ВМРО-ДПМНЕ: Нов ултра скандал на власта-набавилa систем за следење на комуникациите

Во Македонија се случува скандал на власта, која набавила систем за следење на комуникациите на целиот интернет простор, од секој можен уред кој го користат граѓаните и од секоја можна мрежа.

Во Македонија се случува скандал на власта, која набавила систем за следење на комуникациите на целиот интернет простор, од секој можен уред кој го користат граѓаните и од секоја можна мрежа, на која се тие претплатници и независно, дали се работи за службено или приватно лице.

Во Членот 2 од Законот за следење на комуникациите е наведено дека за производство, нудење на продажба, продажба, увоз, извоз, реекспорт или држење на средства за следење на комуникациите мора претходно да се добие одобрение од МВР!

МВР нема издадено такво одобрение! И постои таков документ на кој е потпишан токму Спасовски во кој изричито се тврди дека МВР нема дадено одобрение!

Следно, согласно член 62 од Законот за следење на комуникациите, МВР е исклучиво надлежна да изврши контрола над спроведување на одредбата од член 2, а МВР нема извршено никаква контрола.

Има сериозни индиции, дека МВР и Спасовски знаеле за набавката, не дале одобрение за истата, исто така знаеле за техничката спецификација бидејќи биле информирани, но не преземале ништо, иако со закон се исклучиво надлежни да вршат контрола за набавки на опрема за следење на комуникациите од страна на било кој во Република Македонија!

Сериозно се сомневаме дека овој систем, веќе е во употреба речиси една година и истиот се користи за нелегално прислушкување.

Во исто време ЈО и Јовевски не само што не реагираат, туку има сомнеж и дека се обидуваат да го прикријат овој случај.

Спасовски и Ковачевски, да престанат да се кријат и да излезат пред јавноста и да дадат одговори, на овој ултра скандал, со кој се засегнати директно, сите граѓани на Македонија, се наведува во партиското соопштение.

Предупредување за невреме со силен ветер во Брисел

Белгискиот Кралски метеоролошки институт (ИРМ) попладнево упати предупредување за невреме во реонот на Брисел со налети на ветер со брзина од над 100 километри на час. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во предупредувањето се нагласува дека постои „безбедносен ризик“ од скршени гранки и откорнати дрвја.

Поради очекуваниот силен ветер, како што наведува ИРМ, од 17 часот затворени за сообраќај ќе бидат патните правци низ и околу шумата Соање во југоисточниот дел на Брисел. Дополнително, за посетители ќе бидат затворени и парковите во градот.

Во соопштението се посочува дека патиштата и парковите ќе останат затворени со следното известување.

Ахмети: Османи претседателски кандидат на ДУИ - „Не“ за Русија, „Да“ за Европа

Со Бујар Османи ДУИ влегува во претседателската трка- лидерот на партијата Ахмети на прес конференција ги потврди долгонајавуваните шпекулации дека шефот на дипломатијата ќе биде нивниот предлог.

Со Бујар Османи ДУИ влегува во претседателската трка- лидерот на партијата Ахмети на прес конференција ги потврди долгонајавуваните шпекулации дека шефот на дипломатијата ќе биде нивниот предлог, откако пропадна идејата за консензуален кандидат со СДСМ. Под изборниот слоган „Не за Русија, да за Европа“ Ахмети рече дека руското влијание било вистинска закана за Македонија, а дел од решението според него е по изборите да се изгласаат уставните измени, а со тоа земјава да се изјасни дека е за Европската Унија.

-Поларната мечка, Русија, ни тропа на врата и е веќе во сите пори на нашето општество, дестабилизирајќи ги иституциите и влиаејќи во политичката сцена во земјата. Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на нашето време. Оваа ваша доверба ќе ни овозможи со отворањето на Уставот да го спроведеме и Договорот со Бугарија и да ја деблокираме европската интеграција и така да и кажеме на Русија, оди си! - Али Ахмети – претседател на ДУИ.

На конгрес вечерва ќе се официјализира и кандидатурата на претседателот на „ЗНАМ- За наша Македонија“, Максим Димитриевски, најавија од неговата партија. Внатрепартиската анализа велат дека им покажала пласман во вториот круг и победа на изборите.

-На Македонија и е потребен татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата. На Македонија и е потребна предвидливост, надеж, стабилност, сигурност, правда, иднина. На Македонија и е потребен претседател којшто ќе го даде максимумот за неа. На Македонија и е потребен Максим Димитриевски.- Никола Мемов – портпарол на „ЗНАМ- За наша Македонија“.

Дека ќе се бори за позицијата шеф на државата, најави синоќа и лидерот на „ГРОМ“ Стевчо Јакимовски, кој рече дека тој е решение, а не алтернатива на досегашните понуди од политичките партии.

-Имајќи го предвид моето долгогодишно искуство, годините коишто ги имам зад себе, белава коса, како и јасните политички ставови кои сум ги изразувал во изминатиот временски период, им даде за право на моите колеги да ме предложат. Стевчо Јакимовски – претседател на „ГРОМ“.

Досега кандидатури за претседателските избори најавија и Арбен Таравари како консензуален предлог на обединетата албанска опозиција, професорката Билјана Ванковска поддржана од Левица и д-р Вело Марковски. Бидејќи зад нив немаат најмалку 30 пратеници во Собрание, имаат обврска да соберат 10 илјади граѓански потписи преку подрачните единици на Државната изборна комисија, според роковникот од утре најдоцна до 8 март.

Кабинет на Пендаровски: Претседателот следната неделаќе извести за неговата кандидатура

Претседателот следната недела официјално ќе извести за неговата кандидатура.

Канал 5 побара став и од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски..Оттаму предмалку за неговата кандидатура за втор претседателски мандат соопштија дека се работи за информации за одлуки кои не се официјално донесени, а претседателот ќе ја информира јавноста во текот на следната недела.

притисни ентер