Се прават и напори за реактивирање на Блок – 3 кој претходно бил искчучен, поради намалените потреби на ЕВН Хоум, додека пак Блок – 1 е во фаза на ремонт. Од ЕСМ уверуваат дека граѓаните нема да останат без струја.
-По увидот на екипите од МВР, вчера започна санацијата на ормарот за електронско управување на Блок – 2. Откако ќе заврши тој процес Блок – 2 ќе биде синхронизиран со електричната мрежа во најкус можен рок. Во меѓувреме снабдувањето со електрична енергија во државата е целосно обезбедено, преку зголемено производство од хидроелектраните, како и преку купопродажба од МЕМО. – Велат од ЕСМ.
Според извори од полицијата за Канал 5, увидот е завршен, но истрагата е се уште во тек и се вршат разговори. Доколку има основ, ќе се поднесе и кривична пријава до обвинителството. Сомнежите на ЕСМ за можна саботажа на РЕК Битола ги дели и премиерот Мицкоски, но ќе чека истрагата да го расветли случајот.. Што се однесува до работата само на еден Блок, посочи дека бил доволен за потребите на пазарот..
-Она што е важно е дека навремено снабдување со електрична енергија ќе добијат сите корисници, она што е важно дека АД ЕСМ, Владата, не побараа зголемување на електричната енергија од први јули, како што тоа го правеше многу пати минатата Влада, така да продолжуваме да го поправаме сето она што е уништено, распаднато, девестатирано го затекнавме од претходната Влада.
Инаку, поради неработењето на РЕК Битола, согласно информациите, во текот на вчерашниот ден преку МЕМО, ЕСМ купило 1910 МВЧ електрична енергија. Продадени се 116 МВЧ по просечна цена од 159 евра за МВЧ, а набавени се 1794 МВЧ, по просечна цена 54 евра за МВЧ.