ВМРО-ДПМНЕ: СДС зборува за ланскиот снег

Дури и овој месец паразитите од власта лапаат баснословни плати и хонорари.

Јавноста преку аферата „Паразити“ го виде лицемерието на власта на СДС и ДУИ. Народот виде дека додека власта се правда дека нема пари за образованието, здравството, земјоделството, стопанството, се трошат милионски суми за плати и хонорари на нивните функционери.

Очигледно дека криза е за народот, ама нема криза за функционерите на СДС и ДУИ.

Сега СДС зборува за ланскиот снег, дури и овој месец, кога народот не знае како ќе го помине, паразитите од власта лапаат баснословни плати и хонорари.

Само за десетина функционери именувани од оваа власт за еден мандат се предвидени или исплатени над 2 милиони евра. Ефектот од нивната работа е никаков, ама затоа џебовите им се наполнети до врв.

Дури студентите молат за некој денар повеќе, Љубе Бошковски за еден мандат инкасира 50 илјади евра, а никој не знае што работи.

Во време на криза кога власта бара народот да го стега ременот, да се тушира кратко и со поладна вода, да готви во мали тенџерчиња, функционерите именувани од СДС ги полнат до врв длабоките џебови.

Тоа се паразитите на грбот на народот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Хаверц надвор од терените до крајот на сезоната

Арсенал излезе со соопштение по повредата на напаѓачот Каи Хаверц. „Топчиите“ потврдија дека германскиот напаѓач ќе го пропушти остатокот од сезоната 2024/25.

Играчот наскоро ќе биде опериран поради повреда на тетивата здобиена на тренинг.

- Набргу по неговата операција, Каи ќе започне со програма за опоравување и рехабилитација, која се очекува да продолжи во претсезонските подготовки за следната сезона, се вели во соопштението на клубот.

Повредата на Хаверц го остава тимот без централни напаѓачи.

Хаверц оваа сезона одигра 34 натпревари за лондончани во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 голови и пет асистенции. /МИА

Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Киев нема да прифати никакви договори за иднината на Украина што би биле постигнати меѓу Москва и Вашингтон без присуство на украински претставници.

„Важно е да не се дозволи сценариото на (рускиот претседател Владимир) Путин, според кое тој ќе се обиде да постигне двострани преговори со САД, без Украина на масата за преговори“, изјави Зеленски на прес-конференција.

Тој истакна дека Украина ќе инсистира не само на свое активно учество во сите мировни процеси, туку и на ангажманот на европските партнери.

„Европа мора да биде вклучена во овие разговори, бидејќи безбедноста на нашиот континент не е прашање што може да се решава само меѓу Вашингтон и Москва“, додаде Зеленски.

- Како независна држава, едноставно нема да можеме да прифатиме никакви договори без нас, им рече Зеленски на новинарите за време на неговата посета на украинската нуклеарна централа на патот кон Минхенската безбедносна конференција денеска.

Телефонскиот разговор на американскиот претседател Доналд Трамп со Путин и забелешките на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, кој рече дека Украина не може да се приклучи на НАТО и дека е нереално да се врати на границите пред 2014 година, предизвикаа загриженост во европските земји дека Белата куќа може да се обиде да склучи договор со Русија без нив.

- Сега е важно сè да не оди според планот на Путин, според кој тој сака да стори сé што е можно за да ги претвори преговорите во билатерални (со САД ), рече Зеленски.

Според украинскиот претседател, важно е САД и Украина да подготват план за ставање крај на војната пред да разговараат со Русија.

Зеленски инсистира на средба со Трамп пред американскиот претседател да се сретне со Путин. Ова доаѓа и покрај тоа што Трамп вчера изјави дека очекува да се сретне со рускиот лидер во иднина, можеби во Саудиска Арабија.

Украина најави дека работи на организирање средба меѓу Зеленски и Трамп, но засега ништо конкретно не може да се соопшти.

Зеленски додаде дека во телефонскиот разговор со Трамп не разговарал за прашањето за членство во НАТО, иако рекол дека знае дека САД се против оваа идеја.

Украинскиот претседател, исто така, се обиде да го минимизира значењето на повикот на Трамп до Путин вчера пред средбата со него, велејќи дека се чини дека тоа не е знак за вистинските приоритети на Вашингтон, но додаде дека сепак е „непријатен“./МИА

Стоилковиќ: Кога системот е заробен, логичен е потегот за промени

Иван Стоилковиќ, Вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците гостин во „Само Интервју“

Стоилковиќ:

Додик е специфичен околу своите уверувања, но стојам зад ставот и реакцијата на премиерот Мицкоски.

Имаме лични релации со Додик и би го поканил повторно, она што ми направи проблеми е дека ми го засени шоуто.

Тешко беше да се донесе Порфириј и сликата со него и ГГ Стефан беше нешто прекрасно да се види.

Сакаме да манипулираме за да затскриеме некои слабости, да престанеме да веруваме во некои вистини поради сериозните промени во светот.

Како ќе одлучи македонскиот народ за еу тоа и ќе го поддржиме.

Зошто отидоа Македонците во Пустец?

Ние треба да имаме добри односи со сите.

Прво беше посетата на Вучевиќ во Македонија и тогаш немаше ништо, кога јас не отидов во Приштина веднаш се дигна прашина.

Принципиелноста важи и за мене и за нив, сега спуштени се притисоците со Вреди, особено дека два пати ги спасувам од сериозен блам.

Кога системот е заробен, логичен е потегот за промени.

Јас Додик го пречекав со „добредојде во Македонија“, Курти беше пречекан со „добредојде во Албанија“.

„Важно е малите држави да се држат до своите интереси, да не потпаѓаат под манипулации.

Во Србија има обид за шарена револуција, има доказ дека Македонска фирма е ангажирана за некоја активност меѓу студентите.

Штом никој не излезе да зборува јавно, не знаете кој е противник од другата страна, само велат „ништо не е исполнето“.

притисни ентер