Своето судбоносно „да“ ќе го кажат во Венеција, во присуство на своите најблиски и ѕвезди од А-листата. Според пишувањата на странските медиуми, двојката планира да ја одржи својата венчавка на нивната мега јахта Кору, вредна 500 милиони долари, која е закотвена во венециската лагуна.
Јахтата, една од најголемите со јарбол во светот, може да смести 18 луѓе во девет кабини, но се шпекулира дека ќе се користи само како дел од венчавката, можеби како водно такси или за други веселби.
Иако се појавија гласини дека венчавката ќе биде на брод, пријателите на парот ги негираа тие тврдења.
- Ти ветувам дека свадбата нема да биде на брод.
Поради прописите што ја штитат Венеција, брод со таа големина ќе мора да биде закотвен во областа Арсенале, која не е позната по својата убавина во споредба со другите делови на градот.
- Сите пари на светот не можат да ги променат тие прописи. Нема шанси да се разбудите во Венеција и да не погледнете во Големиот канал“, рекол извор.

Италијанските медиуми објавија дека двата најдобри хотели во градот - Палатата Грити и Аман Венеција - се целосно резервирани од 26-ти до 29-ти јуни. Цените на собите во двата хотела започнуваат од 3.200 долари за ноќ, а цените може да бидат речиси десет пати повисоки, во зависност од апартманот и сезоната.
- Во рамките на подготовките за настанот, Венеција се подготвува за доаѓањето на ВИП личности. Најдобрите луксузни хотели во градот се веќе резервирани, а извештаите сугерираат дека цела флота од водни такси ќе биде достапна за превоз на гости преку каналот. Логистиката укажува на многу ексклузивна и цврсто координирана прослава. Изборот на Венеција е повеќе од романтичен гест - тоа е знак на заедничката историја на парот со градот што често го посетувале за време на нивната врска... Оваа венчавка треба да стане клучен социјален настан во 2025 година, не само за парот, туку и за Венеција - напишаа тие.
Се верува дека Лорен избрала раскошен фустан од дизајнерот Оскар де ла Рента, со помош на главната уредничка на Vogue, Ана Винтур.
Безос ја запроси Лорен во мај 2023 година, на луксузна јахта, по пет години врска, давајќи ѝ дијамантски прстен вреден околу 2,5 милиони долари.