ВМРО – ДПМНЕ : Обвинителите, истражителите и сите службени лица од СЈО да бидат суспендирани

Обвинителите, истражителите и сите службени лица кои биле дел од злосторничкото здружување на Катица Јанева, мора да бидат суспендирани, рече на прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинителите, истражителите и сите службени лица кои биле дел од злосторничкото здружување на Катица Јанева, мора да бидат суспендирани , се до завршување на истрагата за аферата „Кеш“ со чие излегување во јавноста видовме дека преку СЈО биле проневерени милиони евра пари од граѓаните.

Само на овој начин, само така јавноста ќе има гаранција дека соработниците на Кaтица Јанева и на Зоран Заев нема да влијаат и да ја попречуваат истрагата за тоа каде и како завршија над 10 милиони евра.

СЈО на вработените и на физичките лица за хонорари и по други основи исплатиле над 10 милиони евра, пари од Буџетот на Република Македонија.

Анализата на трошењето на СЈО, покажува дека доминираат исплатите од ставката договорни услуги, односно 87% од вкупните расходи на СЈО се по таа ставка, договорни услуги.

Анализата покажува дека се оправдани сомненијата дека милиони евра се исплаќани преку СЈО за купување на политичка поддршка на Зоран Заев, особено во моментите кога таа највеќе му требала, а тоа е за време на изборните процеси во Република Македонија.

Анализата на исплатите по основ на договорни услуги, покажува дека тие нагло се зголемуваат токму помеѓу третиот и четвртиот квартал од 2016 година, а изборите во Република Македонија се одржаа на 11 декември 2016 година. Оваа динамика на зголемени исплати трае се до третиот квартал од 2017 година, а знаеме дека кога на 29-ти октомври 2017 година беше одржан вториот круг од локалните избори. Ваквата анализа остава простор за огромен сомнеж за причините за исплаќање на парите од СЈО односно за прашањето дали има поврзаност за растот на наплатата за услугите со изборниот процес во 2017 година?

Компаративна анализа на исплатите на физичките лица за третиот квартал од 2016, 2017, 2018 и 2019 година, по основ на договорни услуги од страна на СЈО, оваа компаративна анализа покажува дека истите тие исплати својот врв, својот пик, го доживуваат токму на 30-ти септември 2018 година. Тоа е месецот кога беше спроведен неуспешниот референдум за капитулантскиот договор од Преспа. И повторно, еве го прашањето има ли поврзаност меѓу овој скок на наплатите во период на Референдумот?

Уште една анализа за уште еден квартал. Компаративната анализа на исплатите на физичките лица за четвртиот квартал од 2016, 2017 и 2018 година. Исплатите нагло се зголемуваат во четвртиот квартал од 2018 година, односно во периодот кога беа отворени уставните измени. Тие се отворија на 19-ти октомври 2019 година, или поточно на почетокот од четвртиот квартал од 2018 година. Издатоците потоа растат како што се вршеше промоција на предложените уставни измени во МАНУ и низ Република Македонија. Па дали ова не остава можност за сомнеж, за поврзаност со она што се случуваше во парламентот?

Kомпаративната анализа за вториот квартал од четирите години постоење на СЈО, ова анализа покажува дека исплатите нагло се зголемуваат во вториот квартал од 2019 година. Тоа е периодот кога се спроведуваа претседателските избори. Особено е забележително во периодот на вториот круг избори има зголемено активност на исплати од СЈО. А, изборите се одржаа на 5-ти мај 2019 година. И повторно се остава огромна скепса можност за сомнеж за поврзаност со ваквиот раст и можеби платената поддршка, за претседателска кампања во поддршка на кандидатот на СДСМ?

Премногу коинциденции не се коинциденции. Ваквите 4 компаративни анализи покажуваат поврзаност со растот на висината на исплатите на договорните услуги кон физички лица, веќе познати на јавноста, со изборните/референдумските, но и другите исклучителни настани во Република Македонија, како што беа уставните измени. Ваквите показатели даваат за огромен простор за огромен сомнеж дека со парите и исплатите од СЈО не само што се вршел притисок врз опозицијата, туку и можеби директно се плаќала поддршката за власта во изборен процес.

Одговорност за овој криминал мора да има. Соработниците на Јанева и на Заев добро ги знаеле законите и свесно влегле во проневерувањето буџетските пари. Никој не е над законот па ни Зоран Заев, рече на прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ .

Карлеуша отвори нов профил на Инстаграм, но и тој е избришан

Карлеуша направи нов профил на Инстаграм, па и тој беше избришан, му се закани на претседателот на Еко гардата: „Ти дадов 24 часа“

Петицијата на иницијатива на групата „Еко Стража“ вроди со плод бидејќи профилот на Инстаграм на мегапопуларната српска пејачка Јелена Карлеуша, кој го следеа околу 2,4 милиони луѓе, беше затворен.

Контроверзната пејачка не ја поднесува лесно оваа одлука за затворање на нејзиниот профил.

На почетокот не беше веднаш јасно дали пејачката сама го избришала профилот или е укинат од платформата Мета, пренесува 24.sata.hr.

Еко Стража испрати соопштение во кое изјавија дека добиле потврда дека профилот навистина е отстранет и дека Карлеуша се обидела да отвори нови профили, но и дека се обидува да преземе некои фан профили за да може да комуницира преку нив. Во меѓувреме таа сепак успеа да отвори нов профил кој го нарече „Новиот профил на Јелена Карлеуша“, од кој потоа испрати заканувачка порака до групата Еко стража.

-Тоа што го направивте не беше само напад врз мене, туку и врз слободата на изразување и ќе ги сносите последиците за тоа. Ви дадов 24 часа да го прекинете ова однесување или лично ќе преземам чекори за да исчезне вашиот профил засекогаш. Не сте свесни со кого си играте. Можеби мислите дека сте моќни зад екранот, но јас имам повеќе ресурси, повеќе поддршка и, верувајте ми, повеќе истрајност отколку што можете да замислите. Со затворањето на мојот профил не ме спречи, ја разбуди лавицата. Ова е твоето последно предупредување. Добро размислете за вашите постапки бидејќи времето ви истекува, 24 часа – му порача Карлеуша на претседателот на Еко гард, Бојан Симишиќ.

Еко Стража ја објави преписката на својот Х профил, а набргу по заканувачката порака новиот профил на Карлеуша беше избришан.

Почнаа ли системските реформи во правосудството, ЕУ интеграции, дел од вечерашните теми

Сотир Костов и Љубиша Николовски, гости во „Само Вистина”

Сотир Костов:

- Овој Обвинител направи нешто ненаправено до сега, обвини двајца колеги без аргументи и ги оцрни и суспендира Хајрулахи, па Цветановски.

- Обвинителството нема резултати, треба промени.

- Кривични пријави за фирми од Струмица се даваат на Обвинители од Струмица. Зошто е така - за да се заташкаат.

Љубиша Николовски:

- Не е страшно да се смени Обвинителот, но назначувањето.

- Полицијата секогаш е иницијатор за на суд да не паѓаат случаите оти остануваат нејасни работите.

- Ако веќе сме се кадисале да следиме чекори и нечие искуство, сме го прифатиле аки-то на Европа, треба да го почитуваме и чекор по чекор да реализираме.

СДСМ ќе избира претседател на 16 март, најавува и пакет решенија за подобар животен стандард

- СДСМ ќе избира претседател на 16 март и ќе понуди пакет решенија за подобар животен стандард, одлучи партискиот Централен одбор (ЦО).

ЦО на седницата што се одржа попладнево избра нов состав на Централната изборна комисија и го усвои Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на партијата. Го одобри и планот за интензивни теренски активности кои ќе почнат овој месец, на средби со членовите и граѓаните ширум земјата. Паралелно, како што информира СДСМ, ќе течат и подготовките за локалните избори оваа година.

-Согласно Статутарните одредби, Централниот одбор донесе Одлука за распишување на директни внатрепартиски избори за избор на Претседател на СДСМ кои ќе се одржат на 16 март 2025 година. СДСМ е единствената партија во земјата во која членството бира претседател на дирекрни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите, наведува СДСМ.

Централниот одбор оценил дека со погрешните политики на актуелната власт животниот стандард на граѓаните се влошува.

-Граѓаните имаат се помалку пари додека платите стагнираат. Власта покажува голема неспособност, нема одговор за покачувањето на цените, за осум месеци не понуди ниту една успешна економска мерка додека во здравството се случува хаос и недостаток на лекови, образованието уназадува и генерално земјата се движи во погрешна насока. СДСМ останува посветена на борбата за подобар животен стандард. Како одговорна партија СДСМ ќе понуди пакет на законски решенија за заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните, информира СДСМ.

притисни ентер