ВМРО-ДПМНЕ: ОО СДС Арачиново скандалозно избира професионални војници

ОО СДС Арачиново скандалозно избира професионални војници, дезертерот Ковачевски, Славјанка и Зечевиќ се директно одговорни за оваа партизација.

Скандалозна е објавата на општинската организација на СДС во Арачиново со која ги повикуваат да се јават во партиската организација жителите кои сакаат да се вработат во Армијата како професионални војници. Ова е срам за Македонија како членка на НАТО. Според кои стандарди на НАТО се врши ваков избор на професионални војници во париска организација?

Тоа што вчера јавноста го дозна беше само кулминација на тоа што СДС и ДУИ го правеа изминатите 5 години. Максималната партизација во секоја институција ја донесе државата до ова дереџе.

За ваквата пракса за партиски избор во АРМ сигурно знаеле и дезертерот Ковачевски и Миле Зечевиќ и министерката Славјанка Петровска и во најмала рака за ваков срам ќе имаше оставка уште вчера.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер