заев за широка коалиција во која би влегла и ВМРО-ДПМНЕ е со чесни намери или политички трик? Политичките аналитичари велат дека за идејата веројатно нема ниту да се дебатира со аргументи, поради поларизираноста на општеството..

Дали на Македонија и е потребна широка Влада и колку оваа идеја на Заев може да се оствари? Дел од политичките аналитичари што ги консултиравме сметаат дека таа е вредна за размислување, но пречка за реалзиирање гледат во лидерставата на двете најголеми партии и ниската полтичка култура во земјава..

-Добро е што сепак ја има иако е задоцнета. И не треба толку лесно да се отфрла оваа идеја.Другиот дел од предлогот да не биде дел лидерот на опзицијата е малку непристоен предлог, бидејќи опозитот на тоа е ако не можат тие двајца да се договорат, тогаш може и Заев да отстапи. Јас мислам дека најдобро е и двајцата да се повлечат, и Мицкоски, и Заев и можеби е време за жена да ја предводи Владата на Македонија, смета Кржаловски.

– Станува збор за ефтин политички трик. Заев во овие години како премиер покажа дека има храброст, има итрина, но нема капацитет. Од другата страна на истиот медал, е тоа е господинот Мицкоски, така да реално не ни се пишува добро ни со едниот, ни со другиот, вели Пендаров.

За аналитичарите не е изненадување реакцијата на лидерот на ДУИ, Ахмети, кој како коалиционен партнер на Заев го отфрли предлогот за заедничко владеење со опозицијата, бидејќи велат , така би се нарушиле позициите на интегративците во Владата.

-Ахмети секако е најискусен политичар во сегашнава констелација и јасно му е дека секако ќе биде на штета на ДУ, ако ништо друго и да останат во Владата, ќе се намали бројот на позиции кои тие ги имаа, но поголемата опасност е ДУИ да не биде воопшто дел од таа Влада бидејќи ако се кани ВМРО-ДПМНЕ, зошто не и Алијансата за Албанците, тогаш може да извиси ДУИ., изјави Кражловски.

– Да ја апострофирам реакцијата на ДУИ, без која тешко може да се направи Влада кај нас, а која рече дека треба да имаме и опозиција, што е во право, каква е таа парламентарна демократија без опозиција, смета Пендаров.

Вицепремиерот Љупчо Николовски во денешно интервју за МИА ја дообјасни идејата на Заев за широка коалиција како подадена рака на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка борба против корупцијата и демократизација за доброто на државата и граѓаните.

Но ваквата понуда не наиде на поддршка од коалиционите партнери на СДСМ. претседателот на либерал демократите, Горан Милевски, на социјалните мрежи напиша: „Ако си се сакаат, нека си се земат - ЛДП на таква свадба нема да присуствува.“

притисни ентер