ВМРО-ДПМНЕ: Веднаш да се повлече Законот за попис од собраниската дебата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  и коалицијата бараат веднаш да се повлече Законот за попис од собраниската дебата и да се организира внатрепартиска и внатре државна дебата на целата територија на Република Македонија.

Спроведувањето на попис мора да се темели на постигнат консензус од сите политички чинители, сите општествени фактори, за да може да дојдеме до успешно спроведена статистичка операција во која што ќе имаат доверба сите граѓани на Република Македонија.

После очигледната злоупотреба на европското знаменце, одбивањето на сите конструктивни амандмани на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, власта продолжува со своето самоволие, нетранспарентност и арогантност да спроведува штетни решенија за државата и граѓаните.

Ние, пратениците во Собранието на Република Македонија сме бирани од страна на граѓаните и треба да ги браниме интересите на граѓаните и токму затоа ги повикуваме граѓаните на мобилизација, заедно да поднесеме иницијатива до подрачните единици на Министерството за правда, за собирање на потписи за предлог закон кој што ќе биде доставен во Собранието и за поништување на овој закон кој што по насилен пат, планира парламентарното мнозинство да го донесе.

Република Македонија треба да спроведе попис кој што ќе ги содржи препораките на Евростат и регулативите на Европскиот парламент како и препораките и стандардите на Обединетите нации и затоа како земја која што треба да започне преговори со Европската Унија не смееме да си дозволиме експерименти кои што очигледно се само коалициски пазарења.

Граѓаните уште сега кога не е донесен ниту законот за попис немаат доверба во оваа операција и затоа ние како пратеници имаме должност и обврска да направиме се за овој процес да запре и да започне одново и консензуално да покажеме дека сепак за битни прашања знаеме и можеме да носиме исправни одлуки.

Апелираме до пратениците од парламентарното мнозинство да се издигнат над ситуацијата и како приоритет да ги стават интересите на Република македонија и граѓаните, а не нивните партиски интереси.

Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија

Акциска контрола на полицијата во Кавадарци и Неготино, изречени 93 мерки

Сообраќајната полиција изрекла 93 мерки за време на вчерашната акциска контрола во Кавадарци и Неготино. 

Затекнати се 11 нерегистрирани возила, десет возачи без довола, а 52 од контролираните возеле над дозволената брзина.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски информира дека акциската контрола се спровела вчера, во времето од 10 до 15 часот, од страна на мобилната единица за БПС

Облачно и врнежливо

Времето денеска ќе биде претежно облачно, од пладневните часови на запад, а потоа и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. 

На планините на запад ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје ќебиде претежно облачно. Попладне ќе има врнежи од дожд и ќе дува умерен до краткотрајно засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 10 степени Целзиусови.

В недела, претежно во попладневните часови, врнежи ќе има во поголем дел од земјава, ќе бидат со умерен интензитет и на места особено на запад ќе бидат пообилни (понекаде над 25 литри на квадратен метар). На планините во западните делови ќе врне снег кој од вечерните часови ќе паѓа повремено и на повисоките места. Ќе има умерен до засилен јужен ветер, а во понеделник западен ветер.

Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места. Во ноќта кон вторник на патиштата ќе има појава на замрзнат дожд и ќе започне да дува умерен до силен северен ветер. Во вторник ќе е ветровито и до крајот на денот врнежите ќе преминат во снег во поголемиот дел од земјата.

Утрински температури над нулата, најмногу снег на Попова Шапка

Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка – 2 степени, каде исто така има најмногу снег, 31 сантиметар. 

Температурите во другите делови од земјата се над нулата и тоа во Гевгелија, Струмица и Берово се измерени нула степени, во Скопје – Петровец еден, во Тетово два, во Крушево, Лазарополе и Маврово три степени, во Скопје-Зајчев Рид и Прилеп четири степени, во Куманово и Претор пет степени, во Битола шест, во Охрид седум, во Крива Паланка и Дојран девет, во Штип и Демир Капија десет степени.

Во текот на ноќта и утрово времето беше умерено до значително облачно. Само во западните делови облачност се намали. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Ветерот беше најинтензивен во Штипско.

Времето денеска претежно облачно, од пладневните часови на запад, а потоа и во останатите делови од земјата ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините на запад ќе врне снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови ќе има повремен дожд

проследен со умерен до краткотрајно засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

притисни ентер