ВМРО-ДПМНЕ: Јавна тајна е дека Ковачевски е администратор на владата водена од ДУИ

Јавна тајна е дека Димитар Ковачевски е администратор на владата водена од ДУИ, и на тоа место е само затоа што треба да го добие поразот од кој Заев избега, но поразот не му бега на СДСМ, а Заев нема да избега од одговорност.

Димитар Ковачевски вечерва исто така призна и дека тој бил на докторски студии во Црна Гора, додека неговиот татко бил амбасадор во таа земја.

За неговите лаги дека има образование на Харвард, го повикуваме јавно да го покаже алумни бројот, доколку го има. Доколку нема, посетувал само курс.

Пиунот Димитар Ковачевски не покажа никаква разлика во однос на Заев. Истите флоскули и празни ветувања на Заев од пред 5 години, кои не ги реализира цел мандат, сега ги преповторува Ковачевски.

Ковачевски вели дека ќе се бори против криминал и корупција, а го остава Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, тој е министер во чие време од кривична пријава за рекет во РЕК исчезна името на Вице и никој не беше повикан на одговорност, додека е тој министер тони дрога се шверцаа низ државата, а апсеше партнерската ДЕА, наместо МВР. Заради Спасовски сме ј на врвот на листата на корупција во Европа, а на скалата на Транспаренси сме на 111-то место.

Пиунот Ковачевски е само продолжена рака на заевизмот. Со него нема просперитет, само уназадување. Затоа потребни се брзи предвремени парламентарни избори час поскоро, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на наводите на премиерот Димитар Ковачевски.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер