ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов пред избори своите партиски војници ги наградува со вработување во ЈСП

Денес на седницата на Советот на Град Скопје се дискутираше по повеќе точки меѓу која беше и 10-тата точка, Предлог одлука за давање на согласност на измената на Годишниот план за вработување на ЈСП за 2021 година. 

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нагласи дека бесмислено е ЈСП во време на пандемија да вработува во администрација, кога се соочува со недостиг на возачи.

„Она што сакам да го кажам на оваа точка е тоа дека вработувањата значи не запираат. И се ќе биде во ред верувајте, со искрена намера ќе гласав за оваа одлука, но доколку на оваа одлука видев дека се вработуваат она што и фали на ова јавно претпријатие најмногу, а тоа се возачите", рече советничката Ирена Мишева.

Мишева додаде дека е апсурд да се говори за вработувања во администрација додека недостасуваат возачи во ЈСП.

„А, сега зборуваме за вработување на администрација. Јас искрено се прашувам колку ќе опстане ова јавно претпријатие, бидејќи малку во пензија заминуваат, а многу нови се предвидуваат. Меѓу тоа со оглед дека јас мислам дека ова јавно претпријатие најмногу настрада од сите јавни претпријатија со КОВИД кризата. Ова јавно претпријатие претрпува навистина многу финансиски загуби речиси година дена. И искрено мислам дека навистина треба да се размисли дали понатаму се потребни нови вработувања", нагласи Мишева.

Во расправата на оваа точка дискутираше и советничката Јелена Жугиќ која потенцираше дека не знае како ќе издржи ова јавно претпријатие ако вработува нови 175 лица и тоа само администрација. И не знае како Советот на Град Скопје очекува дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поддржи веков предлог.

„Ние сите сме свесни дека во времево на пандемијата ЈСП е можеби најмногу погодено, постојано опстојува благодарение на субвенциите на Градот Скопје. И сега се соочуваме со 175 нови вработувања. Знаеме за кој тип на вработувања се тие. Од кои што само 41 има пензионирање еве сосема е логично да се пополнеа тие места, на оние вработени кои што одат во пензија, и да не се оптеретува додатно со исплаќање на плати и придонеси. За жал гледаме дека најголемиот дел од планираните вработувања се во администрација и тоа за помош на директорот, а не како што рече и советничката Мишева онаму каде што е најпотребно, а тоа е зголемен број на возачи", појасни Жугиќ.

Жугиќ посочи дека да се вработи поголем број на возачи, граѓаните немаше да се соочуваат со метежи по автобусите и немаше да има потенцијални кластери во време на КОВИД пандемијата.

„Не знам колку е потребен во овој момент во услови на пандемија соработници за секундарна продажба, за примена за закон на јазик, инженери за инвестиции, раководители на сектори, сметководство, работник за обезбедување на имоти и лица, работник за изгубено/ најдено, за правни работи, човечки ресурси, референти по статистика, раководители на одделенија за општи работи итн. Навистина од една страна му помагаме на ова јавно претпријатие, и треба да му помагаме и секогаш сме биле на страна на ова јавно претпријатие, а од друга страна овие 175 нови вработувања излегува дека ние свесно сакаме да го распаднеме ова претпријатие", рече Жугиќ.

Советничката Светлана Колариќ во дискусијата посочи дека Шилегов сега своите партиски војници ги наградува со вработување во ЈСП, во претпријатие кое што е на раб на егзистенција и опстојува со субвенции.

„Сега се соочуваме со измена на планот за вработување во ЈСП каде што од приложените прилог листи може да видиме дека станува збор за огромен број на вработување на административни работници. И кога се прочепка по пријатели, свиркачи, дослушници, сите тие велат дека станува збор за партиски вработувања", нагласи Колариќ.

Колариќ додаде дека треба да има ред на вработувањето, сите можни граници веќе се преминети. Сега немате пакети, па мафтате со луѓе. Ниту едно јавно претпријатие нема да издржи толку вработувања.

„Денес на оваа седница имаме предлог одлука за давање согласност за измена на Годишниот план за вработување во ЈСП за 2021 година, и често ни се случува ваква точка на дневен ред да имаме и често се случува градоначалникот кога ќе земеме збор да каже ама ова е само план. Дури и само да е план за вработување ако ги разгледате и изброите работните места кои што се во план вкупно на број 175 само 41 од нив е возач на автобус. Едно јавно претпријатие на кое што основна дејност му е транспорт на луѓе од вкупниот број на луѓе планирани кои што ќе се вработат се само 23%",истакна советничката Ирена Попова.

Попова рече дека не знае каде е логиката на овој План за вработување во време на пандемија, кога возачите не можат одмор да си земат бидејќи се премалку.

Се засилува ли тимот на „Сексот и градот“ по желба на Сара Џесика Паркер

Актерката Сара Џесика Паркер сака британскиот заводник Хју Грант да се појави во новите продолженија на серијата „Сексот и градот“.

Според странските медиуми, Паркер сака машка sвезда во серијата и дава се од себе за да го убеди Хју Грант да им се придружи на нивната екипа.

„Сара Џесика сфати дека треба голема, навистина голема, машка sвезда да се приклучи на повторната средба на „Сексот и градот“ за да помогне во олеснувањето на отсуството на Ким Катрал, и потенцијално и на Крис Нот, со кого сè уште преговара за враќање и за чија специфична улога сè уште се расправа “, изјавил извор близок на актерката за „Мирор “.

Новата сезона на „Сексот и градот“ се вика „И само така...“ и ќе има десет епизоди. Сара Џесика Паркер ќе биде во улогата на познатата Кери, а со неа во новите продолженија ќе се појават и Кристин Дејвис како Шарлот и Синтија Никсон како Миранда.

Хју Грант и Сара Џесика Паркер работеле заедно неколку пати. Тие прво соработувале во далечната 1996 година во трилерот Extreme Measures, а подоцна и во романтичната комедија „Што има ново со Морганови?“

Ауди го претстави А6 во е-трон изведба (ВИДЕО)

„Ауди“ го претстави „Ауди А6 е-трон“ во концептно издание на автосалонот во Шангај, најавувајќи пристигнување на нови електрични модели.

Единствено заедничко со името на моделот, што многумина го перцепираат како најдобро во сегментот, се димензиите. Концептот е со должина од 4,96 м, широк е 1,96 м и висок 1,44 м. Важно е дека ја користи платформата PPE (Premium Platform Electric), која во иднина, покрај овој модел, ќе ја користат и новите Q5 и Q6, секако во електрични е-трон верзии. Платформата е развиена со Porsche, така што ќе ја користи новиот Macan, а првиот производствен модел ќе биде претставен на пазарот за една година.

Првите впечатоци се дека Ауди нема многу да ги промени производните перформанси. Имено, многумина веќе велат дека новиот A6 може да се види, макар и со мали измени, бидејќи овој има Sportback архитектура со пет врати, па затоа е поблиску до новиот A7.

Најголемите новини во изразот на дизајнот на Ауди се натамошно подобрување на аеродинамиката (cW = 0,22), со поизразен дифузер, затворената предна решетка и поставување нови отвори за ладење на погонот. Нијансата на бојата на Heliosilver со 3Д ефект и поизразената рефлексија и новата генерација на LED светла со дигитална матрица се погрижија за другата страна на концептната приказна. Нивната резолуција е толку добра што фаровите на ѕидот можат, доколку е потребно, да проектираат филм или видео игра.

На задната страна е поставена следната генерација на OLED светла со безброј опции за персонализација на графиката.

Во средината на возилото е батерија со капацитет од 100 kWh, и носи технологија од 800 волти. 10 минути полнење значи и опсег од 300 км, додека полнењето од 5 до 80% трае точно 25 минути. Опсегот е 700 км.

Двата електромотори даваат максимум 350 kW и 800 Nm, што во комбинација со quattro погон значи врвни перформанси. Почетниот модел со еден мотор ќе може да достигне 100 км / ч за помалку од 7 секунди.

И додека моделот на Porsche на платформата PPE (Macan) нема да се произведува во Кина, оние од Audi исто така ќе доаѓаат од Кина, поточно фабриката FAW. Да потсетиме, платформата PPE ќе се користи за модели од големи серии, додека ексклузивците како Audi e-tron GT и Porsche Taycan ќе ја користат платформата J1.

„Кралска тага“- Кралицата Елизабета снимена прв пат по погребот на принцот Филип

Два дена по погребот на принцот Филип, кралицата Елизабета е снимена како вози сама низ градините на Фрогмор, нејзиното омилено место што редовно го посетува кога е во замокот Виндзор.

Кралицата често го поминува своето слободно време кога е во Виндзор и ги носи таму своите кучиња на прошетка. Патем, од куќата Фрогмор каде што моментално се наоѓа, е оддалечено само неколку минути.

Извори од палатата за „Сан“ велат дека кралицата наоѓа мир во градините Фрогмор по смртта на нејзиниот сопруг.

Фотографиите на кралицата во автомобилот трогнаа многу Британци, а „Сан“ ги објави под наслов „кралска тага“.

Инаку, кралицата е во капелата Св. Џорџ седеше сама за време на погребот, поради епидемиолошките мерки. Британскиот водител Пирс Морган објави фотографија од кралицата на клупата и напиша: „Има ли потажна фотографија од оваа?“

притисни ентер