ВМРО-ДПМНЕ: Пајтон партиите ЛДП, ДС и ДОМ да престанат да бидат панцир за криминалната влада

Пајтон партиите ЛДП, ДС и ДОМ да престанат да бидат панцир за криминалната влада на Ковачевски водена од ДУИ.

Криминалната влада на Ковачевски може да постои само доколку ЛДП, ДС и ДОМ и понатаму одлучат за неколку директорски места во јавната администрација да остават со државата да владеат луѓето на Заев и да го штитат неговиот криминал.

Како министри остануваат Оливер Спасовски и Љупчо Николовски, двајца чинители заради кои сме на врвот на листите за криминал и корупција во светот, а државата наместо Мека за инвестиции, стана Мека на криминалци, кои од тука веднаш добиваат пасош.

ЛДП, ДС и ДОМ со гласање и ставање себеси во влада на Ковачевски тие ги поддржуваат криминалите на СДСМ и ДУИ и работат на нивна заштита.

ЛДП, ДС и ДОМ да се одважат и доколку се против криминалот и корупцијата са гласаат против владата на пиунот Ковачевски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски на средба со новиот директор на ИРИ Крис Бренан

Претседателот Мицкоски му посака добредојде на директорот Бренан со надеж дека и во иднина ќе продолжи и интензивира досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со Стефан Андоновски член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, денеска остварија средба со новиот директор на Меѓународниот Републикански Институт Крис Бренан за Република Македонија.

Претседателот Мицкоски му посака добредојде на директорот Бренан со надеж дека и во иднина ќе продолжи и интензивира досегашната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ.

На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и потребата од одржување на брзи предвремени парламентарни избори.

Од страна на Мицкоски беше укажано дека државата се соочува со економска, енергетска и здравствена криза, а поради слабиот капацитет на власта на СДСМ и Димитар Ковачевски за кој како што рече нема легитимитет од страна на граѓаните, потенцијална е и политичка криза која негативно ќе влијаа врз граѓаните, но и врз државата.

Претседателот Мицкоски вели дека е потребно одржување на предвремени парламентарни избори се со цел граѓаните да можат да одлучат за својата иднина и промените кои се неопходни на секое поле.

Соговорниците се согласија на понатамошна соработка и продлабочување на односите, каде што од страна на претседателот Мицкоски беше нагласено дека ИРИ е важен фактор бидејќи изминатиот период придонел за јакнење на политичките капацитети на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија на 87. место на листата на Транспаренси Интернешнл

Македонија скокна 24 места на ранг листата на Транспаренси Интернешнл, која го мери индексот за перцепција на корупција.

По ланскион црн рекорд и 111 место на листата, годинава Македонија се најде на 87 место, што е најдобра позиција во изминативе пет години. Македонија има 39 од можни 100 поени, што е за 4 повеќе од лани, сепак земјава останува под глобалниот просек од 43 поени, како и дветретини од земјите во светот.

Директорката на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Слаѓана Тасева вели напредокот на се должи на неколку области, вклучително и борбата против корупцијата..

-Вклучително и судските за висока корупција за кои што се изрекоа санкции, работењето на ДКСК и подобрувањето на условите за работа на комисијата, акцискиот план или координираната активност која што ја направи владата во подобрување на активностите од страна на извршната власт во она што таа треба да го направи за превенција и борба против корупцијата, со зајакнувањето на работењето на институциите, вели Слаѓана Тасева – Директорка на Транспаренси Интернешнл – Македонија.

Со скокот на листата на социјалните мрежи се пофали и екс-вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, велејќи дека напорната работа покажала резултат.

Сепак Тасева вели дека нема простор за задоволство, туку ова е поттик да се продолжи со работа, бидејќи сме далеку од најдобрата позиција – 66 место во 2015 година. Главни предизвици понатаму се унапредувањето на човековите права и судските реформи, додава таа.

-Имаме многу работа, судската реформа ни е најнеопходна и најитна, затоа што во тој дел, во тие индекси се уште не покажуваме напредок. Ова не треба да ни претставува преголемо задоволство, сепак резултатот е низок, ние имаме 39 индексни поени и сме на 87 место, вели Слаѓана Тасева – Директорка на Транспаренси Интернешнл – Македонија.

Во однос на регионот, најголем проблем со корупцијата според Транспаренси има аспирантот за ЕУ - Албанија, која бележи пад од 6 места во однос на минатата година и го дели 110 место со БиХ, а веднаш по нив следува Србија која е на 96то место-најлоша позиција изминативе 5 години.

Словенија е убедливо најдобра во регионот, иако бележи пад од 6 места и се наоѓа на 41 место..

На глоболна ниво, традиоционално најмалку корупција има во скандинавските земји и во Нов Зеланд, а најмногу во Јужен Судан, Јемен, Венецуела, Сомалија и Сирија...

Санела Шкриељ и Марија Кочовска нови пратенички во Собранието

Санела Шкриељ и Марија Кочовска ќе бидат нови пратенички на СДСМ во Собранието. 

Тие доаѓаат на местото на Славјанка Петровска, која сега е министерка за одбрана и на местото на Бисера Костадиновска Стојчевска, која е министерка за култура. Оваа одлука е донесена денеска на 43-та седница на Државната изборна комисија (ДИК).

Членовите на ДИК едногласно го донесоа Предлог-финасискиот план за распределба на средства во Државната изборна комисија за 2022 година. Потпретседателката на ДИК Дитмитре Шеху појасни дека како и секоја година, така и оваа ДИК ќе носи финансиски план врз основа на средствата што се доделени во буџетот на државата. Информира дека во финансискиот план се предвидени тековното работење на ДИК, платите на вработените, плаќање на електрична енергија, греење, комунални такси, поштенски услуги, горива…

На седницата беше разгледана и усвоена Предлог-одлуката за висината на благајничкиот максиум за 2022 година. Членот на ДИК Радица Ристеска образложи дека со оваа одлука се утврдува висината на благајничкиот максиум за 2022 година во износ од 300.000 денари, исто како и минатата година. Оваа одлука ќе се применува од 1 јануари 2022 година.

По кратката пауза од пет минути, на седницата едногласно беше усвоен предлогот на Борис Кондарко, кој предложи да се разгледа одлука која, како што рече, се однесува за примената на Правилникот по кој се исплатени надоместоците за време на изборен процес за вработените во стручната служба на ДИК. Целта на оваа одлука е да се допрецизира содржината, видот и опфатот на веќе исплатените надоместоци по Правилникот за локалните избори, односно појаснување за што се однесуваат надоместоците за стручната служба.

Тој исто така предложи да се донесе заклучок писмено да се побара од раководителите на одделенија и сектори да се достават извештаите за примена на постоечките интерни акти и процедури за работа во ДИК, а рокот да биде пет работни дена.

Кондарко предложи и да се донесе заклучок за да почне соодветна постапка за надградба и усовршување на системот за електронска евиденција за редовност на работа во ДИК, преку воведување на фингер-принт апарат. Членовите на ДИК ги прифатија и овие предлози на Кондарко.

притисни ентер