ВМРО-ДПМНЕ: Јовче Ременски треба да биде суспендиран од АНБ

Истрагата за рекет е само фарса. Русковска обвинителството прави се само за да ги прикрие трагите кои водат до главата на октоподот. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Пендаровски :Во НАТО нема снаоѓање, досега реветингот не го поминаа две лица

Повеќе од половина од лицата кои се подложени на реветинг процесот, кој се спроведува согласно НАТО стандардите за сите оние кои имаат допир со НАТО класифицирани информации досега го поминале тестот. 

Процесот се уште трае, на проверки се подложени околу 150 лица од највисоките политички, разузнавачки и одбранбени ешалони. Досега само за двајца има негативни оценки, меѓу нив е и нашиот кандидат за воен претставник во НАТО.

Ова во интерју за МИА го изјави претседателот на државата Стево Пендаровски, кој формално бил првиот кој бил ставен на проверка и пред неколку месеци добил НАТО сертификат за допир со класифицирани информации.

Сите функционери, но и сите вработени чии работни обврски подразбираат работа со НАТО класифицирани информации треба да поседуваат НАТО безбедносен сертификат. Како земја партнер Македонија и порано разменуваше класифицирани информации со НАТО и одреден број функционери и вработени и порано имаа пристап до НАТО сетификати, но само до определен степен на тајност. До пред официјалниот влез сите функционери кои имаа контакт со класифицирани информации беше потребен т.н. национален сертификат за пристап до нив, но, од март лани е неопходен НАТО сертификат за пристап до класифицирани информации.

Четири се степените на тајност на информациите, а највисокиот топ сикрет се очекува да го има само државниот врз – претседателот, премиерот, министерката за одбрана, началникот на Генералштабот.

– До овој момент можам да ви кажам грубо некои бројки, неколку збора околу статистиката затоа што слушам различни шпекулации и најголемиот број од нив не се точни. Делумно затоа што тоа е многу сензитивен процес и вистинските бројки, прецизни, а не па имиња и презимиња веројатно никогаш нема да излезат во јавност бидејќи не треба да излезат во јавност. Меѓутоа, станува збор за проверките што досега се прават за околу 150 лица од највисоките политички, разузнавачки и одбранбени ешалони и досега проверката е завршена за повеќе од половина од таа бројка – позитивно. Значи, повеќе од половина, вели Пендаровски.

Досега се одбиени две барања, очекува дека ќе бидат одбиени и други, но, како што нагласи смета дека таа бројка нема да надмине 15 лица.

– До овој момент имаме само две, вие барате да добиете сертификат, а тоа формално правно е барањето ви е одбиено. Значи, имаме само две негативни барања, две лица се одбиени. Едниот е веќе познат во јавноста, а нашиот кандидат што требаше да биде главен воен претставник во Алијансата во седиштето во НАТО и второто лице сè уште не е познато во јавноста, меѓутоа не би сакал да шпекулирам, не е од сферата на политиката за кој интересот во јавноста е најголем. Меѓутоа, имаме досега многу мал број одбиени луѓе. Само двајца формално до овој момент. Можеби ќе има уште неколку, меѓутоа јас не очекувам дека тие ќе бидат повеќе од дузина, 10-15 максимум, нагласува претседателот во интервјуто за МИА.

Оваа проверка се врши од 27 март, откако Северна Македонија и официјално стана земја-членка и се спроведува по две основи.

– Проверуваат по две основи. Едната е дали имате контакти со тие ги нарекуваат малигни државни, ентитети и поединци, преведено во наш јазик дали имате некакви сознанија за тоа и тоа лице дека евентуално е блиску до некои шпионски канали или комуникации, а втората е висока корупција. И кога ги прашував луѓето од НАТО зошто висока корупција, тоа би требало да биде надвор од оваа организација, која се бави со безбедност и со разузнавање, исто така вели ако е некој склон, тоа не се докази повторувам, дека некој е корумпиран или не е доказ дека некој е шпион на друга држава, меѓутоа ако некој е склон, вели, тој збор го употребуваат, ако некој инклинира кон висока корупција може да биде лесна цел и за шпионажа. Значи, тоа се тие две главни основи, по кои тие ги проверуваат. Нè проверуваат сите нас, нагласува шефот на државата.

Претседателот вели дека оваа проверка не познава партија, во неа не важи – ако некој е од спротивниот политички табор е криминалец, ако е од твоите се снашол. Додава во НАТО нема снаоѓање.

Реветингот го водат домашните органи, кај нас формално тоа го спроведува Дирекција за безбедност на класифицирани информации, а вклучени се сите други агенции, разузнавачки, контраразузнавачки, кои даваат свое мислење.

-Меѓутоа импутот од НАТО, однадвор, значи формално правно ние го водиме целиот процес, секаде било така, меѓутоа импутот од НАТО, бидејќи е огромна организација, во која членуваат најсилните разузнавачки системи, најсилните армии, најмоќните држави, импутот е сериозен, додава тој.

Во процесот се вклучени тројца или четворица неформални советници на НАТО, кои го мониторираат реветингот, слично на набљудувачите на ОБСЕ, кои ги следат судските процеси.

-На крајот наш судија во наша постапка домашна ја носи пресудата, меѓутоа ОБСЕ дава извештај и вели беше во согласност со законите, беше во согласност нели со меѓународни стандарди или не беше. Таква е слична улогата консултативна на луѓето од НАТО, кои велат ова е навистина направено по сите нишани или според сите ваши интерни прописи или не е направено. Затоа е поголема одговорноста и свеста додека го правите тој процес, посочува шефот на државата.

Денеска се избира наследник на Меркел во нејзината партија, ЦДУ

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел денеска избира нов лидер на партијата.

Во трка за тоа место се поранешниот министер за животна средина, Норберт Ретген, поранешниот лидер на парламентарната група на ЦДУ, Фридрих Мерц и сегашниот премиер на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет.

По 16 години „владеење“ од Меркел, одговорноста што ја имаат делегатите при изборот на лидерот на партијата е многу голема.

Исходот од изборите, што ќе се одржат денес дигитално, е целосно отворен, според германските медиуми, кои му даваат мала предност на Мерц.

Пред денешното изборно собрание, водечките фигури на ЦДУ повикаа на единство.

Потпретседателката на партијата, Силвија Бречер, рече дека очекува дека по собранието сите во ЦДУ ќе застанат зад избраниот кандидат и ќе придонесат партијата да биде обединета неколку месеци пред парламентарните избори во Германија.

Пандемијата на корона вирусот ја принуди ЦДУ да одржи изборно собрание во дигитална форма.

Предвидено е прво да одржи говор канцеларката Ангела Меркел. Исто така, поздравни говори ќе одржат претседателот на Европскиот парламент Урсула фон дер Лајен, австрискиот канцелар Себастијан Курц, лидерот на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја, по што кандидатите ќе ја претстават својата програма пред да започнат со изборот на нов лидер на партијата.

Собранието на ЦДУ требало да се одржи во декември, но е одложено поради епидемиолошката состојба.

1.001 делегат се поканети да го дадат својот глас, а на кандидатот му требаат 501 глас за да победи.

Прво, гласањето ќе биде дигитално, а доколку нема јасен победник во првиот круг, двајцата кандидати со најдобар резултат ќе влезат во вториот круг, за што делегатите, од правни причини, ќе треба да гласаат писмено.

Затоа, конечниот резултат ќе се објави дури следниот петок.

Џесика Алба откри како си ги шпионира децата

Холивудската актерка Џесика Алба (39) има полни раце работа поради коронавирусот и затворените училишта - на славната мајка на три деца не и е лесно да ги надгледува 12-годишната Онор Мари, 9-годишниот Хевен Гарнер и тригодишниот Хејс.

Оваа строга мајка има инсталирано камери во сите детски соби преку кои следи како напредува нивното учење.

- Секако дека ги забележувам ако не обрнат внимание на она што наставникот им го кажува! Имам свои шпионски камери преку кои можам да видам дали се фокусирани или се задеваат. Ако случајно се тепаат, можам да ја премотам снимката и да проверам кој кого удрил прв - со гордост откри Алба.

Таа исто така го коментира фактот дека до неодамна нејзините деца немале поим дека таа всушност е мегапопуларна актерка и меѓународна sвезда!

- Се сеќавам кога Онор беше во прво одделение, еден ден се врати дома целата тажна и ме праша: 'Зошто не ми рече дека си славна?'. Таа се чувствуваше изневерена затоа што не знаеше што правам, а една соученичка и донела списание со мене на насловната страница .Не и беше јасно што прави нејзината мајка во весникот - се присетува Џесика низ смеа.

Таа додаде дека и двете ќерки долго време мислеле дека нивната мајка работи во еколошката компанија за козметика The Honest Company, која самата ја основала, а дека нејзиниот син Хејс и онака е мал, па тој дури и не размислува за нејзината работа.

притисни ентер