ВМРО-ДПМНЕ: Нема да има уставни измени под овие услови

Уставни измени под овие услови нема да има, ако не ја изгубил храброста Ковачевски нека поднесе иницијатива до Собранието и нека понесе испечатена оставка

Штом Ковачевски и Владата велат дека имаат мнозинство за уставни измени, ги повикуваме час поскоро до Собранието да ја поднесат иницијативата за промени на Уставот. Ковачевски вели дека имал храброст и ако таа храброст не ја изгубил некаде по пат или ако не му ја чуваат заклучена во фиока, нека се одважи и нека се појави во Собранието со овој предлог.

Патем кога Ковачевски ќе ја поднесува иницијативата за уставни измени нека си испечати една оставка со истата содржина која ја подготвил минатиот пат, но која му ја искинал Талат Џафери. Таа оставка очекуваме да ја поднесе веднаш по гласањето во собранието, кога ќе се утврди дека власта нема двотретинско мнозинство, а со тоа нема ни услови за отпочнување на постапката за промена на Уставот.

Џабе одолговлекуваат, џабе сеат магла, џабе купуваат време. Под овие услови и под ваков диктат уставни измени нема да има, затоа што ВМРО-ДПМНЕ и народот тоа нема да го дозволат.

Без одлука на Собранието неуставна и без мандат е и работат на телото на партиските експерти од владејачките партии кои ги трошат народните пари за хонорари. Овие наводни експерти го претворија нивното тело во желботека и џубокс за идеи, кои водат дури и до редефинирање на унитарниот карактер на Македонија.

Со други зборови власта си прави есап без народот и затоа е реакцијата на јавноста и на граѓаните. Власта треба да види, ако веќе не видела, дека со својата самобендисаност и полтронство постојано удираат во ѕид и ја носат државата во ќорсокак. Тоа мора да се промени и ќе се промени, оваа криминална власт ќе биде казнета.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Здравко Чолиќ го слави својот 72 роденден: Енергијата не соодвествува со годините

Здравко Чолиќ денеска го слави својот 72 роденден.

Иако е во осмата деценија, неговата енергија не соодветствува со изводот на родените, како што покажа на неодамнешниот концерт во Тузла.

Роден е во Сараево во скромно семејство, а со децении е една од најголемите музички ѕвезди на овие простори.

Иако жените лудуваа по Чола, тој никогаш не го привлече вниманието на јавноста со љубовните врски.

Тој веќе подолго време е во брак со Александра која не се појавува со него во јавност, а имаат две ќерки.

Украина: Секогаш знаеме каде се Путин и Пригожин, ги следиме во реално време

Воената разузнавачка служба на Украина во реално време го следи местото каде се наоѓаат Владимир Путин и основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави портпаролот на службата.

Андриј Јусов рече дека „и покрај сите обиди и напори да се сокријат овие информации“ и наводната употреба на „различни технологии, вклучително и употребата на двојници“, Русија не успева да ги скрие локациите на Путин и Пригожин.

Што се однесува до нивното место на живеење, се разбира дека знаеме каде се тие во секое време“, изјави Јусов за Киев пост. „Путин е чуван, тој е добро чувана личност. Пригожин не е таков и тој се однесува можеби најслободно меѓу рускиот естаблишмент. Сите овие информации ни се познати нам и на нашите партнери и често се следат во реално време“, додава тој.

Тој вели дека во моментов Украина нема желба или намера да го убие ниту Пригожин, ниту Путин. „Во однос на приоритетните цели, сите воени злосторници мора да бидат казнети“, рече тој.

„Како цивилизирана земја, Украина е заинтересирана казнувањето на воените злосторници во рамките на меѓународното право пред меѓународен суд. Во овој контекст, приоритет број еден за Украина и Централната разузнавачка агенција е навистина да го доведат Путин до Хаг на судење пред овој суд“, заклучи тој, пренесе Индекс.хр.

„WhatsApp“ тестира интересна опција за „Android“

„WhatsApp“ е во фаза на тестирање на функцијата за споделување екран, која црпи инспирација од платформите „Zoom“ и „Microsoft Teams“.

Според веб-страницата „WABetaInfo“, функцијата ја снима и прикажува содржината на екранот на корисникот што се споделува со лицето на другиот крај на видеоповикот.

Оваа опција се прикажува како нова икона на телефонот со стрелка која покажува настрана од уредот. По притискање на новото копче, се појавува порака со која го прашува корисникот дали сака да започне да снима или прикажува содржина на „WhatsApp“.

Пораката е придружена со известување дека „WhatsApp“ ќе има пристап до која било лозинка, фотографија или детали за плаќање прикажани на овој начин. Ако корисникот се согласува со ова, тој може да кликнете на „ Start now “. Споделувањето екран може да се прекине во секое време.

Споделувањето екран моментално е достапно само за избрани тестери на „Android“, но би требало да стане достапно за повеќе корисници во наредните недели.

притисни ентер