ВМРО-ДПМНЕ: На 117 годишнината од смртта на Гоце Делчев, Заев го продаде македонскиот јазик и корени. Ја деградираше државата и нацијата - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: На 117 годишнината од смртта на Гоце Делчев, Заев го продаде македонскиот јазик и корени. Ја деградираше државата и нацијата

„Бројот на заразени се намалува, затоа што се тестираат се помалку луѓе.

ВМРО-ДПМНЕ: На 117 годишнината од смртта на Гоце Делчев, Заев го продаде македонскиот јазик и корени. Ја деградираше државата и нацијата

Факти кои го одбележаа денот:

1. На 117 годишнината од смртта на Гоце Делчев, Заев го продаде македонскиот јазик и корени. Ја деградираше државата и нацијата.

2. СДСМ сака да го ублажи поразот и по цена цела нација да ја зарази со корона.

3. Додека медицинските лица немаат заштитна опрема и дезинфициенси, владата на СДСМ набавува сортни вини, бурбун и виски.

4. Бројот на заразени се намалува, затоа што се тестираат се помалку луѓе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Гаши се сретна со претседателот на Азербејџан, Алиев:Заедничка е заложбата за силно партнерство

-Заедничка е заложбата за силно партнерство, особено во делот на енергетиката

Гаши се сретна со претседателот на Азербејџан, Алиев:Заедничка е заложбата за силно партнерство

Традиционално пријателските односи меѓу двете земји, како и потребата од дополнително продлабочување на меѓусебната соработка биле потенцирани на денешната средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

На состанокот Гаши истакнал дека државата, особено во овој мандат, е посветена на проширување на хоризонтите и на јакнење на партнерства со држави со кои, независно од тоа што не припаѓаат на ист регион, имаат заеднички интерес за соработка и градење мостови на пријателство.

Тој додал дека земјава не отстапува од евроинтегративен пат и покрај предизвиците со кои се соочува, но, како што посочил „сме цврсто решени да ги прошириме нашите партнерства со држави како што е Азербејџан, со која немаме отворени прашања, а имаме заеднички интерес за соработка“.

Претседателот Гаши нагласил дека имаме заедничка заложба за зајакнување на партнерството во областа на снабдување со гас, имајќи ги предвид ресурсите на Азербејџан и за нивната присутност на Балканот и во дел од земјите на Европската Унија.

Претседателот Алиев истакнал дека Азербејџан веќе работи на можностите да се обезбеди долгорочна соработка меѓу двете држави во делот на снабдувањето со гас, при што истакнал дека покрај соработката во енергетскиот сектор, треба да се размислува и за зголемување на трговската размена и соработка во делот на транспортот.

Двајцата соговорници оцениле дека двете земји, покрај на соработката во областа на транспортот, трговијата и економијата, можат да се фокусираат и на соработка во културата и туризмот, бидејќи и двете држави имаат што да понудат, а тоа може да придонесе во зближување на народите.

Гаши, како што соопштија од неговиот кабинет, е во официјална посета на Азербејџан од денеска до 19 јуни, на покана на претседателката на азербејџанското Националното собрание, Сахиба Гафарова, а делегацијата ја сочинуваат пратеникот Петар Марков, кој е и претседател на пратеничката група за соработка со азербејџанскиот Парламент, пратеничката Имрлије Салиу Фетаи, членка на групата, како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Ова е прва официјална билатерална посета на претседателот на Собранието на Азербејџан, што, како што посочуваат од неговиот кабинет, е показател за заедничкиот интерес за унапредување на меѓусебната соработка и градење на партнерски однос меѓу двете држави.

СДСМ:Дебакл на економиските политики на власта: Македонија на дното на Европа!

Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес е претпоследна во Европа по висина на минимална плата, зад нас е само Албанија. Истовремено сме последни по куповна моќ. 

СДСМ:Дебакл на економиските политики на власта: Македонија на дното на Европа!

Ова не се бројки и податоци од некоја црна хроника – ова е нашата реалност со власта на ДПМНЕ. Овие статистики се потрда за реалноста во која платата не им стигнува на граѓаните ниту до 10-ти во месецот.

Реалност во која граѓаните мора да кратат и штедат на се додека функционерите на ДПМНЕ се луксузираат, си ги покачуваат платите и продаваат приказни дека сме четврти во Европа.

Почитувани граѓани, ова веќе не е само економска криза, ова свесно и намерно понижување на достоинството на секој граѓанин на Македонија.

Евростат не лаже. Но Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ лаже – лаже кога вели дека „се грижи“, лаже кога зборува дека сме четврта најјака економија во Европа, лаже кога ве убедува дека добро живеете. Сите економски параметри укажуваат на драматично влошување на квалитетот на животот. Инфлацијата оди нагоре, цените повторно се без контрола, платите стагнираат. Во Макеоднија моментално добро живеат само функционерите од власта.

Дуото Трајко Славевски и Христијан Мицкоски ова го прават намерно и осмислено. Целта е јасна, да се држат граѓантие во неизвесност, да се држат платите на минимум додека тие ги спроведуваат своите криминални проекти и задолжувања. Ниту ги интересира состојбата во која живеат луѓето, ниту сакаат да помогнат реално нешто да се смени, ги интересираат само нивните огромни бизнис зделки.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не се исти. Што правеше СДСМ? Го зголемивме минималецот од 9.000 на над 20.000 денари. Донесовме закон за автоматско усогласување на платите со трошоците за живот за да не може никој политички да ги уценува граѓаните за растот на платите туку да им следува со закон.

Ги зголемивме платите во приватниот сектор. Инвестиравме 2,6 милијарди евра во економија, помош за граѓаните и стабилизација на струјата.

А што прави ВМРО-ДПМНЕ? Ги одби сите предлози за покачување плати. Ги блокираше мерките за поевтини основни производи. Не вложи ниту денар во поддршка за граѓаните во криза. Си гледа само за себе – за привилегираните бизнис партнери, но не и за народот.

Христијан Мицкоски и Трајко Славески ќе останат запаметени не како реформатори, туку како луѓе што ја згазија економската надеж на оваа земја. Како политичари што ја заборавија работничката рака која го движи оваа држава.

Време е за одговорност. Време е за гласна борба за повисоки плати, за фер услови, за економија во функција на граѓаните, не за бизнис партнерите на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ нема да молчи. Ќе зборуваме секој ден, за секој човек што живее тешко и заслужува повеќе. Затоа што докажавме со дела што е економски патриотизам и како секој граѓанин е важен. Покажавме дека сме различни и дека државата може да има власт која се грижи за граѓаните а не за сопствените интереси.

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Ѓорѓиевски: „Покрсти“ ќе биде новата омилена туристичка дестинација на Скопје

Општина Кисела Вода интензивно работи на изградбата на новото рекреативно и туристичко место – Покрсти, кое наскоро се очекува да прерасне во омилена дестинација за љубителите на природата и рекреацијата од цело Скопје, информираат од Општината.

Ѓорѓиевски: „Покрсти“ ќе биде новата омилена туристичка дестинација на Скопје

Како што се наведува во соопштението, лоцирано е во зелена околина, со чист планински воздух и поглед над цело Драчево и околината.

-Веќе е изградена асфалтирана рекреативна патека, а во тек се активностите за уредување на плоштад, велосипедски патеки и поставување на урбана опрема – клупи, корпи за отпадоци и други содржини кои ќе овозможат пријатен престој за сите посетители. Локацијата има и традиционално значење, бидејќи токму по патеката „Покрсти“ секоја година се движат стотици верници на вториот ден по Велигден. Со реконструкцијата, патеката која се протега во должина од над осум километри ќе стане уреден простор за пешачење и велосипедизам, со што ќе се подигне и нејзината функционалност преку целата година, стои во соопштението.

Овој проект е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за развој на спортско-рекреативни капацитети, заштита на животната средина и поттикнување на домашниот туризам.

-Големите дела се остваруваат со упорност, посветеност и многу љубов. Покрсти е место со духовно значење, со природна убавина и огромен потенцијал. Сакаме да го вратиме сјајот на оваа локација и да го направиме достапно и пријатно за сите – за спортисти, семејства, туристи, рекреативци. Верувам дека Покрсти ќе стане вистинска атракција за нашата општина и за целиот град, изјавил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

притисни ентер