ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на Заев за свиткана кичма доведе до целосна негација на државата, нацијата и народот

Шокирани сме од однесувањето на источниот сосед, чиј негаторски однос е потценувачки за нас како држава, нација и народ и секако не е пример за европска вредност.

Но треба да бидеме свесни дека таквото однесување е последица на гмечењето и толчењето на неспособниот мафијаш Зоран Заев кон сопствената држава и народ, кој за власт, пари и тендери е подготвен за трговија.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и осудува секаква негаторска политика кон Македонија и македонскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека политиката на свиткана кичма на Зоран Заев, без суштинска работа и резултати ги зголемува апетитите на оние имаат поинакви интереси од државните и националните на нашата држава.

Зоран Заев треба да понесе одговорност сто повторно ги доведува европските интеграции на земјава во ќорсокак овој пат во услови на тешка социјална, здравствена и економска криза.

Заев не е иднината на оваа земја туку тегот и изворот на сите проблеми.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Утре стабилизирање на времето, од сабота до понеделник циклонска активност со влажни бранови

 Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и ќе дува умерен дозасилен јужен ветер, кој ќе се задржи и во следните денови, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура утре ќе се движи од 8 до 15 степени, а дневната од 20 до 31 степен. Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната до 28 степени.

Од сабота до понеделник ќе бидеме под влијание на изразена циклонска активност со чести продори на влажни бранови. Времето е биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд особено во сабота (над 30 литри на квадратен метар), кои наместа ќе бидат поројни, со грмежи и силен ветер (над 80 километри на час). Температурата значително ќе се намали.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче доскорешниот прв КОВИД центар го доведе до финансиски колапс

 Дали неспособноста на ново-стариот министер за здравство Венко Филипче ескалира, и тоа уште на самиот почеток на новиот мандат?

Дали во „новата нормалност“ Клиниките и болниците во Република Македонија се наоѓаат пред финансиски колапс? Освен што недостасува медицински кадар по здравствените установи, сега постепено излегува на површина и финансискиот дефицит.

Имено, јавноста деновиве беше сведок на шокантна вест која што проструи во медиумскиот простор, дека Градската Општа Болница „8-ми Септември“ е пред финансиски колапс. ФЗОМ, според информациите кои се јавно достапни, должи финансиски средства за речиси 13.000 пациенти лекувани од КОВИД-19 во оваа болница.

Недозволиво е ова што се случува во македонското здравство. Над 12.000 прегледи на болни со КОВИД-19 и над 2.000 излекувани пациенти, а ниту денар од државата за доскорешниот прв КОВИД центар во Република Македонија.

Шест месеци ГОБ „8-ми Септември“ функционирала без префрлени средства од ФЗОМ, па затоа сега има потешкотии да ги набави основите материјали за нормално функционирање.

На скандалите им нема крај.

По ваков еден невиден скандал, Филипче го нема никаде да одговори зошто оваа елитна болница е доведена до работ на егзистенција?

За ова одговорност од надлежните мора да има.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува ФЗОМ и министерот за здравство Венко Филипче да одговорат на јавноста што е причината за овој скандал? Каде се финансиските средства кои што треба да се исплатат на болницата? Зошто до сега истите не се исплатени и зошто болницата е доведена Филипче не успеа да се справи ниту со првиот бран, кој во Република Македонија е продолжен со неколку пикови. Предвидливо е за жал дека најверојатно нема да може да се справи ниту со вториот.

Неспособноста на оваа старо-нова влада досега не чини над 700 човечки животи.

Време е да се понесе одговорност за ваквата неспособност.

Синиша Стојаноски, пратеник

Родители го пријавиле синот за малтретирање, при приведување продолжил со агресија

 Дваесет и едногодишен тетовец бил приведен откако родителите го пријавиле дека ги малтретирал дома. При приведувањето тој ги одбил наредбите на полицајците за легитимирање.

-Вчеравечер околу 23 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 21-годишниот тетовец Д.А. кој се однесувал агресивно кон нив и одбивал да се легитимира. Претходно бил пријавен дека психички и физички ги малтретира родителите, соопшти СВР Тетово.

Полицијата презема и други соодветни мерки за расчистување на случајот.

притисни ентер