ВМРО-ДПМНЕ: Економските мерки на Владата на СДСМ се класична изборна измама

Tретиот пакет мерки кои денеска го промовира пуленот на Заев, Коста Петров е класична изборна измама.

СДСМ и натаму ги лаже граѓаните како што лажеше дека просечната плата ќе изнесува 500 евра, дека ќе се изградат 500 километри автопатишта и дека „Фејсбук“ и „Гугл“ само што не инвестирале во Македонија, чекаат на нас само да се промени името на државата.

Граѓаните не ја почувствуваа придобивката ниту од првиот, ниту од вториот пакет мерки на Владата на СДСМ, за третиот пакет мерки нема доволно средства во буџетот, а во предизборен период голем дело од меките согласно законите не се смее да се спроведуваат бидејќи тоа е кривично дело и тежок предизборен поткуп.

Освен евтин ПР Владата не стори ништо за спас на македонската економија, мерките ниту се навремени, ниту до крај реализирани, ниту пак доволно за помош на граѓаните во овие тешки мигови. Македонските граѓани се оставени сами на себе да преживуваат во време кога Македонија се соочува со еден од најголемите предизвици од осамостојувањето до денес.

Казната за лагите и манипулациите, неостварените ветувања доаѓа набрзо.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Во Косово поради коронавирусот повторно воведен полициски час

Косовскиот премиер Авдулах Хоти соопшти дека од денеска ќе почнат да се применуваат новите мерки, донесени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Хоти вчера на прес-конференција објави дека во градовите со голем број заразени лица, меѓу кои се Приштина, Призрен, Урошевац и Вучитрн, ќе биде во сила забраната за движење од 21 часот до 5 часот наутро.

Тој прецизираше дека работата на рестораните во периодот кога е дозволено движење на граѓаните ќе биде ограничена само на услуга на отворено и испорака.

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Солза Грчева и Петар Колев

Опозициските контра резултатите на провладините акнети, но кој ќе ја "свитка" кичмата пред албанскиот блок?

Драги пријатели, полево и подесно ориентирани или неутрални, дали "Глас за Македонија" или "ГДУ" ќе добијат доверба од граѓаните да одиграат клучна улога во составување Влада, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Солза Грчева и Петар Колев.

Опозициските контра резултатите на провладините акнети, но кој ќе ја "свитка" кичмата пред албанскиот блок?

Дали последните "крикови" на ДУИ се премиер албанец?

Беса предизборно се "здружи" со СДСМ, Села од Алијанса се заканува дека ако Заев и Мицкоски создадат македонска, албанците ќе создадат албанска влада. Се "вжештува" ли реториката на нациоанлизам во недостаток на партиска програма?

До кога "сила" наместо "интелект" ќе го движи "кормилото" во државата?

Дали коронавирусот ја замагли европската перспектива на Македонија?

Ќе биде ли 2020-та година на шареноликост, вечерва на местото каде се говори Само Вистина со Солза Грчева и Петар Колев, само на Канал 5 Телевизија.

Oвчар жител на село Дорфулија настрада од гром

 Жител на село Дорфулија, во Општина Лозово, Светиниколско, загинал вчера од удар од гром додека го напасувал стадото овци.

Како што информираат од МВР, несреќата била пријавена синоќа во 20 часот, а се случила на место викано „Дорфулиски ливади", кога 46-годишниот Т.Ш. од село Дорфулија, го удрил гром, додека напасувал стадото при што починал на самото местото.

притисни ентер