ВМРО-ДПМНЕ:„Тандемот лепливи прсти“ Заев - Бучковски сега ќе решава за македонскиот јазик, ...

Заев одби единство во разговорите, за да сега со осудениот криминалец Бучкоски ја продаваат Македонија

Заев одби единство во разговорите, за да сега со осудениот криминалец Бучкоски ја продаваат Македонија

„Тандемот лепливи прсти“ Заев - Бучковски кој ја раскрчми Македонија сега ќе решава за македонскиот јазик, идентитет и историја.

Бучковски на јавноста и е познат како премиер кој својата политичка кариера ја заврши со политички договор за разрешница на аферата за тенковски делови.

Бучковски Македонија го памети по продажбата на ЕСМ, милионите од Телеком и аферата „Бачило“.

Во време на Бучковски во Македонија се случија многу криминали, но ниту една разврска.

Заев е човекот кој беше фатен со поткуп, вмешан е во Рекет 1 и 2, сели тендери за марихуана, и по струмичките камиони кои вртат во РЕК.

Заев бира луѓе слични на себе. Затоа Бучковски ќе преговара за македонскиот јазик, идентитет и историја, затоа што исто како Заев се пазари и продава, но за жал евтино, а овој пат на продажба им е Македонија.

Да не дозволиме да ја продадат државата! Излези на улица додека не е предоцна!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот Тимчо Муцунски во прва работна посета на Австралија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денеска до 13 февруари ќе престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на македонски министер за надворешни работи по пауза од 15 години.

„Од денеска сум во работна посета на Австралија – одлична можност за економска промоција на државата и зајакнување на билатералните односи со земјата во која живее значајна македонска дијаспора.

Во рамки на посетата, ќе остварам средба со министерката за надворешни работи, Пени Вонг, ќе имам состаноци со претставници од бизнис-заедницата, политичкото раководство на Австралија и, секако, средби со нашите иселеници, кои се клучен мост во билатералните односи.“ , објави Муцунски на социјалните мрежи.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на интензивната политичка агенда, планирана е средба со министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг, на која ќе бидат потврдени добрите и пријателски билатерални односи, како и можностите за нивно натамошно продлабочување, особено на економски план. На средбата се очекува и размена на мислења за актуелните меѓународни прашања.

„Покрај политичките средби, агендата на министерот вклучува активности за економска промоција на земјата, како и бројни средби со истакнати стопанственици и претставници на бизнис-секторот. Во рамките на посетата, министерот Муцунски ќе оствари и средби со македонски и австралиски бизнисмени, како и со членови на Групата за пријателство со нашата земја во Парламентот на Австралија’, стои во соопштението на МНРиНТ.

Оттаму додаваат дека во фокусот на посетата ќе биде и средба со претставници на македонската дијаспора во Австралија. Министерот ќе даде и интервју за државното CБС радио на македонски јазик, во кое ќе се осврне на актуелните политики и приоритети во односите помеѓу двете земји.

Тага во БиХ: Босанка е убиена во масакрот во Шведска, повреден е и нејзин сонародник

Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина е информирано од Амбасадата на Босна и Херцеговина во Стокхолм дека една државјанка на БиХ е убиена, а еден државјанин на БиХ е ранет во масовно пукање што се случи завчера во Оребро.

Ова се неофицијални информации кои Амбасадата ги добила од членови на семејствата на загинатата државјанка на БиХ, додека полицијата на Кралството Шведска се уште не ги објавила имињата на жртвите од нападот во Оребро.

Како што е наведено, Амбасадата на Босна и Херцеговина во Стокхолм е во постојан контакт со надлежните органи и локалните власти во Шведска со цел навремено да ја информира јавноста во Босна и Херцеговина за состојбата во Оребро, со оглед на големата босанска заедница во овој град.

За потсетување, шведската полиција соопшти дека најмалку 11 лица биле убиени при пукање во училиште за возрасни на 4 февруари. Денеска изјавија дека се работи главно за странски државјани.

Претходно беше соопштено дека меѓу загинатите е и напаѓачот. Иако властите не го соопштија неговиот идентитет, шведските медиуми јавуваат дека тој е Рикард Андерсон.

Полицијата се уште ги истражува мотивите за овој ужасен напад, додека сведоците и семејството го опишуваат Андерсон како повлечена и социјално изолирана личност која со текот на годините целосно го прекинала контактот со околината.

Љутков: Гевгелија е Град на културата за 2025 година

Гевгелија е Град на културата за 2025 година, соопшти министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој денеска заедно со државниот секретар, Марија Ѓоргова, ги посети институциите од областа на културата во овој град.

Министерот Љутков потсети дека Гевгелија вторпат, по 2011 година, е носител на оваа манифестација, а тоа ја потврдува посветеноста на градот повторно да биде во центарот на културните настани во Македонија.

„Ова признание не е само чест, туку и обврска. Тоа е потврда дека Гевгелија, со својата богатa културна традиција, повторно ќе биде во центарот на културните настани во Македонија. Министерството за култура и туризам стои зад вас и ја поддржува оваа манифестација со 3 милиони денари, со цел да создадеме програма со повеќе од 140 настани во текот на целата година, програма што ќе го освежи културниот живот во овој град“, рече министерот Љутков.

Љутков ја посети и Старата чаршија во Гевгелија, за чија комплетна реставрација, од буџетот на Владата се издвоени 40.675.095,00 денари, со што Гевгелија ќе добие нова визуелна и функционална димензија.

„Овие проекти ќе ја подобрат инфраструктурата и ќе создадат простор за културни настани и уметнички проекти, со што ќе се негува традицијата и ќе се поттикнат нови културни трендови“, рече Љутков.

Според министерот Љутков, Гевгелија, со својата локација и природни убавини, привлекува многубројни туристи, а сега, како што рече, со статусот Град на културата, ќе понуди нови искуства и можности за уживање.

Во рамките на посетата на Гевгелија, министерот Љутков, заедно со своите домаќини, ги посети НУ Музеј – Гевгелија и црквата „Свети Атанасиј“ во село Габрово, соопштуваат од Министерството.

притисни ентер