ВМРО-ДПМНЕ:Наместо армијата да обезбедува болници,поважно е болниците да имаат болнички кревети

Освен гол популизам нема конкретни мерки од кризната состојба. Заев нејзе ја злоупотребува за гол популизам, наместо за конкретни мерки.

Од првиот ден кризна состојба единствено што дознавме дека координаторот Стојанче Ангелов бара совети по ФБ, а армијата ќе се користи за обезбедување на болници.

Наместо обезбедување на болници поважно е болниците да имаат болнички кревети кои во моментот ги немаат. Пациенти во болниците спијат на под на минусни температури, за да се дојде до слободен кревет се фаќаат врски што само го опишува хаосот кој постои во здравството.

Од друга страна државното здравство крахира, а џеповите на приватните болници се полнат додека на народот се празнат.

Затоа наместо замајување на јавноста, кризната состојба да престане да се злоупотребува и нека се донесат суштински мерки. Филипче целата работа ја сваќа несериозно и затоа мора да си поднесе оставка.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Двајт Хауард: Бен Симонс е младиот Леброн Џејмс

Популарниот Супермен новиот центар на НБА лигашот Филаделфија Двајт Хауард упати пофални зборови за својот млад соиграч Австралиецот Бен Симонс.

Бен е извонреден млад плејмејкер, поточно Point Forward",кошаркар кој некогаш студираше на престижниот ЛСУ Универзитет.

Неговите играчки квалитети никогаш не биле спорни но сега неговиот нов соиграч центарот Двајт Хауард го спореди со никој друг туку со големиот Леброн Џејмс.

„Бен Симонс е младиот Леброн Џејмс. Тој може да биде еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.Обожувам да го гледам додека игра, сакам колку е несебичен и колку може да биде лош за другите тимови. Тој се уште се развива и тоа луѓето лесно го забораваат, изјавил Двајт Хауард.

Популарниот Супермен неодамна стана нов член на Филаделфија со порака дека само Док Риверс вистински сакал да го ангажира.

Српската влада ја повлече одлуката за повлекување на црногорскиот амбасадор од Белград

Српската влада, по вечерашниот состанок кај претседателот Александар Вучиќ, се предомисли и ја повлече одлуката за протерување на црногоскиот амбасадор во Белград, Тарзан Милошевиќ.

Премиерката Ана Брнабиќ, која заедно со министерот за надворешни работи никола селаковиќ, беа кај претседателот, изјави дека таа заедно со владата и целата србија, комплетно се согласуваат со изјавата на амбасадорот Владимир Божовиќ.

Црна гора го протера српскиот амбасадор Божовиќ, поради неговите изјава дека одлуката на подгоричкото собрание од 1918 година, за припојување на земјата кон кралството на СХС, била ослободување на Црна Гора и ја одразила слободната воља на црногорскиот народ.

Фото: Шерон Стоун со чудни модринки по нозете

Холивудската актерка Шерон Стоун отсекогаш го привлекувала вниманието на јавноста секако со својот беспрекорен изглед и стајлинг.

Но, сега 62 годишната ѕвезда ги изненади фановите со чудна фотка. Стоун уште еднаш покажа дека на социјалните мрежи воопшто не им робува на трендовите, да се објават фотографии на кој изгледате совршено, актерката редовно објавува фотографии на кои е без шминка и е во опуштено издание.

И во седмата деценија од животот Шерон изгледа одлично, сепак сега фановите се изненадени од нозете на атерката , тие на сликата излгедаат полни со модрици и рани. Никој не знае зошто актерката има повреди на нозете.

Без разлика на се Шерон за фотката доби илјадници лајкови и одлични коментари.

-Мојот пријател и брилијантен стилист ми го испрати ова денес. Не само што сум восхитена, туку сим и благодарна што и со 62 години и понатаму се занимавам со моделинг. Ви благодарам на сите што годинава ме ангажиравте, истакна Шерон Стоун во својата последна објава.

притисни ентер