ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повикаа Пендаровски да каже кој сѐ барал амнестија за Груевски

Потпретседателот на партијата Александар Николоски, тврди дека од сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ никој ништо не барал од Пендаровски.

Пендаровски да каже кои се луѓето и структурите блиски до опозицијата кои барале од него амнестија за Груевски и други функционери или да не ја замајува јавноста, побараа и денеска од ВМРО-ДПМНЕ, откако шефот на државата кажа дека посредници од политички и безбедносни структури блиски до опозицијата во два наврати му предлагале да размисли за помилување на одредени сегашни и поранешни политичари.

Потпретседателот на партијата Александар Николоски, тврди дека од сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ никој ништо не барал од Пендаровски, а неговите тврдења ги оцени како лажни и несериозни.

Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека со изгласувањето на измените на КЗ, власта сака да го амнестира криминалот. За реакциите во јавноста дека опозициските пратеници не ја напуштија салата и со тоа обезбедија кворум за гласање, Николоски категорично тврди дека власта и без нив имала мнозинство, а нивниот глас против јасно го кажува ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Доказ дека немало пазар за измените на кривичниот законик и уставните измени, според Николоски се и послендите изјавите на Ахмети.

Полициска рација на пет локации на косовскиот север по нападот во Бањска

 Косовската полиција изведе утрово рација на пет локации во три општини во северно Косово, во врска со случајот со нападот врз полицијата во Бањска кај Звечане, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за косовските медиуми ја потврди заменик директорот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани.

- Претресот на петте локации е завршен. За други детали подоцна ќе излеземе со соопштение, рече Елшани.

Полицијата упаднала во ресторанот „Греј“, за кој се претпоставува дека е сопственост на Ема Радојичиќ, сопругата на потпретседателот на Српската листа, Милан Радојичиќ, кој е еден од осомничените како водач на групата која го изврши нападот во Бањска на 24 септември.

Косовскиот портал на српски јазик, „Коссев“ јави дека од гаражата на локал се одземени неколку автомобили, од кои два со белградски, а еден без регистерски таблички.

Според тамошните медиуми, во рацете на полицајците биле забележани хартиени кеси чија содржина не е позната.

Ана Стојаноска - член на меѓународното жири на МЕСС во Сараево

Уметничката директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“, Ана Стојаноска, на претстојното 63. издание на Меѓународен фестивал на мали и експериментални сцени во Сараево ќе биде член на жирито на официјалната програма. 

Фестивалот ќе се одржува од утре до 8 октомври во Сараево.

Стојаноска, како што се наведува во соопштението од МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, ќе ги оценува претставите заедно со Марина Катниќ-Бакаршиќ, професорка на Факултетот за сценски уметности во Сараво и Јана Баскау, продуцентка од Германија.

МЕСС ќе биде отворен со претставата „Калигула“ на Националниот академски драмски театар „Иван Франко“ од Украина. Врвот на европскиот театар низ 12 претстави ќе се претстави со дела од Англија, Литванија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. На фестивалот не учествува театарска куќа од Македонија.

Писателката и професор Ана Стојаноска дипломирала на Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Постдипломски студии завршила на театрологија на Факултетот за драмски уметности, каде магистрирала и докторирала. Работела како истражувач и координатор на Институтот за театрологија при ФДУ. Специјализирала од областа на театарската музеологија. Авторка е на бројни романи и драмски дела, стотина студии и огледи објавени во македонски и странски списанија, како и коавтор на неколку театарски монографии. Пишува и театарски критики. Нејзината поезија и проза се објавени во многу македонски и меѓународни зборници. дма/лв/

Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп

Обвинителите предупредувале за однесувањето на осомничениот за убиствата во Ротердам

Шокирани сме од страшниот инцидент. Пукано е на две различни места во градот. Многу луѓе беа сведоци на пукањето, изјави градоначалникот на Ротердам

Портпаролот на холандското обвинителство денеска потврди дека обвинителите и пред инцидентот биле загрижени за однесувањето на човекот кој е осомничен за вчерашното убиство на три лица во Ротердам и дека испратиле предупредувачко писмо до училиштето кое го посетувал.

Во писмото се опишани „психотичното однесување“ на сега осомничениот 32-годишен маж, неговите проблеми со алкохолот и поплаките од соседите за неговиот однос кон животните, пренесуваат британските медиуми.

Тој треба да се појави на суд на 3 октомври и моментално е во притвор под сомнение дека убил 39-годишна жена која живеела во близина на неговиот дом и нејзината 14-годишна ќерка, а потоа и 43-годишна лекарка која предавалa во Универзитетската болница „Еразмус“ во кој присуствувал осомничениот. Мотивот за нападот засега не е познат.

-Шокирани сме од страшниот инцидент. Пукано е на две различни места во градот. Многу луѓе беа сведоци на пукањето, изјави градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб. /МИА

притисни ентер