ВМРО-ДПМНЕ: Колку земал Ковачевски како десетгодишен директор во Телеком?

Ако директорот на Телеком Љушев зема плата од над 700 илјади денари месечно, колку земал Ковачевски како десетгодишен директор во Телеком?

Функционерите на власта, па и Ковачевски се паразити кои ги цицаат парите на граѓаните.

Додека граѓаните и со две минимални плати не можат да го прехранат своето семејство, луѓето на Ковачевски земаат енормни плати без притоа никој да не знае и што работат.

Еден од паразитите на власта е и Фестим Халили, пак, од позиција директор на ФИТР зема 1.000 евра месечно и скоро 50 илјади за мандат, за нешто за кое граѓаните немаат апсолутно никаква корист.

Уште еден пример за неразумна плата е и Миѓен Селмани член на Управен одбор и директор во М-НАВ кој зема 3000 евра месечно или 144 илјади за мандат.

Тука е и Кире Наумов од СДС, директор на Македонска банка за обнова и развој, е уште еден во низата функционери дел од аферата Паразити. Наумов, кој беше допопнителен заменик министер за финансии на СДС, денес месечно зема над 2.500 евра плата, за една година тој наплаќа над 30.000 евра, а за еден мандат дури 120.000 евра. Значи додека владата им зема оброк на студентите, Наумов заработува на грбот на државата 2.500 евра секој месец.

Додека пак директорот на АЕК, Јетон Акику, зема плата од 132.000 денари, поточно над 2.000 евра месечно или за една година околу 30.000 евра.

Уште еден во низата функционери со високи плати, е и Славко Пројковски, финансиски директор во Телеком, каде сопственост има и државата, е со плата од над 6.000 евра месечно. Тој, за една година зема 72.000 евра, а за еден мандат од 4 години дури 288.000 евра.

Тоа е исто, како директорот на Телеком Љушев, кој за само еден месец зема 11.500 евра, тоа за една година се над 138.000 евра, додека за еден четири годишен мандат над 552.000 евра.

Но исто така и Ковачевски го граба народот. Имено, соларниот картел почнува со доаѓањето на СДС на власт, од тогаш до денес бизнисот е тежок 26 милиони евра.

Дезертерот Ковачевски ја основа „Пиксел Груп“ 5 месеци по доаѓањето на СДС на власт.

„Пиксел Груп“ е централната фирма во аферата „Броило“, и таа сега е содружник со бугарска фирма, со која заедно градат фабрика во Тетово од 54 милиони евра.

„Пиксел Груп“, основана од Ковачевски добивала и државна помош, и тоа во време кога тој е и заменик министер, но и мандатар за состав на влада.

Функционерите на СДС наместо да работат за граѓаните, тие се грижат колку повеќе да грабнат пари и да склучат договори во четири очи.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Сенатот го потврди Роберт Кенеди Помладиот за министер за здравство

Потврдата од Сенатот му го отвора патот да положи заклетва на позиција каде што ќе надгледува неколку големи медицински агенции, вклучително и Управата за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести.

Роберт Ф. Кенеди Помладиот, критичарот на вакцини, кој го поддржа претседателот Доналд Трамп, откако се откажа од сопствената претседателска кандидатура, беше потврден од американскиот Сенат за министер за здравство и човечки услуги и покрај противењето на медицинскиот естаблишмент и членовите на Конгресот.

Роберт Ф. Кенеди (71) беше потврден со 52 наспроти 48 гласови, а Мич Меконел беше единствениот републикански сенатор кој им се придружи на 47-те демократи кои гласаа против Кенеди, кој сепак вети дека ќе ги заштити постоечките програми за вакцинација во обид да ги обезбеди гласовите на неопределените пратеници.

Потврдата од Сенатот му го отвора патот да положи заклетва на позиција каде што ќе надгледува неколку големи медицински агенции, вклучително и Управата за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести.

-Откако Кенеди ќе положи заклетва подоцна денеска, Доналд Трамп ќе потпише извршна наредба за формирање на комисијата МАХА, именувана по движењето „Направи ја Америка повторно здрава“ на Кенеди, и ќе го упати новиот министер да ја „истражи оваа хронична криза што ја зафати нашата земја“, рече портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит.

Кенеди, адвокат специјализиран за заштита на животната средина, долго време покренува сомнеж за безбедноста и ефективноста на вакцините кои помагаат во контролата на болестите со децении и спречуваат смрт на милиони луѓе.

Тој сега ќе раководи со Министерство кое управува со повеќе од три трилиони долари наменети за здравствена заштита.

Одделот, исто така, ги надгледува програмите Medicare и Medicaid, кои обезбедуваат здравствено осигурување на над 140 милиони Американци, и Националниот институт за здравство (НИХ).

Кенеди рече дека сака да работи на ставање крај на хроничните болести, да ги прекине врските меѓу вработените во американскиот регулатор за лекови и фармацевтската индустрија и да го отстрани флуорот од американските резерви на вода.

Противниците тврдат дека тој не е погоден за министер за здравство поради неговата истакната улога во движењето против вакцините.

Кенеди рече дека сака да се ослободи од многу вработени во ФДА и НИХ. /МИА

Украина вели дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск

Украина денеска соопшти дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск, територија што Киев има намера да ја користи како договор за пазарење со Москва.

-Имаме своја безбедносна зона на територијата на Руската Федерација ..., која зафаќа околу 500 квадратни километри“, изјави на Фејсбук врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.

Ова тврдење не е независно потврдено./МИА

Трамп: Украина нема да биде исклучена од можните мировни преговори со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина ќе добие место на маса во какви било преговори со Русија за ставање крај на војната.

Во изјавата за новинарите во Белата куќа, американскиот лидер повтори дека воениот конфликт во источноевропската земја мора да заврши. /МИА

притисни ентер