ВМРО-ДПМНЕ: Со договорот се брише името Македонија и националниот идентитет

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во негово учество во грчката национална телевизија накратко објаснува: Ние нема да ги ословуваме како македонци ние ќе ги ословуваме како славо македоци.

Почитувани,

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во негово учество во грчката национална телевизија накратко објаснува: Ние нема да ги ословуваме како македонци ние ќе ги ословуваме како славо македоци.

Ќе потсетам на пишана изјава на Јоргос Катругалос, алтернативен грчки министер за надворешни работи, одговарајќи на критиките од опозицијата вели дека во договорот не е споменат идентитетот, ниту пак националноста, туку само правната врска на граѓаните со државата.

– Во договорот нема никакво споменување на националност, ниту пак би можело да постои. Се споменува државјанство, отворете го вашите пасоши каде што пишува државјанство. Тоа е правната врска на граѓанинот со државата, не е националноста, со тоа не може да се занимава договорот, бидејќи е прашање кое е поврзано со свеста и самоопределувањето.

Почитувани,

Договорот за капитулација кој што го преговараше Зоран Заев не преставува никаква заштита за идентитетот. Уште една негова лага е дека се штити идентитетот на македонскиот народ.

Погледнавме две изјави. Првата е на грчкиот премиер Алексис Ципрас каде кажува дека Грција нема да не признае како македонци, и втората е на Јоргос Катругалос кој e алтернативниот грчки министер за надворешни работи и кажува дека во договорот нема споменување на национаност, туку се споменува само државјнство.

Ова укажува на тоа дека Зоран Заев едно говори пред домашната јавност, а грчките политичари го соопштуваат она што Заев го премолчува во Македонија. Договорот на Заев за капитулација не го штити Националниот идетитет, туку напротив го загрозува.

На ова се надоврзува и членот на договорот со кој се предвидува бришење на зборот Македонија од употребата и инситутционалната меморија во земјава.

Ова значи дека Зоран Заев не само што не го штити името туку тргувал и со националниот идентитет и директно го загрозува со ваквиот договор.

Ова е договор со кој стопроцентно се прифаќаат сите грчки барања, ниту една позиција на Македонија Заев не ја заштити во преговорите.

Го повикуваме јавно и гласно да ги објасни изјавите на грчкиот премиер Ципрас и министерот Катругалос? Зошто дома ја лаже јавноста дека идентитетот е сочуван, кога самиот текст на договорот тоа не го потврдува и сосема понинаку говори гркиот државен врв?

Има ли грам чуство за државност Зоран Заев штом прифатил ваков антидржавен и штетен договор?

Договор дивоградба за преуредување на националниот идентитет и облик на Македонија. /МИА

Се евакуира населението поради ерупцијата на вулкан на Индонезија, аеродромот е затворен

Жителите кои живеат на индонезискиот остров Сулавеси денеска се евакуирани поради опасност од ширење пепел, расфрлани карпи, жежок вулкански облак и потенцијално цунами, пренесе АП.

Властите наредија повеќе од 11.000 луѓе да ги напуштат своите домови, но досега тоа го направиле само околу 1.000 луѓе.

Меѓународниот аеродром во градот Манадо, кој се наоѓа на помалку од 100 километри од вулканот Маунт Руанг, останува затворен поради вулканската пепел во воздухот.

Сателитските снимки од Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика покажуваат дека пепелта се проширила на запад, северозапад, североисток и југоисток, покривајќи ги Манадо и Северна Минахаса.

„Продолжуваме да го следиме развојот на ситуацијата по ерупцијата на планината Руанг и работиме во координација со релевантните актери, со цел да се предвидат активности за да се овозможи безбедност и удобност на воздушниот сообраќај“, рече шефот на регионалниот аеродром Амбар Сурјоко.

Официјалните лица стравуваат дека дел од вулканот може да пропадне во морето и да предизвика цунами, што се случи за време на ерупцијата на тој вулкан во 1871 година.

Во средата, планината Руанг имаше најмалку пет силни ерупции, што го натера Центарот за вулканологија и проценка на геолошки ризик да издаде највисоко ниво на тревога.

На граѓаните им беше кажано да останат најмалку шест километри подалеку од вулканот висок 725 метри.

Индонезија, архипелаг од острови, е дом на околу 270 милиони луѓе и има 120 активни вулкани.

Ковачки: Со „Платформа 1198“ предвидуваме поврзување на Крива Паланка со Македонска Каменица

„Македонија е во претешка состојба. Економијата е крахирана, системот е девастиран, а криминалот и корупцијата длабоко навлезени во секоја пора од општеството. “

Со ДУИ и измеќарите од СДС, животот никогаш не бил потежок. Нема ден да помине без некој нов коруптивен скандал или афера. Ненормалното го претставуваат како нормално, наспроти вистинските вредности и принципи врз кои треба да ја темелиме иднината на Македонија и народот“, истакна носителот на ИЕ3, Драган Ковачки од митингот во Крива Паланка.

Ковачки додаде дека скандалите и аферите се секојдневие. Нема тендер, а да не е сомнителен, нема работа во која власта на ДУИ и СДС нема некој процент или екстра заработувачка. Се им се врти околу екстра заработувачка. Додека граѓаните потонаа во сиромаштија и беда, тие го окрупнуваа своето богатството.

„На Димитар Ковачевски му беше прифатливо се што ќе Али Ахмети, затоа што тоа му беше единствен спас за да опстои на власт, државата им ја даде на тацна на ДУИ. А, на сметка на тоа на граѓаните им дадоа апатија и разочараност, државата ја потонаа во долгови, со највисока стапка на инфлација и рекордер по сиромаштија“, укажа тој.

„Овие избори се историски момент во кои мораме да одбереме помеѓу два концепта. Едниот концепт го нуди ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е „Платформа 1198“, проекти, реформи, иднина, надеж, а другиот концепт е на ДУИ и СДС, корупцијата, непотизмот, партизираното судство, милионските тендери и екстра профити“, нагласи Ковачки.

Тој посочи дека „Платформа 1198“ подразбира Македонија да биде повторно твоја, во рацете на граѓаните.

„Со „Платформа 1198“ се обврзуваме на економски раст од 5 проценти, намалување на невработеноста на 7,5 проценти и нови 55.000 вработувања, на ниски даноци и рамен данок, на 2 милијарди евра за патна инфраструктура, изградба на нови патишта и реконструкција на постоечките. Ветуваме конечна изградба на Клиничкиот центар во Скопје и Клиничката болница во Штип. Со „Платформа 1198“ се обврзуваме на 3 милијарди инвестиции, привлекување на директни странски инвестиции и поддршка за домашното стопанство“, порача тој.

„Со „Платформа 1198“ се обврзуваме на 50 милиони евра за спортот, 5.000 денари линеарно покачување на пензиите на сите пензионери во првата година од мандатот, почитување на колективниот договор во образованието и конечно добивање на она кое што го заслужуваат, повисоки плати за просветните работници, 250 милиони евра реалокација на средства од државниот буџет за општините за една година, или една милијарда евра за четири години од мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ“, укажа Ковачки.

Ковачки рече дека со „Платформа 1198“ се обврзуваат на 800 милиони евра за земјоделците, гарантиран откуп и загарантирани цени на земјоделските производи.

„Исто така „Платформа 1198“ подразбира бескомпромисна борба против криминалот и против корупцијата. Само така од Македонија повторно ќе направиме правична држава, во која владее правото и во која секој кој се огрешил пред законот, соодветно ќе одговара. Нема повеќе, законот да важи само за граѓаните, а не и за владата на СДС и ДУИ. Туку за сите подеднакво. Секој еден кој погрешил, ќе мора да си добие соодветна казна“, додаде тој.

„Овде во Крива Паланка со „Платформа 1198“ предвидуваме поврзување на Крива Паланка со Македонска Каменица со асфалт, пат Тораница – Саса во должина од 19 километри, предвидуваме доизградба на главен фекален колектор по фази и докоплеменетирање на техничката документација за пречистителна станица, изградба на нов водоводен систем од Љуњки до село Конопница. Предвидуваме исто така изградба на делница од Страцин до Длабочница како дел од експресниот пат А2, од Ранковце до Крива Паланка од патниот коридор 8 кон Република Бугарија“, истакна Ковачки.

Ковачки од Крива Паланка порача дека ова е последна шанса за да се делегитимираат корумпираните елити на СДС и ДУИ. Да се делегитимира нелегитимниот Димитар Ковачевски кој на тацна им ја даде Македонија на ДУИ и стопанот Али Ахмети, се наведува во партиското сопштение.

Маричиќ: Ја имаме најголемата шанса за влез во ЕУ до сега

Вечерва од Кисела Вода, Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ се обрати од собирот на граѓани.

Во своето обраќање вети надеж, посветеност и напорна работа на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија.

„Ние ја гледаме иднината на државата како горда и рамноправна членка на ЕУ најдоцна до 2030 година. Сега ја имаме најголемата шанса досега за влез во ЕУ – извесно е, предвидливо е, остварливо е. Заедно ќе успееме.“

Маричиќ посочи дека патот кон ЕУ не е лесен. Но, државничките одлуки што ги донесе Владата на СДСМ во изминатиот период ја приближија земјата до ЕУ.

„Од почетокот на 2022 до оваа година, посветено спроведувавме политики и мерки кои гарантираат економска сигурност, подобрен животен стандард и солидарност.

Докажавме дека грижата обезбедува поддршка, стабилност и спокојство за сите наши граѓани. Посебно внимание посветивме на социјално ранливите групи и пензионерите.

СДСМ има конкретна, издржана и остварлива програма грижа за сите категории граѓани и за идниот развој на државата” - рече Маричиќ, се наведува во партиското соопштение .

притисни ентер