ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе ги потврди кадровските решенија во идната влада

Според најавите се очекува ВМРО-ДПМНЕ вечерва да ги потврди кандидатите за министри во идната влада. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Петнаесетгодишник управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје, поведена истрага

Петнаесетгодишник управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје, поведена истрага против таткото.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Истрагата, како што информираат од ЈОРСМ, е поведена бидејќи осомничениот во неговиот автомобил Ауди А8 неовластено држел огнено оружје и муниција – два пиштоли, едниот со калибар 7,65мм, а другиот со калибар 9мм со по четири куршуми за секој од нив. Во автомобилот бил пронајден уште еден пиштол за кој осомничениот имал дозвола за поседување со осум куршуми и уште два сигнални пиштоли.

- Оружјето било пронајдено во автомобилот што го управувал малолетниот син на осомничениот. Детето кое месецов наполнило 15 години било запрено од полицијата додека возело во Волково во вечерните часови на 23 јануари, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот татко – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице, одземање на патната исправа, одземање на возачката дозвола, но и забрана за неговиот малолетен син, други малолетни лица или други неовластени лица да имаат пристап во просторија или во домот каде што има огнено оружје.

Промоција на нови полициски службеници

 Во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово денеска ќе се одржи свечена промоција на новите полициски службеници - генерација 2024-2025.

На промоцијата, како што соопшти МВР, ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и помошник министерот на Центарот за обука на МВР, Влатко Митковски.

Сончево со умерена облачност, претпладне магла по котлините

 Времето претпладне по одделни котлини ќе биде магловито, а преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има магла, преку ден ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Според прогнозата на УХМР, наредните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, особено на повисоките места и на планините, поради што висината на снежната покривка и понатаму ќе се намалува. По котлините ќе биде магливо и постудено. Локални врнежи од дожд се очекуваат во среда.

притисни ентер