ВМРО-ДПМНЕ: „Електра Солушн“ од фирма за гаќи стана главен столб на власта за испумпување пари

„Електра Солушн“ од фирма за гаќи стана главен столб на власта за испумпување на народни пари.

Молкот на Јавното обвинителство за скандалот околу надзорот на коридорите 8 и 10Д укажува дека е соучесник на власта во криминалните зделки.

Јавноста е сведок како криминалните зделки на Владата на Ковачевски поминуваат неказнето од страна на правосудните органи.

Скандалот околу миленикот на власта „Електра Солушн“ секој ден добива нови размери, а ЈО упорно молчи и не презема ништо.

„Електра Солушн“ од фирма за гаќи стана главен столб на власта за испумпување на народни пари. Од 22 милионскиот тендер ќе зеде 8,3 милиони евра за водење на надзор.

Владата на Ковачевски на јавноста тврдеше дека надзорот ќе го вршат странски експерти, а домашните се само локална помош, и се испостави дека главен играч околу кој се врти целиот тендер е фирма која произведувала гаќи.

А, лиценцата за надзор миленикот на власта т.е. „Електра Солушн“ поднесува 12 дена по распишување на повикот за доставување на понудите, а ја добива пет дена потоа.

Откако „Електра Солушн“ добива лиценца за надзор, добива и грант од ФИТР во вредност од 65.000 евра за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти“.

Нема крај на криминалот на оваа Влада.

Одговорност за овој скандал од епски размери мора да има. Но не само одговорност за функционерите кои го дозволиле ова, туку и правосудните органи кои свесно молчеле и го заштитувале тоа.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

За европските избори во Хрватска пријавени 25 листи

Хрватската Државна изборна комисија (ДИК) доби 25 кандидатски листи за европските избори во Хрватска, што е за осум помалку од 2019 година, јави Хина.

На 9 јуни во Хрватска ќе се одржат избори за Европскиот парламент, а на нив треба да се изберат 12 европратеници со мандат од пет години.

Со предавањето на списокот се означува и официјалниот почеток на изборната кампања, што ќе трае до 7 јуни, кога почнува изборниот молк.

Листата на ХДЗ ја предводи премиерот Андреј Пленковиќ, Божо Петров ќе биде на чело на листата на Мост, Иван Пенава на Татковинското движење ( Домовински покрет), додека листата на коалицијата собрана околу СДП ќе ја предводи Билјана Борзан.

Јунските избори за Европскиот парламент ќе бидат четврти по ред од влезот на Хрватска во Европската унија, при што првата постава на хрватски европратеници избрана во 2013 година имаше мандат од само една година, бидејќи веќе следната година се одржаа редовни европски избори.

Европските избори во Хрватска се втор изборен циклус годинава во земјата, по парламентарните избори одржани на 17 април, а на крајот на годината ќе се одржат и претседателските избори. /МИА

Германија наскоро ќе ја продолжи соработката со УНРВА

УНРВА - главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа - се соочи со голема криза .

Германската влада планира да ја продолжи соработката со Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во Појасот Газа во блиска иднина, соопштија денеска германското Министерство за надворешни работи и Сојузното Министерство за економска соработка и развој.

УНРВА - главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа - се соочи со голема криза откако Израел обвини десетина нејзини вработени дека се вклучени во нападите на 7 октомври во кои загинаа околу 1.200 луѓе.

Неколку вработени беа отпуштени поради обвинувањата. Во деновите и неделите што следеа, 16 земји донатори - вклучувајќи ги и двата најголеми донатори, Соединетите Американски Држави и Германија - го суспендираа или паузираа финансирањето, оставајќи го со финансиска празнина од околу 450 милиони американски долари.

Откако се појавија наводите, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вети сеопфатен преглед.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во светлината на наводите дека вработени на ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври денеска препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Независната група, предводена од поранешната француска министерка за надворешни работи Катрин Колона, беше формирана на почетокот на февруари. /MИА

Фестивалот „Коачела“ казнет со 28.000 долари поради Лана Дел Реј

Популарниот музички фестивал, на којшто настапија светски ѕвезди како Шакира, Доџа Кет и „Ноу даут“, „Коачела“ (Coachella) заврши, но една од изведувачките ги прекрши правилата.

Се работи за американската поп-пејачка Лана Дел Реј, поради која организаторите на фестивалот ќе треба да платат казна од 28.000 долари... Имено, пејачката настапила 13 минути подолго од предвиденото и со тоа го прекршила договорот што организаторите го имаат со Градот Индио, каде што се одржува фестивалот, пишува „Ти-ем-зи“ (TMZ).

На фестивалот, имено, му се наплаќа дневна казна од 20.000 долари за првите пет минути од пречекорувањето на времето и дополнителни 1.000 долари за секоја минута потоа. /МИА

притисни ентер