ВМРО-ДПМНЕ ги достави листите до ДИК, Груевски носител во четвртата ИЕ

Носител во првата изборна единица на коалицијата е Никола Поповски, во втората Никола Тодоров, а во третата Илија Димовски. Листата во четвртата изборна единица ја предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, Антонио Милошоски во петтата, Влатко Ѓорчев во ИЕ шест.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва до Државната изборна комисија ги достави листите со кандидати за пратеници.

Претходно кандидатските листи во сите седум изборни единици беа утврдени на седница на Централниот комитет.

Носител во првата изборна единица на коалицијата е Никола Поповски, во втората Никола Тодоров, а во третата Илија Димовски.

Листата на коалицијата во четвртата изборна единица ја предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, Антонио Милошоски во петтата, Влатко Ѓорчев во ИЕ шест.

Во врска со одлуката да се соочи директно со Заев, Груевси на Фејсбук напиша:

- Како кандидат за премиер, го очекував во ИЕ1. Не дојде. Во 2014-та го немаше на ниту една листа. Сега ја одбра 4-тата изборна единица. Затоа јас решив да ја предводам изборната единица која тој ја одбра. Освен што цела Македонија ќе треба да се одлучи за премиер помеѓу нас двајцата, граѓаните во 4-ката ќе имаат можност и директно да одберат помеѓу мене и него. Време е, заедно со народот, да го соочам со реалноста и директно да го победам. После се’ што се случи, да го добие одговорот од народот за тоа што и го направи на Македонија

- Листите се составени од лица кои уживаат висока доверба и поддршка во средините каде што живеат и од каде што доаѓаат, изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ по поднесувањето на листите исткнувајќи дека со нив коалицијата ќе освои 63 пратеници на изборите.

Димовски рече дека составиле најголема коалиција од 25 партии, што постоела воопшто во политичка плурална историја на Република Македонија и оти се многу задоволни што листите добиле акламативна поддршка од сите структури на партијата и од сите 25 коалициски партнери.

На новинарско прашање во однос на позиционирањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица, Димовски рече дека граѓаните во таа изборна единица најдиректно ќе одлучат кој треба да ја раководи Република Македонија и кој треба да биде премиер на државата, дали господинот Груевски или господинот Заев.

- После сите напади на политиките што ги водевме, после сите лаги и манипулации цениме дека оваа одлука на ВМРО-ДПМНЕ Груевски да ја води изборната единица четворка е најсоодветна. Досега природно беше во првата изборна единица да се соочуваат лидерите, но господинот Заев е тој кој што избега од соочување, а од денеска мислам нема каде да бега повеќе, изјави Димовски.

Претходно листи со кандидати за пратеници до ДИК доставија опозициската коалиција, предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија, ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Ванковска за посетата на Левица на гробот на Енвер Хоџа

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5 на прашањето за посетата на раководството на Левица на гробот на Енвер Хоџа, рече дека го очекувала ова прашање.

Ванковска децидно рече дека не е е член на Левица, а повика и зошто лидерот на Левица, Апасиев да не го каже тоа лично во емисија.

Водителот и главен уредник на Канал 5, Гоце Михајловски ѝ одговори дека Апасиев 11 пати бил гостин во Само интервју и Само Вистина, се додека не напиша најлоши зборови за Канал 5, што не доликуваат на професор. Додаде и дека од Хоџа не се гордеат ниту Албанците по извршените илјадници егзекуции на свои граѓани , но и на Македонци.

Се отвори огромна дупка среде Рим и „проголта“ два автомобила (ВИДЕО)

Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобила среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.

Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила Дачија и Рено завршиле во дупката.

Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.

Поставен е кордон, а се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.

Не се знае дали има повредени во инцидентот.

притисни ентер