ВМРО-ДПМНЕ: Нашата визија е Охрид да стане функционално, ефикасно и модерно место за живеење

Проекти за сите во Охрид - функционално, ефикасно и модерно место за живеење во секој еден негов дел.

Нашата визија е Охрид да стане функционално, ефикасно и модерно место за живеење во секој еден негов дел. За таа цел гарантираме проекти,

Во населбите Билјанини Извори, Даме Груев, Горна Влашка маала и Железничка:

Изградба на детски игралишта.

Во населбите Видобишта, Бараки и во Илинден:

Изградба на ново мултифункционално спортско игралиште; Промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „Ристо Чадо” и „Андреја Јованоски”.

Во населба 15 Корпус:

Поставување на забавувачи на брзина на улица „Кленоец“.

Во населбите Далјан, Воска и Лескајца:

Реконструкција на ПОУ „Свети Климент Охридски” и партерно уредување, Изградба и реконструкција на современи детски игралишта, Реконструкција на пешачка патека Лабино-Далјан, Партерно уредување на речното корито на река Грашница.

Во Подмоље:

Изградба и реконструкција на канализационен систем, Поставување автобуски постојки.

Во Рача:

Уредување на корито од реката што поминува низ Рача, Асфалтирање на главни и споредни улици и изградба на тротоари.

Во Коњско:

Изградба на рекреативна патека, Поставување автобуски постојки.

Во Елшани:

Изградба и реконструкција на детско игралиште, Изградба на пешачка патека.

Во Пештани:

Доизградба на кејот на брегот на езерото, Реконструкција на отвореното спортско игралиште во рамки на ОУ „Свети Наум Охридски“.

Во Трпејца:

Реконструкција на ПОУ „Свети Наум Охридски”, Изградба и реконструкција на канализационен систем.

Во Љубаништа:

Изведба на пешачка патека од Љубаништа до Автокамп Љубаништа, Санирање на Домот.

Во Вапила:

Санација на металната ограда на мостот, Поставување на водоводна мрежа.

Во Ливоишта:

Чистење и уредување на речното корито, Изведба на резервоар за питка вода и целосно одделување на водоводниот систем од Вапила.

Во Куратица:

Изградба на нов водовод, Асфалтирање на патот до црквата Света Богородица, Тампонирање на патот од Куратица до Злести.

И ова не се сите проекти, туку само дел од програмата „За Охрид Гарантираме“.

Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!

7 за проекти во цел Охрид!

7 за Д-р Кирил Пецаков и ново советничко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија“.

Билјана Тодева-Стојановска, кандидат за член на Советот на Општина Охрид на листата од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија, од коалициониот партнер Социјалистичка партија на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Убиена жена во Пеќ, втор случај на фемицид во Косово за пет дена

Женско лице е убиено утрово во градот Пеќ во Косово, а осомничен за злосторот е нејзиниот сопруг, кој, како што јавија медиумите, ѝ се предал на полицијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Случајот за медиумите го потврди портпаролот на Основното обвинителство во Пеќ, Шкодран Никчи, кој информира дека убиството се случило со огнено оружје. Осомничениот е уапсен, а на местото на настанот пристигнале соодветни екипи.

- Во Пеќ се случи убиство, при што се сомнева дека сопругот ѝ го одзел животот на сопругата во стан во центарот на градот. Во моментов на местото на настанот се главниот обвинител, обвинител и сите релевантни екипи. Осомничениот е уапсен, изјави Никчи.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил денеска во 8 часот и 15 минути.

- Денеска околу 08:15 часот полицијата е известена дека на улицата „Бил Клинтон“ во Пеќ се случил инцидент, полицијата веднаш излегла на местото на настанот, како и лекарска екипа, која констатирала смрт кај жртвата (женска ), осомничениот во овој случај е уапсен и се наоѓа во просториите на Полициската станица во Пеќ“, се наведува во соопштението на портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, Дритон Ругова.

Според медиумите, се работи за брачна двојка на околу 45-годишна возраст кои заеднички имаат три деца. Мотивите за убиството се уште не се познати.

Ова е втор случај на фемицид за неколку дена на Косово.

Во петокот (12 април) 21-годишна жена беше застрелана во Урошевац во Центарот за социјална работа од страна на поранешниот сопруг. Притоа беше ранет и 15-годишниот брат на жртвата.

Медиумите известуваат дека и двајцата сторители на убиствата веќе биле пријавувани во неколку наврати за семејно насилство.

Вчера во Приштина се одрза протест на невладини организации со барање до институциите да преземат мерки за заштита на девојките и жените.

Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“

Компанијата „Блек шарк“ (Black Shark) го објави својот нов технолошки производ - „паметен прстен“ наречен „Блек шарк ринг“.

Инаку „Блек шарк“ како гејмерска подружница на „Шјаоми“, е во завршна фаза на развојот на новиот паметен уред којшто го најави со објавување неколку видеа на својот Веибо-профил. „Блек шарк ринг“ е претставен во сребрена, црна и црвена боја, а неговата дебелина е 2,2 мм. Тенка црна линија минува низ средишниот дел на прстенот и, во еден дел се проширува.

Според првичните податоци, прстенот има „Смарт тач“ технологија, а ќе може да ги следи здравствените параметри на корисникот - отчукувањата на срцето, заситеноста на крвта со кислород, или температурата на човековото тело.

Кога почнува продажбата и колку ќе чини прстенот - сѐ уште не се знае. Колку долго ќе трае батеријата на прстенот - не е познато, но неофицијалните податоци говорат дека неговото куќиште би обезбедувало работа до 180 дена.

Обилниот дожд предизвика поплави на Арапски Полуостров, 18 лица загинаа во Оман

Арапскиот Полуостров е погоден од поплави предизвикани од обилен дожд. Во надојдената вода во Оман  загинаа најмалку 18 луѓе, а се трага по исчезнатите.

Обилниот дожд предизвика поплави и во главниот град на Обединети Арапски Емирати. Поради силниот ветер нарушен е и авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром во Дубаи.

Пред невремето во ОАЕ беа затворени училиштата, а државните службеници работат од дома.

Дождот не е вообичаена појава на Арапскиот Полуостров, па голем број улици немаат дренажа. Властите со цистерни ја испумпуваат водата од улиците и автопатиштата.

Во Дубаи наврнале повеќе од 30 милиметри дожд, а во текот на денот се очекуваат дури 128 милиметри.

Дожд врнеше и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија.

притисни ентер