ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособноста на СДСМ економија оди надоле, Шилегов ги заборави своите законски обврски

Факти на денот од ВМРО-ДПМНЕ.

Факти на денот:

1.Владата на СДСМ многу лошо ја менаџира кризата со короната и поради нивната неспособност економијата во државата оди надоле.

2. Шилегов не врши дезинфекција и дератизација на градот Скопје и затоа Скопјани се соочуваат со наезда на лебарки.

3.Додека во регионот бројката на новозаразени од корона вирусот опаѓа, во Република Македонија се зголемува.

4.Субвенциите доцнат и по две години,а СДСМ со квази мерки им ги замачкува очите на земјоделците.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Бајден ја номинираше сенаторката Камала Харис за потпретседател на САД

Кандидатот на Демократската партија за претседател на изборите во САД, Џозеф Бајден ја номинираше сенаторката Камала Харис за кандидат за потпретседател на државата.

Одлуката на Бајден, се цени како историска затоа што Харис ќе биде првата афроамериканка во историјата на Соединетите држави што ќе биде кандидат за претседател или за потпретседател на државата.

Бајден, кој беше потпретседател на САД, за време на администрацијата на Барак Обама, според набљудувачите, со овој потег признава дека афроамериканските гласачи ќе играат важна улога во неговите напори да го поразат актуелниот претседател на САД Доналд Трамп, на изборите на 3 ноември.

ВМРО-ДПМНЕ: Марин плаќа половина милион евра за парк кој е веќе изграден

Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин плаќа половина милион евра за парк кој е веќе изграден, а нема пари за да ги ослободи родителите од плаќање паушал за градинки.

Денес сме на местото на новиот скандал во чие средиште е градоначалникот Златко Марин. Марин преку општинската каса ќе плати речиси половина милион евра за реконструкција на веќе постоечки парк во време кога огромниот број на граѓани немаат паркови или пак истите се руинирани.

Марин ќе троши половина милион евра пари на граѓаните за прекопување на постоечки парк иако граѓаните бараат сервисирање и решавање реалните проблеми.

Актуелен проблем кој упорно одбива да го реши градоначалникот е ослободување на плаќање на паушали за градинките во услови кога родителите не добиваат услуги за тоа, нивните пари ги троши за скапи паркови на места каде веќе парковите постојат.

Вистинското прашање е дали преку изградбата на паркот од половина милион евра каде веќе постои постоечки парк, не се перат пари на граѓаните на Општина Аеродром?

Зошто на тендерот е избран поскапиот понудувач и каква врска има оваа компанија со Марин ако се знае дека веќе истата ја изработуваше преплатената Боемска улица во Центар?

Златко Марин наместо да решава проблеми тој создава проблеми.

Општина Аеродром ја претвора во пералница на пари.

ВМРО-ДПМНЕ

ДИЖС:Од извршените увиди кај два субјекти нема забележано појава на истекување црвена отпадна вода во Вардар

 Отпадната вода од колекторот која се влива во река Вардар беше со видлива црвена боја.Поради овој факт веднаш се земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа. 

Државниот инспекторат за животна средина -Скопје (ДИЖС) на 15.07.2020 година, по добиена дојава за загадување на река Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база -Бетон, излезе на увид на посочената локација, земени се мостри кои се однесени во акредитирана лабараторија и во тек е нивно испитување.

– Отпадната вода од колекторот која се влива во река Вардар беше со видлива црвена боја.Поради овој факт веднаш се земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа. Земените мостри се однесени во акредитирана лабараторија и е во тек нивно испитување, соопштија денеска од ДИЖС.

Извршен е и вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект Либерти АД-Скопје,ул.16 Македонска бригада б.б.и е утврдено дека во момент на надзорот погонот Лужилница не бил во работен режим,односно производниот процес бил целосно сопрен.

– Погонот е запрен со работа на ден 10.07.2020 година во вечерните часови.При увид во пречистителната станица утврдено е дека во истата доаѓа отпадна вода од Погон за пластифицирање на лим,и од пречистителната станица истекуваа 210 литри/час отпадна вода која е безбојна, се појаснува во соопштението од ДИЖС.

Од ДИЖС информираат дека е извршен и визуелен увид и во пречистителната станица на Макстил АД-Скопје,и од истата истекувала безбојна отпадна вода од 100 м3/час.

– Од извршените увиди и кај двата погоре споменати субјекти нема забележано појава на истекување на црвена отпадна вода, се наведува во соопштението од ДИЖС.

Инаку, стои во соопштението, ниту Либерти АД Скопје ниту Макстил АД немаат пријавено било каков инцидент или хаварија во нивните погони, а при увидот во нивните пречистителните станици не е забележано обојување на отпадните води.

притисни ентер