ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе два амандмани на Предлог закон за субвенциониран студентски оброк - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе два амандмани на Предлог закон за субвенциониран студентски оброк

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесе два амандмани на Предлог закон за субвенциониран студентски оброк, предложен од страна на владејачкото мнозинство.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе два амандмани на Предлог закон за субвенциониран студентски оброк

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесе два амандмани на Предлог закон за субвенциониран студентски оброк, предложен од страна на владејачкото мнозинство, соопшти на денешната прес-конференција пратеникот на оваа партија Бојан Стојаноски.

– Првиот амандман е за зголемување на средствата за студентски оброк од 120 денари, како што предлага мнозинството, на 160 денари, додека пак вториот е за продолжување на рокот до крајот на учебната година, наместо до март 2023 година, како што предлага мнозинството, рече Стојаноски, кој воедно е и претседател на Комисијата за финансирање и буџет на која на дневен ред е ставен овој предлог-закон.

Тој посочи дека јавноста и студентите мора да знаат дека овие нивни предлози, пратеници од мнозинството ги одбија во изминативе денови.

– Но, еве уште една можност власта да се вразуми и да ги прифати нашите амандмански интервенции на Предлог-законот за субвенциониран студентски оброк. Доста е од разно-разни лажни работни групи, средби, преговори, договори и преддоговори. Сега е време власта да покаже на дело дали за нив студентите се на врвот на приоритетната листа или пак се наоѓаат на самото дно заедно со останатите групи и категории на граѓани, рече Стојановски.

Опозицискиот пратеник најави „жестока дискусија и аргументирана расправа“ од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „за одбрана на интересите и потребите на студентите“.

– Власта барем денеска, на Меѓународниот ден на студентите, мора да сфати дека студентите се темелот на иднината на државата. Власта барем денеска, мора да покаже дали заложбите и намерите им се искрени и вистински или пак празни и лажни, рече Стојаноски.

БиХ направи чекор кон усогласување на стандардите за интелектуална сопственост со ЕУ

 Европската Унија има воспоставено стандарди за интелектуална сопственост кои го поттикнуваат иновацискиот, креативниот и економскиот развој, а Босна и Херцеговина направи чекор напред кон усогласување со тие стандарди.

БиХ направи чекор кон усогласување на стандардите за интелектуална сопственост со ЕУ

Европската Унија има воспоставено стандарди за интелектуална сопственост кои го поттикнуваат иновацискиот, креативниот и економскиот развој, а Босна и Херцеговина направи чекор напред кон усогласување со тие стандарди, изјави синоќа шефот на делегацијата на ЕУ во БиХ, Луиџи Сорека.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Сорека информира дека Советот на министри на Босна вчера усвоил шест закони за интелектуална сопственост, изготвени со финансиска поддршка од ЕУ.

„И покрај длабоката политичка и уставна криза во Босна, оваа одлука покажува дека законите може да се донесат кога постои политичка волја“, напиша Сорека.

Тој го повика Парламентот на Босна да го поддржи пакетот закони за интелектуална сопственост. „Босна и Херцеговина сè уште не ги исполнила потребните услови за отворање на преговорите за членство, ниту го прифати реформскиот дневен ред што би ѝ овозможил да добие милијарда евра за спроведување на реформите во рамки на Планот за раст. Сега е моментот да се преземат сите чекори во корист на граѓаните“, нагласи Сорека.

Босна и Херцеговина доби кандидатски статус за членство во ЕУ во 2022 година, а во 2024 година официјално ги започна преговорите за пристапување.

Мицкоски: Започна реконструкцијата на старото кино „Партизан“ во Битола

Генерално и министерот и градоначалникот кажаа тоа што е денес цел на нашата работна посета. 

Мицкоски: Започна реконструкцијата на старото кино „Партизан“ во Битола

Денес да ги посетиме сите овие објекти коишто ги споменаа и градоначалникот, еве сме на првиот за којшто зборуваше и министерот. И убеден сум дека сето ова значи додадена вредност и ќе значи додадена вредност во квалитетот на живот на битолчани.

Уште еднаш сакам да му честитам на градоначалникот за посветената работа досега. Се разбира очекувам убедлива победа на локалните избори уште во првиот круг и успешна работа и во иднина. Мнозинство во советот, се разбира, коешто ќе биде додадена вредност во работата на градоначалникот, а не како до сега коешто ќе прави опструкции и ќе ја кочи работата на градоначалникот, по која било цена. За жал, поради тие опструкции и тоа кочење не сме во можност да почнеме уште еден долгоочекуван проект, а тоа е спортската сала. Но, се надевам дека во следниот мандат и тоа ќе го отпочнеме.

Топлификација се завршува, се почнува пречистителна станица, 15-тина милиони во улици, булевари, паркови, училишта, градинки, влезот во Битола, еве и ова што го спомна министерот, овде што е позади нас, старото кино. Така што генерално, кога сè ќе се изанализира и собере повеќе од 100-тина милиони евра, влегуваат сигурно во Битола во периодот што следи.

Да се заблагодарам на администрацијата во Општината што ја следи работата, на советниците што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на пратениците во македонскиот Парламент, колегите во Владата.

Битола е во рамките на нашиот периметар на најголем фокус, така било, и така и ќе остане.

Ал-Наср го отпушти извршниот директор Мајед Ал-Сорур, тој ќе го тужи клубот

Ал-Наср објави отказ за извршниот директор на клубот Мајед Јаман Ал-Сорур.

Ал-Наср го отпушти извршниот директор Мајед Ал-Сорур, тој ќе го тужи клубот

- Добиени се информации од внатрешни и надворешни извори во врска со одредени постапки на извршниот директор, врз основа на кои Управниот одбор одлучи да го суспендира и да спроведе истрага. Ал-Сорур беше официјално известен и целосно запознаен со сите детали. За време на истрагата, извршниот директор ги прекршил своите обврски објавувајќи твит од неговиот личен профил и наштети на угледот на компанијата. По ова, Управниот одбор едногласно одлучи да го раскине договорот со извршниот директор, се вели во соопштението на клубот.

По добиениот отказ, Ал-Сорур најави поднесување тужба против клубот.

-Денес моите услуги беа прекинати на начин што го сметам за непрофесионален, несоодветен и неприфатлив. Затоа, ќе започне правен процес помеѓу мене и управата што го води нашиот клуб, напиша Ал-Сорур.

Ал-Наср заврши на третото место во Премиер лигата на Саудиска Арабија во сезоната 2024/25.

Од 2023 година за Ал-Наср настапува португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо.

притисни ентер