ВМРО – ДПМНЕ : Љупчо Николовски се заразил од вирусот Заев, лаже дека СДСМ гради 260 километри автопат кои никој не ги гледа

Очигледно Љупчо Николовски е заразен од вирусот Заев, се наведува во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ на изјавата на генералниот секретар на СДСМ.  .

Покажува симптоми на безочно лажење. Вели дека СДСМ ГРАДИ 260 км автопат, а никој нема видено ниту еден километар автопат проектиран, со обезбедена финансиска конструкција и изграден од страна на СДСМ во овие три години власт. Дури и проектите кои беа отпочнати од време на претходната влада, Заев, Љупчо Николовски и СДСМ од петни жили се обидуваат да ги прикажат како свои, само затоа што нацртале бели линии или затоа што одиграле чочек при отворањето.

Срам и дно од власт се. Крајно неспособни и криминогени.

Тие знаат дека граѓаните ќе ја дадат поддршката на Обновата која доаѓа, затоа што во обновата јасно се предвидени инфраструктурни проекти кои народот знае дека ќе се реализираат. Обновата предвидува нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола и експресен пат до Меџитлија, но и изградбата на автопатот Кичево-Охрид, довршување на експресните патишта Градско-Прилеп, експресниот пат Штип-Кочани и Штип-Радовиш, но и реконструкција и проширување на најмалку 1000 километри магистрални, регионални и локални патишта.

СДСМ и Љупчо Николовски во 2016 година ветуваа нови 600 километри автопат и излажаа. Ништо не направија , а сега ги препакуваат и надградуваат истите лаги. Но народот не им верува. Народот виде дека нив интересот на граѓаните не им е приоритет.

СДСМ, Љупчо Николовски и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер

Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс.

Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА.

Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер.

Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел.

Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар минатата година. Пред пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни западни сојузници како Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS. Тие, исто така, започнаа поблиски врски со Русија.

Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер. /МИА

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

притисни ентер