ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во Штип не направи ниту еден проект

Љупчо Николовски и Сашко Николов безочно ги лажат граѓаните на Штип. Како што знаат само во СДСМ Љупчо Николовски и Сашко Николов се расфрлаат со ветувања за граѓаните на Штип. 

Тие и сега како и пред три години немаат што да им понудат на граѓаните освен лаги.

3 години не реализираа ниту 5 проценти од програмата на претходните локални избори. 3 години не направија ниту еден капитален проект, ја нема гасификацијата, ја нема браната, ја нема жичарата.

Гледаме дека во овие 3 години власт на СДСМ во Штип единствено функционира делењето на тендери на фирмите на Бочварски.

СДСМ, Николовски и Николов молчеа за злоупотребите за тендерите. Наместо да ги спречуваат ги охрабрувале.

Затоа граѓаните на Штип немаат доверба во тоа што го кажуваат СДСМ.

Затоа СДСМ организира избори во кризна состојба и го изложуваат во опасност здравјето на граѓаните само за да го покрие своето неработење и злоупотребите кои ги имаат направен во Штип.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Трамп го прозва Бајден поради користење ливчиња за потсетување

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се огласи по повод снимката на која се гледа како неговиот наследник Џо Бајден користи ливчиња за потсетување за време на неодамнешната прес-конференција.

Трамп на Телеграм ја сподели видео снимката, која ја објави телевизиската мрежа „ОАН" со коментар: „Можете ли да верувате? Не е чудно што нашата земја оди по ѓаволите".

Станува збор за прес-конференцијата која Бајден ја одржа во Корнвел, во Англија, за време на самитот на Г7.

Медиумите пренесоа дека на ливчињата за потсетување се наоѓале одговори на евентуални новинарски прашања, меѓу кои и оние што се однесувале на Министерството за правда. Некои од подготвените одговори гласеле: „Трамп ги злоупотреби овластувањата", „Сега ние тоа треба да го расчистуваме", „Министерството за правда на Трамп е надвор од контрола".

Инаку, тоа не е првпат Бајден да користи ливчиња за потсетување. Западните медиуми пренесуваат дека Бајден истите ги користел и на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, како и на својата прва прес-конференција во март.

САД: Бурата Клоудет може да погоди седум милиони луѓе

 Националниот центар за урагани соопшти дека се очекува до полноќ по локално време силна бура, наречена Клоудет, да пристигне до американското тло од брегот на Луизијана.

Издадено е предупредување дека нова тропска бура, која може да погоди околу седум милиони луѓе кои живеат на јужниот брег на САД, би можела да стигне до копното.

Објавено е дека пороен дожд и силен ветар од Мексиканскиот Залив од утринските часови почнале да стигнуваат до копното на САД, заканувајќи им се на седум милиони луѓе кои живеат во регионот од Луизијана до Флорида.

– Кабинетот на гувернерот за национална безбедност и подготвеност за итни случаи (GOHSEP) мобилизира тим за кризни ситуации и заедно со нашите локални партнери сме подготвени за сите неопходни итни случаи, изјави гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс.

Вонредна состојба беше прогласена минатиот месец во Луизијана, каде во поројни дождови и поплави загинаа најмалку четири лица.

МВР: Санкционирани 194 мотоциклисти

Вкупно 194 мотоциклисти санкционира полицијата во текот на вчерашниот за време на зајакнатата контрола на територијата на Република  Македонија.

Од нив, 58 управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, 10 мотоцикли биле нерегистрирани, 107 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а девет мотоцикли се времено одземени поради техничка неисправност и непродолжена важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.

Според МВР, најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Велес – 43, СВР Битола – 30, СВР Струмица – 28, СВР Тетово – 25…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.

притисни ентер