ВМРО-ДПМНЕ:Граѓаните не се виновни затоа што Филипче ништо не презема за да се намали смртностa

Венко Филипче наместо да работи за намалување на смртноста и бројот на починати лица од Ковид, глуми портпарол на министерството за здравство, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче да каже што преземал тој лично за да се намали бројот на починати лица.

Наместо да се запраша што тој направил за подобро справување со Ковид, тој ги обвинува граѓаните.

Филипче да излезе и да каже зошто го преспа летниот период и не направи ништо во насока на зголемување на болничките капацитети, иако за тоа имаше повеќе од доволно време. Нема изговор, затоа што тој и неговата владата потрошија 1 милијарда евра во како што велат справување со Ковид и последиците од него, каде се тие пари и на што се потрошени?!

Наместо да го подготви медицинскиот кадар со ротационен систем со цел обучување на поголем број на кадар за справување со Ковид Филипче се впушти во политичка кампања.

Филипче знаеше дека доаѓа есенски бран, кој ќе биде многу поголем и поинтензивен од пролетниот бран на Ковид, но не направи ништо за да се подготви системот во насока на справување со истиот.

Власта и Филипче имаа доволно време да се подготват за справување со Ковид кризата, но тоа не го направија, затоа што беа фрлени на поткуп, а здравјето на граѓаните им беше на последно место.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер