ВМРО-ДПМНЕ: Што им ветил Џафери на Чеченците?

СДСМ да не молчи и да одговори дали и кои нивни функционери присуствувале и знаеле за средбите на Талат Џафери со лица од Чеченија кои претставуваат ризик за безбедноста на Македонија и западниот свет.

Исто така граѓаните треба да добијат одговор дали и Ковачевски како дел од владата, знаел за средбите на Талат Џафери со чеченската делегација предовдена од пратеникот на Думата Абдул-Вајед Нијазов.

Што сомнително се договарало на истата средба штом се крие, иако Џафери како претседател на Собрание треба да известува со кои официјални лица се среќава и колку такви средби кои се ризик за Македонија и остварил?

Што им ветил Џафери на Чеченците и како е возможно безбедносните служби да дозволиле таква средба која очигледно е ризик за безбедноста?

СДСМ треба да одговори дали нашите меѓународни партнери биле известени за средби на Талат Џафери како претседател на Собрание со претставници кои не само што се ризик за безбедноста туку и ги поткопуваат демократските и западните вредности.

Додека устите на СДСМ и ДУИ им се полни со поделби во државата на прозападни и антизападни, нивни функционери се среќаваат со контроверзни лица од Чеченија, марионети на Кремљ.

Впрочем и затоа ги прават тие поделби и така се обидуваат да си ја ишкаат мувата од капата.

Воедно власта треба да одговори и кој ја дал идејата за изградба на споменик во Тетово на Ахмат Кадиров, односно на таткото на Рамзан Кадиров - лидерот на Чеченците кој се бори во Украина?

Талат Џафери не само што има девијантно однесување кон вработените во Собранието, тој со вакви средби ја поткопува и сигурноста и демократија на Македонија. Таков човек е недостоен да биде носител на било каква функција, особено не е достоен да биде претседател на Собрание.

Талат Џафери мора веднаш да поднесе оставка, а СДСМ и ДУИ да одговорат зошто е одржуваат средби со лица кои се безбедносен ризик за Македонија, но и за западниот свет.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски, кој не се извини за говорот на омраза кон Силјановска.

Пендаровски не се извини за говорот на омраза кон професорката Силјановска, со тоа поттикнува таквото однесување да продолжи.

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а жените се рамноправни и не се предмет на исмевање како на митинзите на СДС.

Пендаровски е демократ само на хартија. Во реалноста е политичар кој за главна алатка го има говорот на омраза.

Пендаровски со самиот факт што не сакаше да се извини кон професорката Силјановска дава сигнал кон своите активисти да продолжат да ја навредуваат и омаловажуваат на полова и старосна основа.

Пендаровски со ова свое однесување само уште еднаш покажа зошто Македонија изминативе години со него и СДС стагнираше на секое поле од владеење на правото до економија.

Време е народот да си ја врати државата. Време е Македонија повторно да биде горда.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4.

Со денешниот извоз на последните три контејнери со околу 63 тони почва загадена со линдан од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС во Скопје се финализира „ЛОТ“ 3 (Дел 3). Како што информираат за МИА од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), крајната дестинација на трите контејнери е во фирмата Indaver HIM Gmbh во Германија.

Воедно, денеска ќе бидат извезени и првите шест контејнери со отпад од линдан во вкупна количина од околу 120 тони од „ЛОТ“ 4. Крајната дестинација на овие контејнери е во фирмата Tredi Sv. Vulbas во Франција.

- За „ЛОТ“ 4 се обезбедени средства и се очекува во наредните два до три месеци тој целосно да биде реализиран. Останува уште да се обезбедат средства за „ЛОТ“ 5 со што целосно ќе биде расчистена малата депонија со линдан во кругот на ОХИС. Поголем проблем ќе претставува расчистувањето на големата депонија со линдан која опфаќа и делови од Пеленица за што ќе бидат потребни многу повеќе средства кои допрва треба да се обезбедат, велат од Државниот инспекторат за животна средина за МИА.

Нагласуваат дека во текот на денот главниот инспектор за животна средина Хусни Тачи ќе направи инспекциски надзор на малата депонија во ОХИС.

СДСМ:Силјановска е продолжена рака на Мицкоски, оттука се навредите кон Пендаровски,Ковачевски

Силјановска е продолжена рака на Мицкоски, па оттука се навредите, коишто не штеди да ги упати кон Пендаровски и Ковачевски.

Ниските напади за мизогинија, личните дискредитации, навредите за интелектуални капацитети, со кои не може да се гордее ниту еден политичар, само потврдуваат дека кај Силјановска, Мицоски и ДПМНЕ расте паниката од пораз на изборите, најавен уште кога не успеаја да соберат доволно потписи за поднесување на кандидатурата на Силјановска за претседател.

Силјановска и Мицкоски немаат што да кажат за програма, план и визија за иднината на државата и на граѓаните, па затоа упатуваат навреди кон Пендаровски и Ковачевски.

Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација.

Граѓаните сакаат напред, сакаат да живеат во европска Македонија, затоа на изборите ќе го дадат својот глас за европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.

СДСМ

притисни ентер