ВМРО-ДПМНЕ: Важно е да избереме претседател кој ќе биде претставник на народот

Пратеникот Миле Лефков на денешната панел дискусија организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите“  истакна  дека важно е да се избере претседател кој има способност, квалитет.

Пратеникот Миле Лефков на денешната панел дискусија организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите“ истакна дека важно е да се избере претседател кој има способност, квалитет, искуство и визија.

„Што е важно за претседателот? Важно е да има одредени способности, да имам одредени квалитети, да има знаење, да има искуство, да има визија. Меѓутоа уште еден аспект кој што е многу важен, а тоа е неутралноста и независноста“, потенцираше Лефков.

Тој се осврна и на владеењето на Пендаровски изминатите 5 години како претседател на Македонија, посочувајќи дека изминатите 5 години Македонија за жал има претседател кој е верен партиски слуга на владата на СДС, кој се согласувал со секакво кршење на законите

„Ќе ве потсетам дека имаме кандидат за претседател кој што во својата кандидатура излезе и без срам кажа дека ист потполно ист 102 проценти како Зоран Заев. И тоа не заврши овде. Затоа што ако немате независен и неутрален претседател, претставник на претседателската власт кој што има широки ингеренции, многу лесно тој може да се обои со партиските бои и да биде партиски полтрон, да биде партиски слуга и да се согласува со секакво кршење на законите, како што ние го гледаме за жал изминатите 5 години од владеењето на Стево Пендаровски“, истакна тој и додаде:

„Видовме дека тој е подготвен да се слика со секакви нарко босови само да дојде до одредени коалициони гласови. Таков претседател верувајте ни не ни треба. За какви способности да разговараме за човек кој го видовме како без срам пред лидерите Балканот на Бојко му вели љубави“.

Лефков исто така потенцираше дека Стево Пендаровски покажа дека е обоен со партиски бои со тоа што ниту еднаш не реагираше за носењето закони во Собранието преку злоупотреба на европското знаме.

„Стево за жал покажа како е да си обоен со партиски бои. Зошто? Со нула реакции за донесување закони со европско знаменце, а ќе ве потсетам сите дека самата процедура за донесување закони со европско знаме значи скратена постапка во Собранието без дебата без дискусија затоа што тоа треба да преставува еден формален процес на усогласување со закони коишто веќе се донесени во ЕУ. Тој јавно призна дека законите за Бехтел и Енка, тој еден сет закони немаат никаква врска. Замислете објаснувањето коешто дојде во Собранието е затоа што биле дел од европски коридор и по таа логика треба да се укинат сите матични комисии“, заклучи Лефков и додаде:

„ Додека другите претседатели се борат и го продолжуваат вековниот стремеж и борбата на еден народ за независна држава и покажуваат она што се нарекува безусловна љубов кон државата тој ќе каже: „Јас ако не бев претседател ќе се иселам“.

Пратеничката Иванка Василевска пак истакна дека борбата со негативната селекција и клиентелизмот во политиката може да доведе до тоа да се избираат вистински личности на вистински позиции.

„Денеска сме ставени пред предизвикот на кој пат сакаме да тргнеме и кои се нашите цели. Секогаш користам прилика да дадам една порака, а тоа е дека ние мора да се бориме со два клучни проблеми во македонското општество, а тие доколку се обидеме да ги сузбиеме или барем да ги намалиме чекор по чекор ќе успееме да се доведеме до степен да одлучуваме и да одбираме онакви претставници коишто одговараат на нивото на свест којшто ние ја поседуваме, зборувам за негативната селекција и за тоа, не треба да кажам име и презиме, можеме сите да забележиме за тоа клиентелистички се поставуваат одредени ликови и како тие и на високи државни позиции, не само што ги изневеруваат нашите очекувања туку се изневеруваат и себе си и со текот на времето нивната фрустрација на несвесно ниво се пренесува и на целото општество, но и на сликата која што ја даваат пред меѓународната заедница“, потенцираше Василевска.

Таа исто така додаде и дека однесувањето на актуелниот претседател во зачувувањето на македонските национални белези е разочарувачко.

„Разочарувачки е однесувањето на актуелниот претседател на државата, како и на целиот државен врв во однос на зачувување на македонските национални белези. Разочарувачки е и односот на интелектуалната фела којашто клиентелистички се постави да биде тивка и молчелива, па дури и субверзивна само за да го заштити сопствениот личносен моментум. Разликата помеѓу елитата и помеѓу граѓаните е само во тој детал во којшто таа може да го искаже гласно своето мислење“, заклучи Василевска, се наведува во партиското соопштение.

Пролетен распуст во САД- „жешки“ забави, тепачки и купишта ѓубре во океанот (ВИДЕО)

Пролетниот распуст е еден од омилените празници за студентите ширум светот,но во Америка го означува почетокот на сезоната на забави,за време на која агенциите за спроведување на законот имаат полни раце работа за да ги контролираат ордите млади луѓе.

Пролетниот распуст во САД нема единствен распоред за сите факултети и училишта, се одржува од крајот на февруари до средината на април. Најновата снимка од Савана, град во Џорџија на југот на Америка, прикажува толпа млади луѓе како се опиваат и учествуваат во масовни тепачки, додека куп ѓубре е оставен на брегот на океанот.

Местото на акцијата е островот Тајби, популарно одморалиште на брегот на Атлантскиот Океан во Џорџија, објави Dailymail.

На видео снимката се гледа тепачка меѓу неколку девојки и куп ѓубре на брегот. За време на тепачката, на некои од девојките им падна горниот дел од костимот за капење. И покрај тоа, тие продолжија да се тепаат, додека некои се обидуваа да ја сокријат голотијата.

За време на речиси две и пол минути долго видео, мажите и жените плескаат и викаат ентузијастички додека жените разменуваат удари на патеката. На популарната забава „Orange Crush“ имало околу 6.000 учесници.

И покрај тоа, локалните жители тврдат дека сè поминало „прилично добро“. Видеото на социјалната мрежа x, порано Твитер, е прегледано речиси 100.000 пати. Минатата година на оваа плажа долга шест километри се собраа околу 100.000 млади луѓе, а локалните власти, поучени од тоа искуство, го ограничија изнајмувањето простор на плажата за време на пролетниот распуст оваа година.

На почетокот на оваа година, Мајами беше принуден да воведе полициски час и други драконски мерки за зачувување на јавниот ред и мир. Минатата година град во Флорида беше потресен од масовни пукотници за време на пролетниот распуст, па годинава имаше засилено полициско присуство.

Бизарна снимка има 92 милиони прегледи, на социјалните мрежи бараат казна за авторите (ВИДЕО)

Навикнати сме инфлуенсерите и креаторите на содржини да вршат разни акробации со цел да привлечат следбеници и да обезбедат што повеќе кликови.

Понекогаш, тоа значи ризикување на сопствениот живот.Сличен пример наоѓаме и на Инстаграм, каде корисникот Самит Дубеј објави бизарно видео кое ги подели мислењата на луѓето.

Гледаме млад човек, залепен со пластична фолија од надворешната страна на автомобилот, што можеби нема да биде проблем - доколку возилото не се движело по патот.

Навистина, автомобилот не оди брзо, но без разлика, тоа е ризичен потег.

Очигледно сѐ поминало без последици, а изгледа дека залепениот млад човек ужива во авантурата. Клипот е објавен на 12 април и брзо стана вирален, собра над 92 милиони прегледи и два милиони лајкови.

Коментарите биле исклучени по бројните критики за авторот, пренесува NDTV.

Во меѓувреме, видеото е споделено и на други мрежи, каде многу луѓе изразија загриженост за ваквото однесување. Имало и такви кои побарале полицијата да преземе мерки против актерот.

„Ниту еден сериозен и чувствителен човек нема да го направи ова. Не се шегувајте со животот, сѐ може да се случи, некој може дури и да те удри“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Најглупаво нешто што сум го видел во животот“.

Третиот истакнал: „Животот е бесценет, некој е зафатен со глупави шеги, си игра со животот, а каде е законот да го стават зад решетки“.

Воз во пламен помиона низ мало гратче во Канада, пожарникарите едвај го изгаснаа (ВИДЕО)

Запален товарен воз во ноќта меѓу неделата и понеделникот поминал низ центарот на канадскиот град Лондон!

На шокантната снимка може да се види дека најмалку пет вагони гореле и дека пожарот брзо се ширел. Шокираните жители врескале во своите автомобили додека минувал запалениот воз, но за среќа никој не бил повреден, објави Дејли Меил.

Засега не е познато што го предизвикало пожарот во возот.

На противпожарните екипи им биле потребни час и половина за да го локализираат пламенот и уште неколку часа за да се осигура дека пожарот е целосно изгаснат.

- Сѐ ќе третираме како подметнување пожар додека не се докаже спротивното, тоа беа стари железнички врски, кои не беа многу сигурни - соопштиле од противпожарната служба.

притисни ентер