ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закон за формализирање на трговијата и чувањето на криптовалути

Како наместо да станеме земја извозник на дрога и марихуана, да станеме земја којашто ќе апсорбира капацитет и ќе го легализира и ќе ги апсорбира практично сите можности коишто ги нуди трговијата со криптовалутите, а верувајте ми таа не е мала

Високи приходи кои нема да се оданочуваат следните две години, како и огромен прилив во буџетот од пола мирлјада евра, најавува лидерто на вмро-дпмне Мицкоски, доколку се прифати нивниот предлог закон за легализација на тргувањето со криптовалтутите и „Blocкchain“ технологијата.

Како пример ја посочи Германија, во која 40-тина банки веќе имаат палтфрома за чување и трговија на криптовалути и со тоа десетици милијарди евра завршуваат во нивниот буџет..

Со Оваа дејност, која ниту е забранета, но нуту регулирана, според Мицкоски во Македонија се занимваат 10-тина илијарди пред се млади луѓе..

„Како наместо да станеме земја извозник на дрога и марихуана, да станеме земја којашто ќе апсорбира капацитет и ќе го легализира и ќе ги апсорбира практично сите можности коишто ги нуди трговијата со криптовалутите, а верувајте ми таа не е мала. Некаде околу половина милијарда евра можат да бидат тие приходи директно во Буџетот и во македонската економија, доколку започнеме сега и бидеме практично првенци во регионот. За „Blockchain“ технологијата малку се зборува во регионот, а во Европа и во светот и во САД е сериозна економска платформа.“Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО –ДПМНЕ

Како и низ целиот свет, така и македонските граѓани сè повеќе инвестираат во овие електронски пари. Најпопуларен е Биткоинот и основниот начин да се дојде до него е со таканаречено „рударење“ преку посилни компјутерски уреди.

Сепак, целата таа апаратура троши многу електрична енергија и сериозно ја оптоварува мрежата, а често се случува „рударите“ да се служат и со кражба на електрична енергија. Од ЕВН велат дека Откривањето на копачите најчесто е проследено со појава на чести дефекти на местата каде се инсталираат компјутери за таа намена..

Според експертот и инвеститор на криптовалути Дарко Симуновски, во следните десет години ќе се случи целосна експанзија на овој нов светски феномен, бидејќи криптовалутите како што вели се најдоброто оружје против инфлацијата.

Народната банка во повеќе наврати алармира да не се вложува во дигитални валути, укажувајќи на високите ризици, со оглед дека нема централна банка која ја гарантира валутата.. Инаку, Србија е последната земја од регионто која ги легализираше криптовалутите..

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за „државата Палестина да биде прифатена како членка на Обединетите нации“.

Нацрт-резолуцијата претставена од Алжир, која „препорачува на Генералното собрание државата Палестина да биде примена во членството на ОН“, доби 12 гласа „за“, еден против и два воздржани.

За прием на една земја во ОН, мора прво да добие позитивна препорака од Советот за безбедност (најмалку девет од 15 гласови за него, и без вето од која било постојана членка), а потоа да биде одобрена од Генералното собрание на ОН со двотретинско мнозинство.

Во септември 2011 година, претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. И тогаш САД ставија вето.

Во ноември 2012 година, палестинската самоуправа доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестинците го ажурираа своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН на почетокот на април, укажувајќи на израелската офанзива во Газа. /МИА

Премиера на претставата „Хенгинг Араунд“ во МНТ

Во Македонскиот народен театар  вечер од 20 часот премиерно ќе биде изведена  претставата „Хенгинг Араунд“ по текст на Љупчо Јованов, во режија и адаптација на Бојан Трифуновски.

МНТ соопшти дека дејството во претставата се случува во светот на бајките, а местото и времето се ирелевантни. Главните ликови во приказната 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во реалноста, во нивните топли огништа.

-Можеби се Дисмас и Гестас, но пред да ги распнат, можеби некако им избегале на Римјаните и продолжиле да го живеат својот динамичен живот, овојпат празен и лишен од средба со Спасителот. Можеби патем решиле да се смират, да создадат семејство со единствена цел, да умрат во длабока старост почитувани од пријателите и сакани и жалени од најблиските. Дали нивниот карактер, судбина, ги натерала повторно да си ја пробаат среќата и да започнат нова авантура, да влезат во нова приказна..., наведува Македонскиот народен театар.

Во претставата играат Сашко Коцев, Александар Михајловски, Стефан Спасов, Гораст Цветковски, Борче Начев, Ана Стојановска, Софиа Насевска-Трифуновска и Нела Павловска.

притисни ентер