ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните не можат да утврдат дали има мајмунски сипаници кај едно суспектно лице

Во секој сегмент од државата се случува распад на ситемот. Последен случај за тоа е во здравството.

Во Македонија институциите 4 дена не можат да утврдат дали има или нема мајмунски сипаници, заразна болест која зема силен замав во цела Европа.

Едно лице кое што е суспектно им избега од болница, одбивајќи да се тестира и сега се обидуваат да стапат во контакт со него. Оттука логично се поставува прашањето дали ова лице не е опасност по здравјето и животите на другите луѓе? Дали ова лице може да ја прошири болеста и на тој начин работите да излезат од контрола?

Лицето кое е суспектно и кое е можен заболен со мајмунски сипаници треба да биде под здравствен надзор, а тоа треба да се овозможи преку ангажирање на сите надлежни институции. Неспособноста и неодговорноста на институциите може да загрозат животи и здравје. Недозволиво е за сериозна здравствена закана надлежните да креваат раменици и да дозволат суспектни или заболени лица да се шетаат слободно и да загрозуваат други. Свесни ли се дека на тој начин може да предизвикаат епидемија, па наместо да се спречи ќе треба да се лечи, ккао што вели народот.

Ова е скандалозно. За ваквата епска неспособност и неажурност треба некој да понесе одговорност.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Легендарниот Елтон Џон призна дека е сосема слеп- не може да се движи без помош

Легендарниот музичар Елтон Џон, на 77-годишна возраст, откри дека го изгубил видот откако се борел со тешка инфекција додека им се обраќал на толпата на хуманитарната проекција на „Ѓаволот носи Прада: Мјузикл“.

- Како што некои од вас знаат, имав проблеми и сега го изгубив видот. Не можев да го гледам настапот, но уживав додека го слушав – им рекол Џон на насобраните, објави Пејџ Сикс.

Тој му се заблагодарил на својот сопруг за поддршката.

- Мојот сопруг беше мојата карпа на поддршка, бидејќи не успеав да дојдам на многу проби бидејќи, како што знаете, го изгубив видот. Да, тешко ми е да ги гледам, но ги сакам. И вечерва звучевме одлично. Ви благодариме што дојдовте! - објави поп-музичарот на својот Тик - Ток.

Пејачот претходно откри на почетокот на септември дека имал „ограничен вид само на едното око“ откако добил „тешка инфекција на очите“ за време на летото.

- Се лекувам, но тоа е исклучително бавен процес и ќе помине извесно време пред да се врати видот на оштетеното око - напиша тогаш Џон во изјавата.

Тој понатаму „се осврна“ на својата состојба во интервју со Робин Робертс на „Добро утро Америка“ минатата недела.

- За жал, во јули го изгубив видот на десното око бидејќи имав инфекција на југот на Франција и не гледам четири месеци. Ниту моето лево око не е најдобро, па има надеж и охрабрување дека сѐ ќе биде во ред, но некако сум заглавен во моментов... - призна тогаш Сер Елтон Џон.

Драма среде меч: Тенисер падна на теренот, веднаш мораше на операција на мозокот (ВИДЕО)

Турскиот тенисер Алтуг Челикбилек заврши во болница откако колабираше за време на неговото полуфинале на ИТФ турнирот во Монастир, Тунис.

Натпреварот против Јаник Ерел беше прекинат по само еден гем, откако 451-от играч на светот падна на теренот, а подоцна се покажало дека има крварење во мозокот.

Италијанскиот „Коријере дело спорт“ пишува дека моментално се оценува неговиот транспорт во Турција на операција, додека медиумите во Турција пишуваат дека тој бил успешно опериран и дека допрва ќе дојде болничкиот авион да го земе.

Турската тениска федерација потврди дека Челикбилек е внимателно следен по алармантниот инцидент во Монастир и дека на семејството ќе му се даде сета потребна поддршка.

Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска навести за масовни помилувања за обвинетите во врска со немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година, откако сегашниот претседател Џо Бајден го помилува својот син Хантер.

„Дали помилувањето што Џо го даде на Хантер ги вклучува и заложниците Ј-6, кои се затворени со години? Таква злоупотреба и погрешна правда“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут сошл“.

Трамп во кампањата спомна помилување за повеќе од 1.500 обвинети кои сè уште се соочуваат со судење или веќе се осудени за упадот во Капитол додека Конгресот гласаше за потврда на изборната победа на Бајден во 2020 година.

Транзицискиот тим на Трамп претходно издаде соопштение во кое остро го критикува Министерството за правда, истовремено ветувајќи дека ќе ја промени федералната агенција.

„Неуспешниот лов на вештерки против претседателот Трамп покажа дека Министерството за правда под контрола на демократите и другите радикални обвинители се виновни за употреба на правосудниот систем како оружје“, наведе портпаролот на Трамп, Стивен Чанг во соопштението.

Според него, правосудниот систем мора да се поправи и да се врати правдата за сите Американци, а „токму тоа ќе го направи Трамп кога ќе се врати во Белата куќа со огромен мандат од американскиот народ“.

Хантер (54) сега избегна казна откако требаше да биде осуден во одделни федерални случаи во врска со оружје и затајување данок подоцна овој месец.

притисни ентер