ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог – закон за дополнување на законот за заштита од заразни болести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ заедно со Алијанска и Алтернатива и Левица, поднесе Предлог – закон за дополнување на законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка.

Со Законот за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести бараме формирање на посебна Комисија за заштита и справување со пандемија или епидемија, која ќе биде формирана од страна на Собранието на Република Македонија, и ќе треба да допринесе за ставање под контрола на ситуацијата со Ковид-19 која што секојдневно се влошува.

Составот на Комисијата на предлог на Владата го избира Собранието и истата се предвидува да биде составена од 11 члена, во која по функција ќе членуваат, министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи, а останатите 9 членови ќе би биле, тројца инфектолози, двајца епидемиолози, двајца микробиолози, еден имунолог и еден интернист.

Законот предвидува донесените препораки од страна на Комисијата да бидат јавни и да се доставуваат до Владата која што ќе има обврска задолжително да постапува по истите.

Целта на овој закон е да се формира Комисија која што ќе биде составена од професионалци кои се докажани во своите области и кои што со своето објективно работење и носење на одлуки ќе допринесат за нормализирање на тешката состојба во која што се наоѓа Република Македонија предизвикана од Ковид-19 кризата.

Како одоговорни пратеници и конструктивна опозиција наша обврска и задача е да нудиме издржани и квалитетни закони и мерки и да реагираме сооодветни бидејќи целата македонска јавност е сведок дека Владата на СДСМ и здраствените власти немаат капаците да се справат со овој голем проблем.

Апелираме до пратениците од владеачкото мнозинство да не поддржат во оваа иницијатива и наместо партискиот интерес, во преден план да го стават интересот на граѓаните односно здравјето на целокупното население во Република Македонија.

ПГ на ВМРО-ДПМНЕ

Канабисот отстранет од списокот на најопасни дроги на Обединетите нации

Комисијата на Обединетите нации за наркотици го отстрани канабисот од списокот на најопасни дроги, на кој се наоѓаат и хероинот и синтетичките опијати.

Одлуката ја поддржаа 27 земји, 25 беа против, а една беше воздржана.

Канабисот е опфатен со Единствената конвенција за опојни дроги во 1961 година. Тој беше вклучен во категорија што дозволува национални забрани за дроги со „особено опасни својства“.

Потегот на Комисијата на ОН за наркотици, чие седиште е во Виена, е преземен врз основа на препорака на Светската здравствена организација (СЗО).

Сепак, Комисијата не го легализира канабисот. Тој сè уште е наведен меѓу дрогите кои предизвикуваат „голема зависност и злоупотреба“.

Тоа значи дека производството и трговијата со канабис сè уште е ограничено на употреба во научни и медицински цели според меѓународното право.

Санкционирани 381 возач во Скопје, 44 за возење без возачка дозвола

Во засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи изречени се и девет мерки за минување на затворен семафор (црвено светло).

На територијата на град Скопје полицијата во текот на вчерашниот ден изрекла вкупно 381 меркa, меѓу кои 44 за возење без возачка дозвола, 30 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 26 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во засилените акциски контроли на Министерството за внатрешни работи изречени се и девет мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 72 мерки за непрописно паркирање , 51 возило се подигнати со „пајак", како и 71 санкција за неносење на заштитна маска.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел поголема безбедноста во сообраќајот.

Француски специјалци проверуваат 76 џамии, некои ќе бидат затворени поради екстремизам

Француската влада ќе започне серија мерки, „сеопфатни и без преседан“, за борба против верскиот екстремизам, рече министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, додавајќи дека прв чекор ќе биде да се прегледаат 76 џамии.

Дарманин на Твитер објави дека резултатот од овие истраги, доколку се воспостават врски со екстремизмот, може да биде затворање на џамиите.

Владата на францускиот претседател Емануел Макрон одговори на неколку смртоносни исламистички напади во последните неколку недели со ветување дека ќе преземе акција против, како што некои јавни службеници го нарекоа „внатрешниот непријател“.

притисни ентер