ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и жално- Пендаровски го спречува да се отсели од Македонија само функцијата

Стево Пендаровски пред 5-6 години на граѓаните им ветуваше живот, напредок и подобар стандард. 

Поразителниот резултат од неговата работа е неговото признание дека ако не бил бил на функцијата претседател на Македонија би ја напуштил и би се отсели.

Тоа во исто време е и срамно и жално.

Срамно е тоа што единствено нешто што го врзува за Македонија е фотелјата, а жално е што толку години во политиката и на функции не овозможил подобри животни услови за сите граѓани во Македонија.

Стево Пендаровски додека зема функционерска плата ништо не направи за намалување на сиромаштијата која достигна 600 илјади граѓани. Ништо не направи младите да најдат иднина во својата татковина. Ништо не направи на полето на економијата, на полето на образованието или било кое друго поле од системот кој е во целосно тонење.

Граѓаните се селат затоа што не функционира државата заради кадри како Стево Пендаровски.

Пендаровски го згази достоинството на Македонија и на народот. Тој го изгуби целосно својот кредибилитет и интегритет, се наведува во партиското соопштение.

Макрон: Франција ќе направи се за да се избегне ескалација на конфликтот Израел - Иран

Франција ќе направи се што е во нејзина моќ за да се избегне ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран.

Франција ќе направи се што е во нејзина моќ за да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран на Блискиот Исток, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој го повика Израел да се воздржи од каков било одговор.

„Загрижени сме поради можна ескалација“, изјави Макрон за француски медиуми.

Иран истрела стотици беспилотни летала и балистички проектили врз Израел во текот на ноќта во саботата како одговор на наводниот израелски напад врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април.

„Ќе направиме се што можеме за да избегнеме ситуација што ќе се разгори, ќе ескалира“, рече Макрон, повикувајќи го Израел да се обиде да го изолира Иран наместо да ја ескалира ситуацијата.

Србија/Истражување: Секој трет ученик учествува во најмалку една тепачка годишно

Третина од учениците учествувале во тепачка најмалку еднаш во текот на годината, покажа истражувањето за здравственото однесување на училишните деца во Србија во учебната 2021/2022 година спроведено од Институтот „Батут“.

Весникот Политика денеска објави дека има забележителен пораст на агресивното однесување на девојчињата и дека ученичките почесто ги злоупотребуваат своите врсници во споредба со претходното истражување спроведено во 2018 година.

Психологот Ана Мирковиќ за Политика вели дека истражувањето на однесувањето и навиките на училишните деца покажува дека општеството во кое живееме станува се поагресивно. „Децата и младите растат во култура на насилство, во која агресијата е сеприсутна и стана валута за комуникација“, рече Мирковиќ.

Околу 41 отсто од учениците во прво одделение во средно училиште изјавиле дека првата сексуална врска ја имале на 15 години, а петтина дека првото интимно искуство го доживеале на 11 години.

Истражувањата покажаа дека учениците го поминуваат најголемиот дел од слободното време користејќи интернет, а секој 11-ти ученик ги користи социјалните мрежи повеќе од седум часа дневно.

Секој петти испитаник изјавил дека му е полесно да зборува за своите чувства на интернет отколку лично.

Речиси 40 отсто од учениците се чувствувале нервозни еднаш неделно или почесто, додека третина биле раздразливи, а петтина се жалеле на повремена несоница.

Истражувачкиот примерок го сочинуваа 198 паралелки од петто и седмо одделение од основните училишта и од прво одделение од средните училишта, а на прашањата на институтот „Батут“ одговориле вкупно 3.713 испитаници.

„Гответе со Дракче“ - Мафин од боровници во смути

Во петок (12.04.2024) во емисијата гостин ни беше Јоце Панов)

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. боровници

90 гр. овесни снегулки

80 гр. грчки јогурт

50 мл. нискомасно млеко

1 лажичка мед

малку екстракт од ванила

малку цимет

по желба дозерка протеин од ванила

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер