ВМРО-ДПМНЕ: Кој сега ќе го истражува СЈО, одговорност мора да има!

СЈО цели три години функционирало како злосторничко здружение.

Во моментов ја гледаме аферата „Кеш“ од милионски размери проневерени пари помеѓу обвинителите и функционерите на СДСМ од касата и буџетот на СЈО, односно проневерени пари на граѓаните.

Не само што се злоупотребувале овластувањата и законите за рекет и уцени, туку организирано се ограбувал буџетот на институцијата, односно се ограбувале милиони евра на граѓаните.

Без никаква основа и без никакви критериуми стотици илјади евра се делеле секој месец на лица блиски до Зоран Заев и Катица Јанева, односно на лица кои што треба да му прибават било каква корист на Зоран Заев.

Си делеле пари и додатоци за дејствија кои по закон морале да ги преземаат, согласно описот на работно место каде што функционираат лицата.

Нема поголема иронија кога Фатиме Фетаи се обидува да се оправда за стотиците илјади евра, повикувајќи се на патните трошоци кои пратениците во собранието ги земале, а за истите тие патни трошоци, истата таа Фатиме Фетаи отвараше кривична истрага.

Истрага за криминалното разграбување на парите на граѓаните мора да има и таа мора да заврши со изведување пред лицето на правдата на сите оние кои го злоупотребувале буџетот и лично профитирале, а на крај парите на граѓаните мора да бидат вратени во буџетот.

СЈО се користело единствено за рекетирање, уцени, притисоци и испумпување на народните пари.

СЈО е дувло на непотизам и дувло за испумпување на парите на граѓаните.

Замислете, институцијата што требаше да гони висока корупција и криминал, злоупотреба на службена должност и државни пари, го направи истото но во неколку пати поголеми размери. Кој сега ќе ги истражува нив?

Вработените во СЈО и функционерите на СДСМ си делеле меѓу себе милиони евра.

Обвинителите во СЈО земале за 4 години помеѓу 200.000 и 400.000 евра и згора на се и тие пари им биле малку, па продолжија да рекетираат, гледајќи ги целата јавност сите оние случаи на рекетирање.

Замислете, не само што си делеле пари меѓу себе обвинтиелите, тие делеле пари и на други владини функционери. На пример Арафат Ештреф Муареми директорот на финансова полиција, освен редовната плата, од СЈО земал 26,000 евра хонорар за нешто што му е работа по службена должност. За што ги земал овие пари? Дали ова доделување на пари на директорот на финансова полиција од страна на СЈО е по законски пат, и дали е законски? Дали ги земал парите за да изврши дејствија кои му следат согласно работниот опис на функцијата, како директор на финансова полиција?

Малку му биле тие пари, па неговата сопруга Премтиме Муареми исто така земала од СЈО илјадници евра надоместоци, односно земала пари од парите на граѓаните.

Буџетот на државата и граѓаните е оштетен од страна на вработените во СЈО, од страна на СДСМ, преку кој се злоупотребени милионски суми.

Додека граѓаните немаат леб да јадат, додека докторите земаат плата по 400 евра, додека полицајци ни гинат за 500 евра плата, Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски и сите останати обвинители, вработени во СЈО, и сите функционери од СДСМ земале стотици илјади евра само затоа што ги извршувале политичките нарачки на Зоран Заев.

За ова некој мора да одговара и мора да сноси одговорност. Ова е класична злоупотреба на службена должност, класична злоупотреба на јавни финансии и организирано цедење на државниот буџет и буџетот на граѓаните. Ова е класично злосторничко здружување, и за ова мора да одговараат сите оние кои што се офајдиле на овој начин од државниот буџет и од парите на граѓаните.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Карлеуша отвори нов профил на Инстаграм, но и тој е избришан

Карлеуша направи нов профил на Инстаграм, па и тој беше избришан, му се закани на претседателот на Еко гардата: „Ти дадов 24 часа“

Петицијата на иницијатива на групата „Еко Стража“ вроди со плод бидејќи профилот на Инстаграм на мегапопуларната српска пејачка Јелена Карлеуша, кој го следеа околу 2,4 милиони луѓе, беше затворен.

Контроверзната пејачка не ја поднесува лесно оваа одлука за затворање на нејзиниот профил.

На почетокот не беше веднаш јасно дали пејачката сама го избришала профилот или е укинат од платформата Мета, пренесува 24.sata.hr.

Еко Стража испрати соопштение во кое изјавија дека добиле потврда дека профилот навистина е отстранет и дека Карлеуша се обидела да отвори нови профили, но и дека се обидува да преземе некои фан профили за да може да комуницира преку нив. Во меѓувреме таа сепак успеа да отвори нов профил кој го нарече „Новиот профил на Јелена Карлеуша“, од кој потоа испрати заканувачка порака до групата Еко стража.

-Тоа што го направивте не беше само напад врз мене, туку и врз слободата на изразување и ќе ги сносите последиците за тоа. Ви дадов 24 часа да го прекинете ова однесување или лично ќе преземам чекори за да исчезне вашиот профил засекогаш. Не сте свесни со кого си играте. Можеби мислите дека сте моќни зад екранот, но јас имам повеќе ресурси, повеќе поддршка и, верувајте ми, повеќе истрајност отколку што можете да замислите. Со затворањето на мојот профил не ме спречи, ја разбуди лавицата. Ова е твоето последно предупредување. Добро размислете за вашите постапки бидејќи времето ви истекува, 24 часа – му порача Карлеуша на претседателот на Еко гард, Бојан Симишиќ.

Еко Стража ја објави преписката на својот Х профил, а набргу по заканувачката порака новиот профил на Карлеуша беше избришан.

Почнаа ли системските реформи во правосудството, ЕУ интеграции, дел од вечерашните теми

Сотир Костов и Љубиша Николовски, гости во „Само Вистина”

Сотир Костов:

- Овој Обвинител направи нешто ненаправено до сега, обвини двајца колеги без аргументи и ги оцрни и суспендира Хајрулахи, па Цветановски.

- Обвинителството нема резултати, треба промени.

- Кривични пријави за фирми од Струмица се даваат на Обвинители од Струмица. Зошто е така - за да се заташкаат.

Љубиша Николовски:

- Не е страшно да се смени Обвинителот, но назначувањето.

- Полицијата секогаш е иницијатор за на суд да не паѓаат случаите оти остануваат нејасни работите.

- Ако веќе сме се кадисале да следиме чекори и нечие искуство, сме го прифатиле аки-то на Европа, треба да го почитуваме и чекор по чекор да реализираме.

СДСМ ќе избира претседател на 16 март, најавува и пакет решенија за подобар животен стандард

- СДСМ ќе избира претседател на 16 март и ќе понуди пакет решенија за подобар животен стандард, одлучи партискиот Централен одбор (ЦО).

ЦО на седницата што се одржа попладнево избра нов состав на Централната изборна комисија и го усвои Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на партијата. Го одобри и планот за интензивни теренски активности кои ќе почнат овој месец, на средби со членовите и граѓаните ширум земјата. Паралелно, како што информира СДСМ, ќе течат и подготовките за локалните избори оваа година.

-Согласно Статутарните одредби, Централниот одбор донесе Одлука за распишување на директни внатрепартиски избори за избор на Претседател на СДСМ кои ќе се одржат на 16 март 2025 година. СДСМ е единствената партија во земјата во која членството бира претседател на дирекрни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите, наведува СДСМ.

Централниот одбор оценил дека со погрешните политики на актуелната власт животниот стандард на граѓаните се влошува.

-Граѓаните имаат се помалку пари додека платите стагнираат. Власта покажува голема неспособност, нема одговор за покачувањето на цените, за осум месеци не понуди ниту една успешна економска мерка додека во здравството се случува хаос и недостаток на лекови, образованието уназадува и генерално земјата се движи во погрешна насока. СДСМ останува посветена на борбата за подобар животен стандард. Како одговорна партија СДСМ ќе понуди пакет на законски решенија за заштита и подобрување на животниот стандард на граѓаните, информира СДСМ.

притисни ентер