ВМРО-ДПМНЕ: Секој граѓанин веќе должи 2.200 евра, а Заев го задолжи за дополнителни 330 евра

Ново задолжување со Евро-обврзница. Банкротирана држава.

Пред околу четири години, шарената револуција предводена од СДСМ организираше протести против задолжувањето на Република Македонија со Евро-обврзница. Да издвоиме неколку наслови од дневниот печат:

„Нема правда кога јавниот долг вртоглаво расте"

„Секој граѓанин на Македонија веќе должи по 2.200 евра, а режимот сака да го задолжи за уште 330 евра, во очајнички обид да продолжи да владее криминално",

Кире Наумов: Денеска спасивме Македонија да не се задолжи за дополнителни 230 милиони евра

Кире Наумов: Еврообврзницата ја стави Македонија во должничко ропство

Јавниот долг и официјално ќе го надмине износот од 5 милијарди евра или 54 отсто од БДП.

Навистина иронично. Ги изманипулираа граѓаните за висината на јавниот долг, ги организираа да протестираат и да го фарбаат Министерството за финансии. Но што прават денес? Се задолжуваат во огромни размери, без компас и воопшто не знаат зошто.

Паролата во 2016 година на СДСМ беше: Секој граѓанин должи по 2200 евра, а денес секој граѓанин должи по повеќе од 3 000 евра. Но каква е ситуацијата денес?

Јавниот долг во 2020 година веќе го надмина прагот од 60% односно мастришкиот критериум, а со ваквото темпо на задолжување, до 2021 година јавниот долг ќе достигне повеќе од 65% од Бруто-домашниот производ. Што ова значи за граѓаните?

Република Македонија денес е банкротирана држава. Само за камати во 2021 година Република Македонија ќе исплати повеќе од 120 милиони евра или секој

граѓанин ќе плати 600 евра само за камата. Но дали граѓаните знаат зошто ќе ги дадат овие пари? Секако дека НЕ.

Потрошувачката во Република Македонија значително е опадната. Приходите во буџетот по основ на ДДВ во 2020 година опаднаа за 10%, а ваквиот тренд продолжува и во 2021 година (пад на приходите по основ на ДДВ од 2%). Новите 60 000 невработени стануваат голем товар за буџетот на Република Македонија, па се поставува и прашањето како и кој ќе ги враќа овие нови долгови. Одговорот е јасен – идните генерации.

Ќе се согласиме, дека задолжување е неопходно, но за конкретни проекти. Потребно е за изградба на Автопатити, железници – хидро и солрани централи, за Изгрдба на скијачки центри …. Но зошто се задолжува Владата на Заев? За некој автопат ? За железница ? Не – туку само за едноставен поткуп на гласачите пред избори. Нема проекти, нема идеи односно комплетна безидејност и апатија.

Министерството за финансии се испофали за висината на каматата. Но дали во Министерството за финансии знаат дека Република Словенија издаде Евро-обврзница со негативна камата? Дали во Министерството за финансии знаат дека земјите од Источна Европа многу поретко се одлучуваат за Евро-обврзница и се ослонуваат на сопствените финансиски пазари ?? Извор – Bloomberg.

Кога подетално ќе анализираме, одлуката на Народната банка за забрана на исплата на дивиденди најверојатно е мотивирана токму од состојбата во Република Македонија со јавниот долг. Имено, Државата во следниот период ќе мора да се задолжи на домашниот пазар, а сето тоа ќе може да го направи само ако банкарскиот сектор е ликвиден. Токму затоа и вакво ограничување во услови на високи профити кај банкарскиот сектор.

За крај се поставува прашањето дали можеби требаше ВМРО ДПМНЕ да пишува писма до меѓународната заедница, до големите комерцијални банки и финансиски друштва и да објаснува за големата задолженост на нашата земја и да бара да не се издаде Евро-обврзница? Секако дека НЕ. Тоа може да го направи само некој што не ја сака Македонија.

Комисија за финансии на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер