ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ и официјално ги почнаа преговорите

ВМРО-ДПМНЕ и официјално ги започна преговорите за владино коалциирање и со Движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски.

На првата средба, одржана синоќа во протсториите на ЗНАМ се разговрало за стратешките определби, политичките начела и платформата за соработка, без да стане збор за распределба на ресори. Од Движењето ЗНАМ за Канал 5 брифираат дека досега воопшто не изнесле свои барања за министерски или заменик-минситерски места и дека за нив е клучно нивната платформа базирана на достоинствени евроинтеграции, броба против корупцијата, подобар животен стандард и стабилни меѓуетнички односи да биде втемелна во програмата на Владата. Следна средба помѓеу работните групи на ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе има во текот на неделата.

- Во разговорите претставниците на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија инсистираа сите определби, како и дел од програмата за парламентраните избори „Проглас за достоинствена Македонија“ да бидат дел од идната владина програма, се наведува во соопштенито кое доцна синоќа го испратија од ЗНАМ.

Дека преговорите со ЗНАМ течат во позитивна насока, денеска потврдуваат и од ВМРО-ДПМНЕ, без да соопштат било какви детали од разговорите.

„Се уште нема конечен договор, тоа што можам да го споделам е дека разговорите се одвиваат во позитивен дух“, изјави портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Во меѓувреме течат прегвоорите и со Коалцијата ВРЕДИ, но и од таму не откриваат детали, а воздражан за било каков коментар е и престедателот на Алтернатива Африм Гаши, чии име циркулира за спикерското место во Собранието. Од Вреди пак претходно брифираа дека ресорите се веќе распределни и дека ќе добијат шест позиции – вицепемиерско место за добро владеење, секретаријатот за евроинтеграции кој треба да стане министерство и ресорите здравство, економија, социјала и екологија, а во распределбата на коалцискиот колач влегувале и новите ресори кои ВМРО-ДПМНЕ ги вети во изборната програма – за спорт и за енергетика и рударство. За редефинирање на дел од мистерствата за кои се преговара неопходени се измени на Законот за државна управата кои се носат со двотретинско мнозинство во Собранието. Според аналитачрот Петар Арсовски таквото парламентарно мнозинство е веќе извесно, осбоено по вклучувањето на Движењето ЗНАМ кое обезбеди шест пратенички мандати на изборите. Арсовски очекува дека новата Влада ќе биде формирана најдоцна до средината на јуни.

Конститутивната седница е закажа за задутре во 11 часот, а ден претходно ДИК ќе одчучува по поднесениот приговор од Европскоот фронт на ДУИ за избирачкото место во Ларце, каде по прегласувањето останаа со пратеник помалку.

Видео: Унгарската фудбалска федерација се огласи за тешко повредениот репрезентативец

Фудбалскиот сојуз на Унгарија ја објави состојбата на Барнабас Варга, кој се здоби со тешка повреда на натпреварот против Шкотска на ЕУРО 2024.

Варга се повреди при судир со голманот на Шкотска Ангус Ган во 68. минута од натпреварот, а по тој судир Варга остана без свест.

Нему му била укажана помош на неколку минути, по што бил изнесен на носилки, опкружен со пехарници.

„Состојбата на Барнабас Варга е стабилна. Фудбалерот на Ференцварош моментално се наоѓа во болница во Штутгарт. Доколку има некаква вест за неговиот статус, веднаш ќе ве известиме“, соопштија од Унгарската фудбалска федерација.

Унгарија инаку на крајот го доби мечот од 3 коло во групата А и ги задржа шансите за пламсна во следната рунда. Шкотска е победена со голот на Кевин Чобот во 100. минута од натпреварот.

Градоначалникот Ѓорѓиевски на терен со екипите за расчистување на штетите по невремето

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и екипите за расчистување на теренот по големото невреме што го зафати Скопје, а не ја поштеди ни општина Кисела Вода, вечерва активно работат на санација на штетите.

Како што истакна, немало премногу повици за интервенција, но секаде каде што е побарана помош, се реагира веднаш. Ги извести граѓаните дека и тој и екипите стануваат на терен и дека сите кои имаат проблем можат да го пријават на телефонските броеви 071391250 и 070259942.

-Драчево и околината на Кисела Вода денес ги зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од град кои направија штета. Не голема, но доволно за интервенција. За среќа, имавме многу малку повици за поплавени домови и неколку паднати дрвја, каде што веднаш интервениравме!

За жал, не можеме да ги спречиме временските непогоди но можеме да бидеме рака под рака со граѓаните и заедно да го поминеме ова. Да ги санираме штетите и да делуваме таму каде што е најпотребно. Заедно со екипите сме на терен.

Сите служби се на располагање, вклучувајќи ме и мене и ве повикувам сите кои имате било каков проблем и потреба да се јавите на:

071391250 и 070259942-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Христијан Мицкоски - претседател на Владата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ќе ја предводи новата Влада, е роден во Скопје на 29.09.1977 година.

Мицкоски е на чело на ВМРО-ДПМНЕ од декември 2017 година.

Дипломирал, магистрирал и докторирал на Машински факултет во Скопје

Во периодот 2016-2017 година бил генерален директор и претседател на УО на АД Електрани на Македонија, а од 2015 до 2017 бил советник на Претседателот на Владата на Република Македонија за енергетика.

Од 2019 година е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје, а претходно бил вонреден професор, доцент, асистент и помлад асистент. Во 2021 и 2012 година работел во ФОНКО клима како главен и одговорен проектант на термотехнички инсталации.

Има објавено 35 меѓународни публикации и научни трудови, како и десетина домашни, автор е на триесеттина стручни апликации, а учествувал и во неклку меѓународни, развојни и научно-истражувачки проекти.

Добитник е шест меѓународни домашни признанија и награди.

Од компјутерски вештини познава AutoCAD, MATLAB/Simulink, Microsoft Visual C++.

Мајчин јазик му е македонскиот, а англискиот го познава одлично, а италијанскиот добро.

притисни ентер