ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијативата за референдум до Собранието, за СДСМ тоа е ретрограден процес

​ Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за започнување процедура за утврдување на уредноста на иницијативата за собирање на граѓански потписи за почеток на Референдумот.

Пратениците од СДСМ, пак, оценуваат дека во време на криза ова се излишни инцијативи и ретроградни процеси кои ја враќаат државата во изолациски времиња, но сепак посочуваат дека организирање референдум е демократско право.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, како што вчера соопштија од неговиот Кабинет, се уште не ја примил иницијативата. Оттаму посочија дека Џафери е надвор од државата и оти на време ќе известат кога ќе ја прими.

Иницијативата е поднесена за Законот на ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија, а како што информира вчера координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски се собрале повеќе од 650 потписи за референдум за не повеќе од половина час.

Како што вчера посочи пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски по утврдување на уредноста на иницијативата што е обврска на Собранието тие ќе се изјаснат како пратеничка група. Како владејачко мнозинство, тој потсети дека неколку пати кажале дека ова е ретрограден процес што единствено ќе ја одведе Република Македонија во изолации и во минати времиња.

– Воопшто не сме на иста линија кога размислуваме како да се изоди европскиот пат на нашата држава, изјави Костовски.

Мицевски, пак, вчера појасни дека поентата е да ги слушнат граѓаните во државата во врска со прашања што ги тангираат, како од меѓународната политика, така и од економијата и секојдневното живеење.

Во однос на тоа кои ќе бидат следните чекори доколку претседателот на Собранието ја прогласи иницијативата за неуредна, тој одговори дека внимавале со самото прашање и како ќе биде правно-формално напишана и доставена до Собранието, а дококолку не го помине првиот филтер, Мицевски рече дека „се надева на свеста на пратениците од владејачкото мнозинство“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера ги повика премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на државата Стево Пендаровски „да не опструираат преку Талат Џафери“ и истакна оти референдум мора да има.

-Време е Владата и претседателот да го поддржат овој процес да не го опструираат сега преку Талат Џафери во Парламентот, туку тие да дозволат најпрвин да се соберат тие 150.000 граѓански потписи, а потоа и да се оди на Референдум, каде што граѓаните ќе можат да ја кажат својата волја. Е тогаш ќе видиме каква ќе биде таа пропорција, дали е така или обратно, рече Мицкоски при вчерашната посета на општина Сопиште.

Мицкоски кажа дека реалноста што ќе ја изберат граѓаните е таа која треба да се прифати и затоа, како што посочи, е потребно да се има референдум и избори.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, добрососедските односи се првиот приоритет на партијата, но во Договорот за добрососедство, како што вели, нема ништо добрососедски ниту пријателски односи во изминатите три години од страна на источниот сосед.

Следен чекор, како што појасни Мицкоски е Џафери да ги информира Комисијата за политички систем и Законодавно правната комисија, и тој очекува во рок од два дена и тие да се произнесат дека иницијативата е уредна, да се гласа и да почнат да ги собираат тие 150.000 граѓански потписи, а потоа во рок од 60 до 90 дена да се случи и референдумот.

Мицкоски завчера повика да се одржат тројни избори, односно референдум, предвремени парламентарни и предвремени претседателски избори. На ова, пратениците од СДСМ реагираа дека тоа би било неодговорно поради сериозноста на економската и енергетската криза.

Според поранешниот премиер Зоран Заев, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија е препознаен од сите граѓани и над 75 проценти се против иницијативата за одржување референдум за неговот поништување, покрената од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

– Тоа е препознаено од сите граѓани, над 75 проценти се против ваквата иницијатива за референдум, а другите 25 отсто ги има бидејќи тоа се членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во светот нема да најдете никаде некој кој би бил против пријателство, добрососедство, соработка. Нашиот македонски народ и сите етнички заедници во Македонија нема да го поддржат тоа, изјави Заев по вчерашната Конференција: „МКБГ2023: Младите и образованието како клуч за посилно евроатлантско сојузништво“.

Во врска со тоа дали во земјава има политича волја за измени во Уставот и за внесување на бугарското малцинство, Заев изрази верување дека има, нагласувајќи дека во нашиот Устав има седум етнички заедници, а дека со измените станува збор за впишување на наши граѓани со бугарска, црногорска, хрватска самосвест и според него тоа прашање треба да се реши час поскоро.

На оваа изјава на поранешниот премиер и потписник на Договорот за добрососедство, реагираше портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој нагласи дека вредноста треба да ја измерат на избори и на референдум.

– Додека Македонија се уште е во непремостлива поделеност од предавството и се дави во асимилација заради лажно добрососедството, творецот на двете катастрофи, Зоран Заев е убеден дека 75 посто од народот ги поддржувал овие обезличувачки, предавнички и асимилаторски зафати. Бидејќи Заев е убеден во поддршка од 75 проценти, ајде најскоро на терен да ја измериме вредноста и во ист ден да се распишат референдум, предвремени парламентарни и претседателски избори, нагласи Стоилковски.

Известувачот на Европарламентот за земјава Илхан Ќучук, на прашање на МИА во врска со референдумската иницијатива, како и во однос на уставните измени, како услов за почеток на преговорите со ЕУ, не даде конкретен одговор, но порача дека Западен Балкан треба да се врати кон својот дом, а тоа е Европа.

– Ја реализиравте големата цел, да бидете дел од НАТО и на тоа сите се гордееме, затоа што тоа означува пространство на сигурност, на заеднички вредности, сега следува уште еден голем чекор, а тоа е Европската Унија, и сите треба да помагаме со големи напори – и Бугарија и Хрватска и Грција и Романија, тие држави имаат преголемо искуство во пристапниот процес, рече Ќучук.

Џорџ и Амал Клуни ги понижија Хари и Меган, а беа на нивната свадба

Кралската венчавка во 2018 година, кога Меган Маркл и принцот Хари го кажаа судбоносното „I do“, беше настан што го следеше целиот свет.

Сепак, се чини дека драмите не се одвивале само во кралското семејство.

Меѓу познатите личности кои дојдоа како гости на нивната прослава беа познатиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Клуни. Сите тогаш добија впечаток дека нивното пријателство е, барем, трајно, со оглед на тоа дека се запознале на официјални настани. А тоа некако го „потврдија“ подоцна, на настаните на кои присуствуваа заедно. Но, со текот на времето почнаа да се шират приказни дека во моментот на венчавката овие парови не се ни познавале и дека тоа е нивната прва средба, што е малку чудно.

Месеци подоцна се чинеше дека се во добри односи, но како што минуваа годините се забележуваше и дека нивната врска се лади.

Неодамна, семејството Клуни организираше „The Albis“, забава посветена на филантропската работа што ја работат долги години. На листата на гости се најдоа најпознатите светски фаци, од актери до пејачи и водители, но се чини дека изостанаа некои имиња. Во исто време, принцот Хари го посети Њујорк на своето соло патување, каде што се одржа забавата.

Сепак, Клуни, кои го знаеле ова, не го поканиле принцот да дојде. Ова е втор настан по ред што Клуни го организираат без да ја поканат кралската двојка. Минатата година, Хари и Меган изјавија дека биле прилично изненадени во тоа време што биле изоставени, рекоа тогашните извори.

Но, што се однесува до овогодинешната забава, Хари, кој лесно можеше да дојде бидејќи беше на истото место каде се одржуваше забавата, се чувствувал понижен поради тоа, како што објавиле упатени блиски до кралската двојка.

„Од сите критики со кои мораа да се соочат откако се преселиле во Холивуд, ова е веројатно најголемото понижување за Хари и Меган“, изјавил инсајдер за Radar Online.

Со оглед на тоа што е познато дека Хари има желба да си ја врати репутацијата, со или без Меган, овој настан можеше да му го обезбеди токму тоа.

Позната е причината за смртта на фудбалерот на Панатенаикос, чие тело било во домот во Атина

Грчката полиција официјално ја потврди причината за смртта на фудбалерот на Панатинаикос Џорџ Балдок, кој вчера вечерта бил пронајден мртов во својот дом во Атина.

Како што се сомневаат, причина за смртта на грчкиот репрезентативец е давење. Според извори на „Њуз247“, обдукцијата била завршена околу пладне на Одделот за судска медицина на Универзитетот во Атина, додека за неколку дена се очекуваат токсиколошки наоди.

Обдукцијата во целост ја потврдила сликата што ја направил лекарскиот вештак. Кога полицајците го пронашле Болдок и го превртеле неговото тело, од устата му излегувала вода - честа појава при давење. Тој голтал вода додека бил жив и таа вода му влегла во белите дробови.

Неговото тело немало траги, рани или модринки кои би укажувале на какво било кривично дело. До базенот било пронајдено полуполно шише вотка и чаши, кои се испратени во форензички лаборатории.

Да потсетиме, Болдок бил пронајден мртов вчера вечерта во 22 часот и 30 минути, додека истрагата покажала дека тој починал меѓу 19 и 20 часот.

По сериозна повреда и замена на коленото, најубавата спортистка се враќа на патеките?

Една од најголемите скијачки на сите времиња, Линдзи Вон, можеби размислува за враќање на патеката во Светскиот куп.

Гласините почнаа да кружат, особено по пишувањето на швајцарскиот „Блик“, а последните случувања навестуваат дека таа може да побара специјална покана за настап.

Првите знаци се појавија кога атрактивната дама беше забележана како тренира во Нов Зеланд, а сега тренира во глечерот Ретенбах, поддржана од персоналот од тимот за трки HEAD. Покрај тоа, таа во април имаше делумна замена на коленото и добро се опоравува, па не е чудно да видиме голем кам-бек.

Нејзиниот тренинг во Ретенбах навестува сериозни подготовки, иако нема официјална потврда за нејзиното враќање. Вон ја заврши кариерата во 2019 година поради повреди, признавајќи дека има постојани болки. По операцијата на коленото, ситуацијата значително се подобрила, што ѝ дава шанса да се врати.

Нејзиното потенцијално учество би било огромен поттик за американското скијање. Доколку добие вајлд-карта, Вон би му се придружила на Марсел Хиршер, уште еден великан во скијањето, кој веќе има обезбедено специјална покана за Бивер Крик.

Линдзи Вон за време на нејзината кариера има 82 победи на Светскиот куп и три олимписки медали, вклучувајќи го и златото во Ванкувер во 2010 година.

Таа важи за една од најубавите спортистки на сите времиња.

притисни ентер