ВМРО-ДПМНЕ со предлог мерки за помош на угостителите

Субвенции за платите, ослободување од кирии и давачки кон државата се дел од мерките кои ги предлага ВМРО ДПМНЕ до Владата.

 За да му се помогне на угостителскиот сектор кој што е најпогоден од коронакризата и каде околу 30 илјади вработени се во опасност да останат без работа.

Од партијата велат повеќе од 30 илјади работни места во угостителството се загрозен и Владата мора да преземе повеќе мерки за да им помогне на угостителите.

.„Да им се помогне на компаниите од угостителскиот сектор со 50% од бруто платата која ја исплаќаат за секој еден вработен за месеците МАРТ, АПРИЛ и МАЈ. Јавните давачки кон државата, тука влегуваат ДДВ, аконтации за ДДВ, данок на добивка и други давачки, да бидат одложени до 10-ти месец 2020 година, односно до октомври месец и потоа да се наплаќаат на рати без затезни камати од страна на државата. Никој нема да биде оштетен ниту фирмите ниту државата, а ќе има сериозна помош за угостителите,изјави Владимир Нелоски, член на  ИК на ВМРО ДПМНЕ.

Покрај ова, ВМРО ДПМНЕ предлага угостителите да бидат ослободени од плаќање закуп за летните тераси во текот на целата сезона, да се намалат критериумите за користење на владините мерки, а документите потребни за аплицирање да се вадат електронски и на трошок на државата.

Во владејачката партија на став дека мерките кои ги донесе Владата се доволни за помош на економијата. Повикуваат сите да ги почитуваат мерките и задолженијата.

„Пакетот економски мерки обезбедува првична помош од 200 милиони евра помош која опфаќ 250.000 вработени и 35.000 компании. Државата дава 14.500 денари плата за секој работник во фирмите коишто се погодени со кризата, затоа што секој работник е важен. За граѓаните обезбедуваме сериозни финансиски олеснувања, се одложува наплатата на кредити, се стопираат извршителите.

Паралелно се кратат непродуктивните трошоци, се намалуваат платите на избраните и именувани функционери и директорите, а членовите во советите на општините и членовите на надзорните и управните одбори нема да земаат надоместок додека трае кризата“, вели Костадинов.

Од Туристичко угостителската комора вчера објавија дека нема да ги користат владините мерки за помош и дека околу 15 илјади вработени во овој сектори веќе се отпуштени од работа, а истото им се заканува и уште толку лица кои се вработени во угостителството.

притисни ентер