ВМРО-ДПМНЕ: Синот на Талат Џафери полагал правосуден испит пред да стекне соодветно образование

Синот на Талат Џафери полагал правосуден испит пред да стекне соодветно образование, институциите молчат и се прават ненадлежни.

Скандалот со полагањето на правосудниот испит од страна на синот на Талат Џафери покажува дека институциите не реагираат соодветно за очигледна неправилност која излегла на виделина. ДКСК се прави ненадлежна, молчат од министерството за правда, молчат од Академијата за судии и обвинители, молчи Талат Џафери, молчи владата.

Сите се прават недоветни и ја убедуваат јавноста дека може да се изгради кров на куќа без да се стават темели. Токму тоа се случило со Барлет Џафери, синот на Талат од Форино, кој полагал правосуден испит пред да го заврши мастер студирањето, односно пред да стекне законско право за тоа.

Да биде срамот поголем откако се откри овој скандал надлежните се оградуваат и ја префрлаат одговорноста на друг. Де ја нема документацијата, де не се надлежни, де застарено е, де ова де она. А синот на Џафери веќе е пред завршување на Академијата за судии и обвинители. Од кого се плашат институциите да зборуваат и да го отворат овој случај. Дали постои политички притисок ова да се забошоти? Дали постоел политички притисок со кршење на закон да се полага правосуден испит? Ова мора да се испита и да се санкционира секој оној кој ги прекршил законите. Ниту било каков автократ од Форино, ниту било каков коалициски владин интерес не смее да застане на патот на правадта.

Ова е многу сериозна работа. Зарем со кршење на норми може да се стане човек од правосудството? Ова е апсурдот на оваа власт. Полна им е устата со правна држава, а всушност молчат и одобруваат кршење на законот

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Санкционирани 129 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции....

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, четири мерки за користење на мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Избори во Хрватска: По преброени 98 отсто од гласовите-ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

 Хрватската демократска заедница (ХДЗ) освои 60, а Социјалдемократската партија (СДП) 42 мандати на парламентарните избори во Хрватска одржани вчера, покажуваат податоците на Државната изборна комисија, по преброени 98 отсто од гласовите.

За формирање влада потребна е поддршка од најмалку 76 од вкупно 151 пратеник во Саборот.

Гласале 61,99 отсто од избирачите. Право на глас на изборите имаа околу 3,7 милиони луѓе, што е за 127.000 помалку од пред четири години.

Следи Движењето Татковина со 14 мандати, Мост со 11 мандати, а петти се „Можеме“ со 10 освоени пратенички мандати.

Истарското Демократско Собрание (ИДС) освои три мандати, независната платформа „Север“ освои две места, а коалицијата Фокус-Република освои еден мандат.

Премиерот на Хрватска и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ најави дека од дeнеска ќе започне разговори за формирање ново парламентарно мнозинство заради формирање на третата влада на ХДЗ.

„ХДЗ убедливо победи на парламентарните избори третпат по ред“, изјави Пленковиќ во изборниот штаб на ХДЗ во Загреб по парламентарните избори одржани вчера, на кои победи ХДЗ, но со недоволно гласови за самостојна влада. Пленковиќ оцени дека опозициската Социјалдемократска партија не заслужува да формира влада, туку тоа треба да го направи ХДЗ како победник на изборите.

Од друга страна, и претседателот на најголемата опозициска партија СДП, Пеѓа Грбин, најави дека од денеска ќе започне разговори за можна постизборна коалиција со партиите кои најавија дека нема да коалицираат со ХДЗ.

- Изборните резултати не се онакви какви што посакувавме, но покажаа дека граѓаните на Хрватска сакаат промени и дека не се задоволни од она што се случува во Хрватска, истакна Грбин во изборниот штаб на СДП во Загреб.

Грбин рече дека на Хрватска и претстојат денови, недели, а можеби и месеци на разговори за формирање влада. - Тие разговори ќе завршат добро, со промена што ќе ја направи Хрватска подобра земја, земја без корупција која се грижи за својот народ, рече Грбин.

Кандидат за премиер на СДП е претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, поранешен лидер на таа партија. Тој не беше на листата на СДП, бидејќи Уставниот суд му забрани да го стори тоа, со оглед на тоа што претходно не поднесе оставка од функцијата претседател на државата.

Променливо облачно со повремен дожд, на планините и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. 

На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Како што соопштија од УХМР, времето во наредните денови до почетокот на следната седмица ќе биде променливо облачно и посвежо, наместа со повремени врнежи од дожд. Во петок пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови, а во недела на повеќе места. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

притисни ентер